ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ Струмица

ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ Струмица

Share

Vocational Secondary Municipal School

ДСУ-РЦСОО „Никола Карев" е регионален центар за стручно образование и обука и обезбедува формално образование во 6 струки, образование за возрасни и валидација на неформално образование и информално учење.

20/02/2026

✨ EntreCC – Откривање на претприемничкиот потенцијал во културниот и креативниот сектор

Културниот и креативниот сектор вклучува области како уметност, издаваштво, графички дизајн, архитектура, медиуми, аудиовизуелна продукција и видео игри, каде креативноста се претвора во професии, производи и иновации.

Во таа насока, на 18 февруари 2026 година во ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ Струмица се одржа работилница во рамките на проектот EntreCC.

Настанот беше посветен на тестирање на дигиталната платформа на проектот, преку практична работа, анализа на содржини и собирање повратни информации.

Учесниците имаа можност да:
✔️ ја разгледаат платформата
✔️ ја тестираат нејзината функционалност
✔️ спроведат анализа на содржини
✔️ придонесат со мислења и препораки

🤝 Партнери во проектот:
• Здружение за иновативно размислување – Бугарија (координатор)
• Организацијата „Пилон Оне“ – Грција
• ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица
• Стопанска комора на Штаерска област – Австрија

🇪🇺 Проектот е поддржан од Европската Унија, во рамките на КА210 – Партнерство од мал обем во стручното образование.

🔗 Веб страница: www.entrecc.eu
📱 Facebook: https://www.facebook.com/share/p/183Egdxbsv/?mibextid=wwXIfr
💻 Платформа: https://platform.entrecc.eu/login/

19/02/2026

📚✨ Успех што нè прави горди! ✨📚
Библиотека „Благој Јанков Мучето“ распиша литературен конкурс на тема „Виното, љубовта и смислата на животот“.
Нашите ученици Весна Гугенска и Јован Стојков од I-12 зедоа учество со свои литературни творби, под менторство на проф. Александра Митрова.
Со особена радост споделуваме дека двајцата ученици се најдоа меѓу наградените и им беа доделени благодарници за учество на настанот. 🏆📖
👏 Честитки за учениците и нивниот ментор!
Им посакуваме уште поголеми успеси, инспирација и нови литературни достигнувања во иднина!

17/02/2026

На Регионалниот натпревар по математика, одржан на 14.2.2026 год. во Богданци, нашето училиште учествуваше со 13 ученици. Истите го потврдија своето учество со пласман на Државен натпревар.
🥇Од прва година, под менторство на Тања Трајкова, освоија пофалници, учениците: Весна Гугенска, Надица Пандева и Јован Стојков .
🥇Од втора година под менторство на Софија Драшковиќ, ученикот Влатко Панов освои пофалница.
🥇Од трета година, под менторство на Гонца Ивановска, ученичката Калиопа Данева освои II награда.
🥇Од IV година под менторство на Марина Ратковиќ, учениците: Симеон Проданов освои III награда и Атанас Сапунџиев пофалница.
Честитки до сите учесници на натпреварот. Посакуваме уште поголем успех на Државниот натпревар.🏆

Photos from ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ Струмица's post 13/02/2026

📌Вештините стекнати преку неформално и искуствено учење, ќе може да се валидираат преку Регионалните центри за стручно образование и обука!

ℹ️Нашиот Регионален центар за стручно образование и обука "Никола Карев" Струмица покрај функционирањето како образовна установа за задолжително средно образование, од денес ќе може и да ги валидира знаењата и вештините на повозрасната популација стекнати преку неформално и искуствено учење, а ќе спроведувме и процеси на преквалификација и доквалификација на работници.

👉Двајца советници за неформално образование и искуствено учење Марија Гаштеовска и Лидија Стојковска Василевска и двајца проценувачи од електротехника Надица Ристиќ и Борислав Манчев успешно ја завршија обуката спроведена од страна на ЈУ Центар за образование на возрасните и ги добија сертификатите со кои ќе можат да го валидираат знаењето и вештините на повозрасните граѓани.

✅Ова е новина, дефинирана во новата законска регулатива што се усвои минатата година.
Ова ќе биде поттик за многу наши сограѓани да го прифаќаат концептот на доживотно учење како идеологија за постојан личен и професионален напредок.

12/02/2026

Горди на учениците со посебен интерес кон физиката кои обезбедија пласман на регионален натпревар!

На општински натпревар во решавање задачи по физика нашето училиште го претставуваа 10 ученици од прва и втора година:

Јован Стојков
Ана Митева
Влатко Панов
Мелита Гошева
Павле Игновски
Софија Атанасова
Теодор Митев
Рози Ѓоргиева
Ѓорги Станојевиќ
Анастасија Гошева

под менторство на професорот Никола Делевски.

Учениците се пласираа на Регионалниот натпревар по физика кој ќе се одржи на 04.04.2026 година.

На сите ученици им го честитаме успехот на општинскиот натпревар и им посакуваме уште повеќе успеси на регионалниот натпревар.

30/01/2026

На 29.01.2026 година, во Македонската опера и балет во Скопје, пред почетокот на манифестацијата „Избор на спортисти на Македонија за 2025 година“, во организација на Сојузот на спортските федерации на Македонија, се одржа свечено доделување на 500 стипендии „Спортска надеж“.
Нашата ученичка Моника Стојковска од клас I-7 се стекна со оваа престижна стипендија, под менторство на професорот Митко Алачки.
Како ученичка на ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица, благодарение на постигнатите резултати во пинг-понг, меѓу кои и второ место на државно првенство, во организација на Федерацијата на училиштен спорт на Македонија, Моника беше наградена со диплома од страна на министерот за спорт, Борко Ристовски.
Горди сме на успехот на нашата ученичка и ѝ посакуваме уште многу спортски достигнувања во иднина. 🏓🏆

27/01/2026

🚀 Започнува нов проект! 🔐💻
Со одржувањето на првиот транснационален проектен состанок од 14 до 16 јануари 2026 година, официјално започна проектот „Заштита на учениците во стручното образование и обука преку иновации во сајбер безбедноста“ (DEFENDERS).

Партнерите од 🇵🇱 Fundacja Rozwoju Społecznego “CIVITAS”, 🇬🇷 Media Suite Academy и 🇲🇰 ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ Струмица на состанокот разговараа за целите на проектот, улогите и одговорностите, комуникацијата, финансиските процедури и управувањето со ризици.

На состанокот беше утврден и планот за работа, со фокус на:
✔️ развој на воннаставна програма за сајбер-безбедност
✔️ транснационални обуки за наставници од СОО
✔️ организација на хакатон за ученици за сајбер-безбедност

🔹 Како партнер во проектот, ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ активно учествуваше во дискусиите, придонесувајќи во заедничкото планирање на следните проектни активности.

🇪🇺🔐 Проектот е финансиран од програмата Еразмус+, Клучна акција КА210 VET - партнерство од мал обем во полето стручно образование и обука.

👉 Следете ги Фејсбук и Инстаграм страниците на проектот за новости, активности и резултати.

24/01/2026

Со длабока тага ја примивме веста за заминувањето на нашата почитувана колешка Лидија Петрова Иванова, долгогодишен наставник по информатика во ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица.
Лидија ќе ја паметиме како посветен педагог, искрен колега и човек кој со своето знаење, труд и човечност остави длабока трага меѓу учениците и колективот. Нејзиниот придонес во образованието и училиштето ќе остане трајно врежан во нашето заедничко сеќавање.
Изразуваме искрено сочувство до нејзиното семејство, најблиските и сите кои ја познаваа и ја почитуваа.
Нека почива во мир. 🕊️🙏

15/01/2026

✨ Одличен почеток на годината за ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“! 🇪🇺

Нашето училиште официјално ја доби Еразмус+ акредитацијата за стручно образование и обука – признание што Европската Унија го доделува на институции кои покажале стабилен квалитет, јасна стратегија за интернационализација и капацитет да спроведуваат мобилности и соработка според високите европски стандарди.

Ова не е проект за една година, туку долгорочна европска доверба до крајот на програмската 2027 година, со поедноставен пристап до финансии и постојано присуство во Еразмус+ мрежата. Со тоа, „Никола Карев“ не е само учесник, туку се позиционира како стабилен и релевантен партнер во европското стручно образование, а најважно, со тоа овозможувајќи им на учениците пристап до меѓународно искуство во учење преку работа.

Годината ја започнуваме со силна европска потврда дека Струмица е дел од јадрото на современото стручно образование и обука во Европа. 🌍✨

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

31/12/2025
30/12/2025

✨ Еден завршен настан - два Еразмус+ проекти - две силни пораки. ✨

Со завршен настан и ученички презентации, успешно заокруживме два Еразмус+ проекти кои ја прикажаа наставата како простор за размислување, креативност и одговорност.

📌 „Математичко образование: откривање нови патеки“ – во кој учениците покажаа дека математиката може да биде разбирлива, визуелна и лесна кога се учи преку дигитални алатки и практични активности.
📌 „Дигитални игри за спречување климатски промени“ – во кој преку дигитална гејмизација и креативни решенија се развиваше свест за климатските промени, енергетската ефикасност и одговорното однесување кон животната средина.

Учениците со самодоверба ги презентираа своите резултати пред публика составена од наставници и ученици од ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ Струмица, како и од општинските основни училишта во Струмица, с. Дабиље и с. Куклиш, потврдувајќи дека учењето има најголема вредност кога се споделува и дава мотивација за знаење и нови идеи.

Овој настан беше убав и значаен завршеток на една успешна Еразмус+ година, со јасна порака:
📐 математиката развива размислување,
🌍 еколошката свест гради одговорни генерации.

👏 Честитки до сите вклучени ученици и наставници за трудот и посветеноста!

Want your school to be the top-listed School/college in Strumitsa?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Address


Strumitsa
2400

Opening Hours

Monday 07:00 - 20:00
Tuesday 07:00 - 20:30
Wednesday 07:00 - 20:30
Thursday 07:00 - 20:30
Friday 07:00 - 20:30