26/03/2026
Спремни за пролет-лето '26 🌞😎🏍
Канцеларија 034/326-345
Дарко 070/374-678
Славица 071/326-754
26/03/2026
Спремни за пролет-лето '26 🌞😎🏍
27/02/2026
🆕🆕🆕🏍️
18/12/2025
Дедо Мраз дојде и кај нас. 🎅🏻
Дојди и ти - време е за возачка дозвола! 🤩🚗
Среќна Нова 2026 година!🎄✨
Ваш,
Дарко ТТ
16/05/2025
Поради зголемениот обем на работа автошколата има потреба од( вработување) возачи- инструктори на неопределено време!Заинтересираните кандидати можат да закажат интервју во просториите на автошколата, еmail адресата ([email protected]) или на тел.објавени на официјалната facebook страна.
Ваш,
Дарко ТТ!
20/01/2025
Честитки од вработените во Дарко ТТ до среќниот добитник Stoja Georgieva 🍀🛵
Продолжуваме со изненадувања и во 2025 година 😁
14/01/2025
Паричката падна во Зоран Ичев, а скутерот во број 588 - Георгиева Стоја, родена 2006 година, од с. Нова Маала.
07/01/2025
Почитувани потенцијални возачи, како што најавивме, оваа година прославуваме 20 години неприкосновен успех, кој го потврдивме и во 2024 година. По тој повод одлучивме да доделиме СКУТЕР на еден среќен добитник!
Сите кандидати од која било категорија кои имат извршено уплата од 01.01.2024 година имаат можност да станат добитник на наградата.
Со самото запишување за обука во авто школата, секој кандидат добива свој единствен број со кој ќе биде идентификуван среќниот добитник. Извлекувањето ќе се врши јавно и транспарентно во просториите на Дарко ТТ.
Датумот на извлекување ќе биде на 13ти Јануари 2025 год. Василица, Стара Нова Година, а добитниот број, името и презимето на среќниот добитник ќе биде јавно објавено на ф.б. страната наредниот ден.
Со среќа 🍀🛵
Дедо Мраз како што го познаваме денес е резултат на долг процес на комбинирање традиции, митови и верувања на различни култури. Почнувајќи од Свети Никола, преку холандскиот Синтерклаас, англосаксонските празнични обичаи и популарната култура на 20 - тиот век, Дедо Мраз стана симбол на магија, радост, добрина и дарување во целиот свет.
Да бидеме дел од симболиката на Дедо Мраз. Да носиме среќа, радост, надеж, добрина и хуманост цела 2025 година едни на други.
Живи, здрави и радосни да сте ни!
Ваш
Дарко ТТ
Авто Школа Дарко-ТТ
Канцеларија 034/326-345
Дарко 070/374-678
Славица 071/326-754
Продолжените сончеви есенски денови придонесоа да подзаборавиме на студената зима и на возењето на нашите автомобили во зимски услови. Но, зимата е на прагот и од денес 15-ти Ноември стапува на сила обврската за задолжително поседување и користење на зимска опрема за возилата, која ќе трае до 15 -ти Март следната година.
Каква зимска опрема е задолжителна согласно законот?
За возилата чија вкупна маса не надминува 3500 килограми(Б категорија), потребни се зимски пневматици со минимална длабочина на шарите на слојот што гази од четири милиметри (4 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M & S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
Согласно ЗБСП : Член 361
(1) Моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на
пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да
поседуваат пропишана зимска опрема.
(2) Полицискиот службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното
движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за
задолжително носење и употреба на зимска опрема согласно ставот (1) на
овој член.
(3) Полицискиот службеник може да нареди возачот да го прекине
натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително
носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат
непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја
постави на возилото зимската опрема.
(4) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Возењето во зимски услови, дури и кога нема снег е различно и поопасно од возењето во летни услови, па потребно е да се подготвите и Вие и вашето возило за зимата.
Дарко ТТ!
Авто Школа Дарко-ТТ
Канцеларија 034/326-345
Дарко 070/374-678
Славица 071/326-754
01/11/2024
Fun fact:
Првиот пешачки премин во историјата е обележан во Британија на 31 октомври 1951 година, во градот Слау, западно од Лондон.
Оваа иновација беше одговор на зголемениот сообраќаен хаос и потребата за поголема безбедност на пешаците во урбаните средини. Пред овој премин немаше стандардизирани ознаки за преминување на коловозот, а сообраќајот често беше препуштен на комуникацијата меѓу возачите и пешаците, што предизвикуваше бројни сообраќајни несреќи. Со воведувањето на пешачкиот премин започна нова ера во безбедноста во сообраќајот.
Како изгледал првиот пешачки премин?
Првиот премин беше означен со бели ленти на темна позадина, што го направи исклучително забележлив. Овие хоризонтални линии налик на зебра беа поставени за јасно да го раздвојат просторот резервиран за пешаци и областа низ која се одвива сообраќајот, помагајќи им на возачите да ја забележат и да ја забават брзината за да можат пешаците безбедно да се движат.
Зошто се нарекува „зебра“?
Не долго по поставувањето на преминот, името „зебра“ почна да кружи меѓу Британците. Иако точниот извор на името не може со сигурност да се потврди, се верува дека името потекнува од визуелната сличност на преминот како лентите на крзното од зебра. Се верува дека британскиот политичар и воен офицер Џејмс Калаган прв го употребил терминот „зебра“, опишувајќи го преминот како нешто што личи на зебра. Овој израз набрзо стана популарен и влезе во секојдневниот јазик, а името „зебра“ подоцна беше прифатено од многу други јазици.
Одлични резултати:
Имплементацијата на првиот „зебра премин“ беше многу успешна. По поставувањето во Слау, премините почнаа да се шират низ Британија и набрзо беа прифатени во други земји. Истражувањата покажаа дека овој тип на премин драстично го намалил бројот на сообраќајни несреќи на патиштата, со што сообраќајот е побезбеден и поефикасен. Со воведувањето на овој стандардизиран знак, возачите можеа полесно да ги препознаваат премините, а пешаците ја добија безбедноста што долго ја чекаа.
Историски, преминот „зебра“ стана симбол на безбедноста на патиштата и еден од најпрепознатливите елементи во сообраќајот. Денес е незамисливо да има модерен градски сообраќај без овие премини кои заедно со семафорите и другите сообраќајни знаци ја обезбедуваат безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
17/07/2024
Не возат 👔, возите вие. Не дозволувајте да ви раскажуваат, учете од најдобрите! Уште еден кандидат од понежниот пол положен за "Д" категорија. 🚍🚌
| Monday | 08:00 - 16:00 |
| Tuesday | 08:00 - 16:00 |
| Wednesday | 08:00 - 16:00 |
| Thursday | 08:00 - 16:00 |
| Friday | 08:00 - 16:00 |
| Saturday | 08:00 - 14:00 |