ДСУ РЦСОО „Моша Пијаде”-Тетово

ДСУ РЦСОО „Моша Пијаде”-Тетово Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ДСУ РЦСОО „Моша Пијаде”-Тетово, Education, Улица Илинденскa бр. 301, Тетово, Tetovo.

Нашето Државно средно училиште е Регионален центар за стручно образование, посветено на развојот на учениците и подготовка за нивната иднина. Нудиме квалитетно образование, иновативни програми и поддршка за личен и професионален раст.

🇪🇺 Дисеминација на искуствата од Erasmus+ мобилноста во БарселонаВо рамки на акредитираниот Erasmus+ проект за краткороч...
07/09/2026

🇪🇺 Дисеминација на искуствата од Erasmus+ мобилноста во Барселона

Во рамки на акредитираниот Erasmus+ проект за краткорочна мобилност на ученици и кадар, нашето училиште изминатата пролет реализираше мобилност во Барселона, Шпанија.

Во првите училишни денови, учесниците од мобилноста одржаа дисеминација со учениците од помладите паралелки, со цел да им го доближат своето искуство и да ги мотивираат да се пријавуваат на следните повици за мобилности што ќе ги објавува нашето училиште.
👨🏻‍💻Учениците раскажаа за својата практична работа во Барселона, активностите и дружењето во слободното време, но и за предизвикот и искуството да се живее и функционира во една голема европска метропола.

👩🏻‍🏫 И наставниците кои учествуваа во набљудување на работно место ги споделија своите искуства со колегите. Тие зборуваа за начинот на организација на наставата во училиштето што го посетиле во Барселона, за работата со учениците и практиките што ги забележале, правејќи паралела со начинот на функционирање и организација на наставата во нашето училиште.
👉🏻Ваквите дисеминации се можност стекнатото знаење и искуство да продолжат да се пренесуваат и по завршувањето на мобилноста – од учесник на учесник, од колега на колега и од генерација на генерација.

Во рамки на Erasmus+ проектот 2025-1-RS01-KA220-VET-000362128, директорот на нашиот Регионален центар, раководителот за ...
05/09/2026

Во рамки на Erasmus+ проектот 2025-1-RS01-KA220-VET-000362128, директорот на нашиот Регионален центар, раководителот за соработка и вмрежување и координаторите за меѓународни проекти учествуваа на третата работна средба во Брага, Португалија, одржана од 31.08 до 04.09, во домаќинство на Esprominho – Escola Profissional do Minho.

💻 Главниот фокус на средбата беше финализирањето на алатките и параметрите на апликацијата за следење и евидентирање на практичната работа на учениците во стручните училишта.

Нашата цел е секоја од земјите учеснички во проектот да развие и имплементира ваква апликација, прилагодена на сопствените потреби и начинот на организација на практичната настава во училиштата.

Преку заедничка работа, размена на искуства и дигитални решенија, создаваме алатки што ќе придонесат за поквалитетно следење на практичната работа и подобро поврзување на училиштата, учениците и компаниите.

🌍 Покрај работниот дел, домаќините од Esprominho – Escola Profissional do Minho се потрудија да ни ја доближат Португалија и нејзиното културно и историско наследство. Заедничките прошетки и дружењето по завршувањето на работните активности беа убаво продолжение на средбата и уште една можност за размена, поврзување и зајакнување на партнерството.

📚✨ 1 СЕПТЕМВРИ – ПОЧЕТОК НА НОВА УЧЕБНА ГОДИНА!Денес ги отвораме вратите за уште една година исполнета со нови знаења, п...
01/09/2026

📚✨ 1 СЕПТЕМВРИ – ПОЧЕТОК НА НОВА УЧЕБНА ГОДИНА!

Денес ги отвораме вратите за уште една година исполнета со нови знаења, предизвици, успеси и незаборавни моменти.

Посебно им посакуваме добредојде на сите наши нови ученици! Ви посакуваме уште од првиот ден да се чувствувате како дел од нашето училиште, да стекнете нови пријателства и со љубопитност и храброст да чекорите кон вашата иднина.

На сите ученици и наставници им посакуваме среќен и успешен почеток на учебната година! 🌟

Добредојдовте во ДСУ РЦСОО „Моша Пијаде“ – Тетово!

🧹🌿 Подготовки за новата учебна година!Во пресрет на почетокот на новата учебна година, се реализираат активности за чист...
31/08/2026

🧹🌿 Подготовки за новата учебна година!

Во пресрет на почетокот на новата учебна година, се реализираат активности за чистење и уредување на училишниот двор, со цел нашите ученици и вработени да ги дочекаме во чиста, уредна и пријатна средина.
Паралелно со уредувањето на дворот, се изврши и темелно чистење и дезинфекција на училниците и сите внатрешни простории

Хигиената и одржувањето на просторот се наш приоритет и секогаш се стремиме да бидат на највисоко ниво.

🌿 Кога вредните раце создаваат убав простор!Училишниот двор станува уште поубаво и попријатно место за нашите ученици и ...
26/08/2026

🌿 Кога вредните раце создаваат убав простор!

Училишниот двор станува уште поубаво и попријатно место за нашите ученици и вработени. Во прекрасната зелена околина и под сенките на дрворедите, новите клупи се вистинско освежување на просторот.

Посебна благодарност до нашите вредни работници и мајстори, кои со своите раце, знаење и посветеност самостојно ги изработија клупите и дадоа свој придонес во разубавувањето на училишниот двор.

❤️ Зад секој убав простор стои трудот на луѓето кои се грижат за него.

ИМАШ ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО? ВЕРИФИЦИРАЈ ГО!Во ДСУ РЦСОО „Моша Пијаде“ – Тетово, возрасните имаат можност да го потврдат и ве...
25/08/2026

ИМАШ ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО? ВЕРИФИЦИРАЈ ГО!

Во ДСУ РЦСОО „Моша Пијаде“ – Тетово, возрасните имаат можност да го потврдат и верифицираат своето знаење и работно искуство и да се стекнат со признат сертификат.

Не ти е потребно формално образование – ако имаш знаење и искуство, потврди го!

📩 За повеќе информации, обратете се кај нас.

🤝 Работна посета и размена на искуства за унапредување на стручното образованиеДенес нашиот регионален центар  имаше чес...
20/08/2026

🤝 Работна посета и размена на искуства за унапредување на стручното образование

Денес нашиот регионален центар имаше чест да биде домаќин на директорот на ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица, Архелос Туранов, заедно со неговите соработници.

Во рамки на посетата, гостите ги разгледаа условите и современата инфраструктура по завршувањето на реконструкцијата.
На работната средба со директорот Александар Котески, се разговараше за тековните активности, организацијата на работата, како и за подготовките за претстојната учебна година. Посебен акцент беше ставен и на предизвиците со кои се соочуваат регионалните центри, како и на можните решенија за нивно надминување.

Се истакна и значењето на меѓусебната соработка, поддршка и размена на искуства, како клучен фактор за нивен понатамошен развој и унапредување на квалитетот на стручното образование.

🏫 Заеднички продолжуваме да градиме посилни регионални центри и подобри услови за учениците и наставниот кадар.

19/08/2026
УШТЕ ЕДНА МОЖНОСТ ЗА УПИС!Доколку сè уште не сте го направиле вашиот избор, третата уписна можност е тука! ✨📅 Електронск...
19/08/2026

УШТЕ ЕДНА МОЖНОСТ ЗА УПИС!

Доколку сè уште не сте го направиле вашиот избор, третата уписна можност е тука! ✨

📅 Електронско пријавување: 20 август, од 00:00 до 15:00 часот
📄 Доставување на документација: 21 август, од 08:00 до 14:00 часот

Изберете ја струката што ќе го одбележи вашиот следен чекор кон професионалната иднина.

📍 ДСУ РЦСОО „Моша Пијаде“ – Тетово
Ве очекуваме!

ПОСЛЕДЕН УПИСЕН РОК – УПИСИ 2026/2027!Имате уште една можност да станете дел од нашето училиште! 📚📌 Електронско пријавув...
17/08/2026

ПОСЛЕДЕН УПИСЕН РОК – УПИСИ 2026/2027!

Имате уште една можност да станете дел од нашето училиште! 📚

📌 Електронско пријавување: 20 август 2026, од 00:00 до 15:00 часот
📌 Доставување на потребната документација: 21 август 2026, од 08:00 до 14:00 часот

Изберете ја вашата струка и направете чекор кон сигурна иднина!

Ве очекуваме во ДСУ РЦСОО „Моша Пијаде“ – Тетово

Address

Улица Илинденскa бр. 301, Тетово
Tetovo
1200

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ДСУ РЦСОО „Моша Пијаде”-Тетово posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to ДСУ РЦСОО „Моша Пијаде”-Тетово:

Shortcuts

Share

Category