15/11/2024
Продолжените сончеви есенски денови придонесоа да подзаборавиме на студената зима и на возењето на нашите автомобили во зимски услови. Но, зимата е на прагот и од денес 15-ти Ноември стапува на сила обврската за задолжително поседување и користење на зимска опрема за возилата, која ќе трае до 15 -ти Март следната година.
Каква зимска опрема е задолжителна согласно законот?
За возилата чија вкупна маса не надминува 3500 килограми(Б категорија), потребни се зимски пневматици со минимална длабочина на шарите на слојот што гази од четири милиметри (4 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M & S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
Согласно ЗБСП : Член 361
(1) Моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на
пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да
поседуваат пропишана зимска опрема.
(2) Полицискиот службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното
движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за
задолжително носење и употреба на зимска опрема согласно ставот (1) на
овој член.
(3) Полицискиот службеник може да нареди возачот да го прекине
натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително
носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат
непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја
постави на возилото зимската опрема.
(4) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Возењето во зимски услови, дури и кога нема снег е различно и поопасно од возењето во летни услови, па потребно е да се подготвите и Вие и вашето возило за зимата.
Дарко ТТ!
Канцеларија 034/326-345
Дарко 070/374-678
Славица 071/326-754