05/05/2024
The Music Room ви ги честита Велигденските празници и ви посакува здравје, среќа, спокој и мир во вашите семејства!
Private Music Lessons
05/05/2024
The Music Room ви ги честита Велигденските празници и ви посакува здравје, среќа, спокој и мир во вашите семејства!
29/11/2023
Инспирирана од моето досегашно искуство и искуство на моите колеги, решив да споделам една статија која доста ќе им помогне на младите ученици кои одлучиле да се занимаваат со музика.
За колку време може да очекувате резултати од часови по музика?
Има неколку начини како да се протолкува зборот „резултат“. Кога следиме некој музички настап, не можеме да процениме дали изведувачот разбира теорија на музика или дали ја познава историјата на делото или дали самите имаат свој сопствен израз и интерпретација или копирале нечија друга изведба. Нема да знаеме колку бавно или брзо тие го совладале делото или колкав музички материјал поминале во животот. Сите овие способности се резултати кои се доста важни за искуството на еден музичар.
Сепак, и покрај важноста на сите овие достигнувања, под „резултати“ може да се мисли и на техничката способност при изведба, бидејќи сепак перфектноста на една изведба најлогично е целта на секој ученик.
Приватен професор по музика кој избира само „талентирани“ ученици и не им посветува внимание на учениците со помали постигнувања, ќе изгледа како невеорјатен учител. Но, поголем успех е кога наставникот постигнува успех со ученик кој е поспор во разбирањето и учењето, иако тоа за надворешниот свет изгледа како помало достигнување.
Друга причина поради која треба да се размисли пред да се осуди наставникот според резултатите на ученикот, е тоа што има наставници кои се фокусираат само на ефектен перформанс, наспроти правилна техника и правилно образување на ученикот.
Такво нешто е особено очигледно кај пејачите , бидејќи некој професор може да се фокусира само ученикот да го имитира звукот на возрасен оперски пејач и тоа од страната на публиката да биде прифатено многу позитивно и пофално, додека вистинскиот проблем се занемарува односно колку тоа е длабоко нездраво и му штети на гласот на млад и надежен човек. Да не се напоменува и дека ако целиот наш труд и напор е насочен кон имитација, а не на пронаоѓање сопствен индивидуален печат, тогаш резултатите се само привидни, и краткотрајни, за разлика од градење на здрава професионална техника, кој е доста подолг, но корисен и правилен процес.
Доколку учите инструмент, постои помала опасност од долгорочно оштетување поради неправилна техника, но сепак е присутно. Ако учите само за да се „покажете“, односно површно, вашето имитативно изведување може да напредува побрзо, но на сметка на вашето здравје и вашето вистинско познавање на музиката.
Можно е да се постигнат значајни резултати со здрава техника и за кратко време, особено на часовите по пеење, но има голема причина зошто повеќето ученици не треба да очекуваат да го трансформираат своето пеење за еден час.
Пејачот е спортист – кога пеете, вашето тело е вашиот инструмент. Ги користите ткивата, мускулите и нервите на вашето тело да создадете музика, па затоа тие ткива и мускули треба да се развијат и координираат со текот на времето за да постигнат одлични перформанси.
Кога би било само прашање на знаење при давање насоки за правилна техника, сите би можеле да најдете видео на Јутуб со објаснување и би станале сите одлични пејачи.
Разбирањето како да се изведе правилна техника не е толку едноставно, но дури и да беше, вашето тело веројатно нема да биде веднаш подготвено да го направи тоа. Луѓето кои постигнуваат брзи резултати со професор по пеење се луѓе чии гласови се веќе на високо ниво кога се работи за физичка кондиција.
И сепак, за да звучите добро треба да вежбате секој ден и се уште да одите на часови, за да има кој да ги контролира вашите технички избори и да ги разберете истите.
Замислете дека сте во теретана и сакате да кренете 300кг. Ако не сте искусен билдер, дали мислите дека има шанси за еден час да успеете да дигнете толкава тежина? И некако да успеете тоа да го направите, дали мислите дека во процесот нема да се стекнете со повреда поради недоволно познавање на техника?
Па така, Лорел Сандерс одговара на конкретното прашање – Колку точно време е потребно за да се видат резултати?
Добра вест за почетниците е дека, доколку вежбате секојдневно според упатствата на вашиот наставник, ќе постигнете забележителен напредок во првите неколку недели. Ќе се искачите на следното ниво во период од шест месеци. Веројатно ќе ја достигнете основната компетентност за околу две-три години, каде што ќе можете да го одржувате вашето сегашно (почетно) ниво дури и без дополнително насочување од наставник. Но, за да достигнете некое пристојно ниво без редовни часови, веројатно ќе ви требаат најмалку пет години. Ако работите на напредни вештини и свирите класична музика, сепак треба да посветите повеќе од 10 години за да постигнете задоволително ниво.
Овие проценки се засноваат на долгогодишни искуства на наставни педагози и музичари, но сепак не научна студија, така да овие временски рамки можат и да варираат. Сепак, ова се разумни очекувања со кои треба да се запознаат сите ученици кои одлучиле да изучуваат музика.
Нена Рафајловска
Текстот е преземен и преведен од следниот извор:
https://www.laurelsandersmusic.com/blog/how-soon-will-i-see-results-from-my-music-lessons #:~:text=To%20reach%20a%20level%20of,or%20more%20to%20become%20excellent.
16/11/2023
Sound ON 🎚️🎙️🎧
11/09/2023
🎼 Кои се професорите на The Music Room?🎼
Стефан Волчевски е роден 1993 година во Тетово. Своето основно и средно музичко образование го завршува во ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“ во класата на проф. м-р Борче Наумоски.
Додипломските студии ги реализира од 2012-2018 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. м-р Дарко Багески.
Своето образование го надополнува преку семинари и работилници на бројни фестивали во земјата и надвор од неа, со голем број еминентни гитаристи и педагози: Лукаш Куропачевски (Полска), Џевдет Сахатџија (Косово), Зоран Дукиќ (Хрватска), Габриел Бианко (Франција), Павел Штајдл (Чешка), Костас Коциолис (Грција), Педро Рибеиро Родригез (Португалија), Томас Оферман (Германија), Оман Камински (Мексиско) и др.
Во текот на своето школување учествува на меѓународни и државни натпревари во Република Северна Македонија и надвор од неа, каде освојува голем број награди, меѓу кои
најзначајни се:
☑️на државен натпревар една специјална награда (2013 год.),
☑️две први награди (2010 и 2012 год.), на меѓународни натпревари
☑️една прва награда (2010 год.),
☑️две втори награди (2012 и 2015 год.), ☑️една трета награда (2011 год.), како дел од гитарски квартет на меѓународен фестивал
☑️една прва награда (2014 год.) и гитарски оркестар на меѓународен фестивал
☑️eдна прва награда (2014 год.).
Настапува на многубројни концерти како солист, со камерни состави и со гитарскиот оркестар при ФМУ - Скопје. Моментално е вработен како наставник по гитара во ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“ – Тетово, каде како успешен педагог освојува бројни награди со своите ученици.
11/09/2023
🎼Кои се професорите на The Music Room?🎼
Нена Рафајловска е родена на 01.02.2000 година во Тетово.
Основното и средното музичко образование го завршува како музичар изведувач-пијанист во ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“ – Тетово.
Додипломските студии ги реализира од 2018-2023 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје на одделот Музичка теорија и педагогија.
Во текот на своето образование учествува на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари во Република Северна Македонија каде освојува голем број награди, од кои најзначајни се:
☑️Прва награда на државен натпревар по Солфеж во Скопје, 2015 година
☑️Прва награда на државен натпревар по Теорија на музика во Скопје, 2015 година
☑️Втора награда на меѓународен натпревар по Теорија на музика во Битола, 2015 година
☑️Втора награда на државен натпревар по Солфеж во Скопје, 2016 година
☑️Втора награда на државен натпревар по Хармонија во Скопје, 2016 година
☑️Втора награда на меѓународен натпревар по Хармонија во Битола, 2016 година
☑️Прво место на регионален натпревар по Солфеж во Тетово, 2017 година
☑️Прва награда на државен натпревар по Солфеж во Скопје, 2017 година
Уште од 10 годишна возраст е член на хорот „Лале“, а подоцна и на Градски Женски Младински Хор „Менада“ каде настапува на натпревари и фестивали ширум земјата и странство.
Во текот на средното образование настапува и како солист на бројни концерти, а во 2018 година го реализира својот прв солистички концерт.
Во 2021 година е дел од научно-истражувачкиот проект на ФМУ Скопје „Musica Viva за деца“ со цел промоција на македонски и светски композитори чиишто јубилеи се одбележуваат во 2021 година, под менторство на еминентната пијанистка и професорка - др.Кристина Светиева.
Во текот на студиите настапува и на голем број концерти со универзитетскиот хор „Драган Шуплевски“ и Женскиот Младински Хор при „МКЦ“ во Македонија и странство, каде се издвојува учеството на меѓународниот хорски фестивал во Познан, Полска – „Universitas Cantat“.
07/09/2023
| Monday | 10:00 - 20:00 |
| Tuesday | 10:00 - 20:00 |
| Wednesday | 10:00 - 20:00 |
| Thursday | 10:00 - 20:00 |
| Friday | 10:00 - 20:00 |
| Saturday | 10:00 - 17:00 |