Кариерен центар СОУ„Таки Даскало“ - Битола

  • Home
  • Macedonia
  • Bitola
  • Кариерен центар СОУ„Таки Даскало“ - Битола

Кариерен центар СОУ„Таки Даскало“ - Битола Официјална страна на Кариерниот центар на СОУ „Таки Дaскало" Битола

❤️
07/07/2026

❤️

Со одлука на Наставничкиот совет на СОУ "Таки Даскало" - Битола, Христина Сервини, матурантка во гимназија, билингвална паралелка англиско-македонска, е избрана за Првенец на генерацијата 2022-2026.
Во текот на средното образование се истакна со континуиран одличен успех (5,00), висока одговорност, дисциплина и посветеност кон наставните и воннаставните активности. Добитник е на второ место на натпреварот МАССУМ за најдобро кариерно портфолио на државно ниво, со што ја потврди својата креативност, професионалност и посветеност во планирањето на сопствениот кариерен развој. Во текот на четиригодишното средно образование активно учествуваше на повеќе хакатони и натпревари за претприемништво и иновации низ Македонија, организирани од Junior Achievement Macedonia. Особен интерес покажува во областа на информатиката, веб-програмирањето и дигиталните технологии, а има завршено и обука за Front-End Developer. Ги сака јазиците и активно ги усовршува англискиот и германскиот јазик. Во текот на своето образование учествуваше во осум Erasmus+ младински размени и меѓународни проекти во бројни европски држави, стекнувајќи искуство во интеркултурна комуникација, тимска работа и лидерство. Активно е вклучена во волонтерски и општествено корисни активности како волонтер во Sfera International, каде учествува во младински проекти, работилници и локални настани. Во училиштето редовно придонесува во организацијата на патронати, приредби и други училишни активности. Нејзините професори ја опишуваат како одговорна, организирана, упорна и комуникативна ученичка, со изразено логичко размислување, креативност и желба за постојано усовршување. Во иднина планира да ги продолжи студиите во областа на информатичките науки и софтверското инженерство, со цел да изгради успешна професионална кариера како програмер. Со своите резултати, труд, посветеност и активен придонес во училиштето и заедницата, Христина Сервини претставува пример за успешен, амбициозен и одговорен млад човек, достоен носител на признанието Првенец на генерацијата.

Честитки за Христина Сервини и уште поголеми успеси понатаму ❤️🌷♥️✨️👌

ТВОЈОТ ПРВ ЧЕКОР КОН УСПЕШНА КАРИЕРА – ЗАПИШИ СЕ ВО „ТАКИ ДАСКАЛО“ ДЕНЕС!👇
12/06/2026

ТВОЈОТ ПРВ ЧЕКОР КОН УСПЕШНА КАРИЕРА – ЗАПИШИ СЕ ВО „ТАКИ ДАСКАЛО“ ДЕНЕС!👇

Утре започнува електронското запишување на учениците во јавните средни училишта Соопштенија Односи со јавност Министерство за образование и наука

10/06/2026
„Кога креативноста, тимската работа и заедничката цел стануваат дел од вашиот развој – вие не создавате само уметност, т...
10/06/2026

„Кога креативноста, тимската работа и заедничката цел стануваат дел од вашиот развој – вие не создавате само уметност, туку градите успешна иднина.“ 🎭🖌️

Со гордост ве информираме дека дури 12 наши ученици од СОУ „Таки Даскало“ – Битола учествуваа во проектот „Симфонија на петте: Звуците на Офицерски“ во организација на ЈОУ КИЦ Битола и Општина Битола. 🏛️🎶

Нашите млади таленти, под водство на менторот Љубица Солак , поделени во уметнички тимови, три недели твореа во „Живо атеље“ во Алтернативниот галериски простор на Офицерски дом. Нивната задача беше да создадат полиптих – монументално дело составено од пет поврзани панели на тема „Звуците на Офицерски“.

🎭 Иако секој учесник работеше со свој стил, техника и уметнички израз – крајниот резултат беше хармонична целина. Токму тоа е вештината што ја негуваме во Кариерниот центар: да се биде различен, а да се работи заедно кон заедничка цел.

На свечениот настан во Свечената сала на Офицерски дом, нашите ученици добија сертификати и благодарници, а нивните дела беа изложени пред публиката. 🖼️✨

👏 Голема благодарност до менторот Љубица Солак за посветеностa, стручностa и инспирацијата!
Честитки до сите 12 наши ученици – вие покажавте дека уметноста и соработката градат успешни приказни.

09/06/2026

🚪✨ ОТВОРЕН ДЕН ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ SCHOOL OFF.! 🎶 ❤️

08/06/2026
08/06/2026
🚪✨ ДОЈДИ НА ОТВОРЕН ДЕН ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ!Училиштето не запира – само го менува ритамот! 🎶Со големо задоволство ве пока...
04/06/2026

🚪✨ ДОЈДИ НА ОТВОРЕН ДЕН ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ!

Училиштето не запира – само го менува ритамот! 🎶
Со големо задоволство ве покануваме на Отворен ден – SCHOOL OFF.

📅 Кога? понеделник, 08.06.2026 со почеток во 11:00 часот
📍 Каде? училишен двор СОУ„Таки Даскало“ - Битола

Што ве очекува?
🎧 DJ MIKICA – музика која ќе ве размрда
🏀 Спортисти и музичари заедно на сцена
🎲 Дружење & Board games
🎨 Изложба на ученички работи
🍔 Забaва
👷‍♀️ Работилници за сите возрасти

➡️ Влезот е слободен.
Дојди сам, со друштво или со семејството.
Биди дел од приказната.

#ОтворенДен #УчилиштеНеСтои #Дружење

04/06/2026

🎨✨ Македонија има злато во своите млади, не само во рудата – време е да ископаме иднина со стандарди, храброст и верба дека развојот и природата можат рамо до рамо. ⛏️🌱🎭

Address

Димитар Илиевски Мурато
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 00:00 - 23:59
Tuesday 00:00 - 23:59
Wednesday 00:00 - 23:59
Thursday 00:00 - 23:59
Friday 00:00 - 23:59
Saturday 00:00 - 23:59
Sunday 00:00 - 23:59

Telephone

+38975637475

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Кариерен центар СОУ„Таки Даскало“ - Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Кариерен центар СОУ„Таки Даскало“ - Битола:

Shortcuts

Share

Category