Измир 09-14 Мај 2026 мобилност Еразмус проект
Digital Bridges over the Gender Gap
СОУ „Јане Сандански“ - Струмица
Официјална Фејсбук страница на Средното општинско учи
🎤🎶 Во пресрет на утрешниот државен натпревар за солисти, го споделуваме настапот на нашата ученичка Ангелина Ангелова 👩🎤, која под менторство на професорката по музичка уметност Анита Станковска на регионалниот натпревар освои прва награда со 97 од можни 100 поени и се пласираше на државниот натпревар, кој ќе се одржи утре, 14.05 (четврток), во Штип.
Им посакуваме успех! 🍀
———
🎵 Ангелина Ангелова
Песна: Верица Ристевска – Ти си песна што ќе трае
Категорија: Гимназиско образование – I година
Поени: 97 – 🥇 прва награда и пласман на државниот натпревар
Ден 2-3 од мобилноста на FutureSkill + Alliance - нови методи со користење на AI во наставата, посета на и - работилница за AI социјално претприемништво! Денови исполнети со многу креативни предизвици и нови пријателства!
12/05/2026
🏆🇮🇹 Струмичката гимназија најдобра на Државниот натпревар по италијански јазик!
Државниот натпревар по италијански јазик се организира од 2019 година, а во силна конкуренција учениците од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица континуирано се меѓу најдобрите. Веќе четврта година по ред тие го освојуваат првото место и уште еднаш потврдуваат дека трудот, знаењето и посветеноста секогаш носат врвни резултати. 👏📚
Под менторство на професорката по италијански јазик, м-р Дафина Пандева, учениците и оваа година постигнаа извонреден успех и ја продолжија победничката низа: ✨
🎓 Четврта година
🥇 Анастасија Барбутова
🥈 Љубица Димитрова
🥉 Моника Коцева
🎓 Трета година
🥇 Виолета Сандова
🥈 Тиана Стоилкова
🥉 Ева Малинова
📜 Анита Минкова и Мартина Динева – пофалница
Наградите на учениците им ги врачи неговата екселенција Паоло Палминтери, амбасадор на Италијанската Република. 🇮🇹
Честитки до учениците и нивниот ментор за овој голем успех, но и за континуираните резултати низ годините. Овие достигнувања се доказ дека квалитетното менторство, посветената работа и љубовта кон знаењето се вистинскиот рецепт за успех. ❤️👏
12/05/2026
🧬🏆 Единаесетмина наши ученици оваа година се пласираа на Државниот натпревар по Биологија, кој се одржа во саботата, на 9 мај 2026 година, на ПМФ – Скопје, и постигнаа одлични резултати! 👏🎉
📘 Прва година:
🥉 Трета награда: Коста Глигоров и Марија Медарска
🌟 Учество: Атанасија Димитриева
📗 Втора година:
🥉 Трета награда: Тина Иванова и Данеа Петровска
📜 Пофалница: Мартин Пупановски
🌟 Учество: Благоја Георгиевски, Христијан Манев, Ева Стојковска и Софија Стојанова
👩🏫 Ментор на учениците од I и II година: Елена Кирова
📙 Трета година:
🥈 Втора награда: Давид Донев
👩🏫 Ментор: Василка Хаџи Котарова
👏 Честитки за сите ученици и менторите за вложениот труд, знаење и постигнатиот успех!
Ученици, продолжете да се предизвикувате себеси и да постигнувате нови успеси! 😊
12/05/2026
Продолжуваме со успесите! 🏆🇬🇧🏆
На државниот натпревар по англиски јазик кој се одржа на International Balkan University (IBU) во Скопје, нашите ученици се закитија со следните награди:
🥇Амелиа Николова (3 година) - прва награда
🥈Матеј Мицев (3 година) - втора награда
Ментор: Емилија Донева
🥈Љубица Танчева (1 година) - втора награда
🥉Марко Кренков (1 година) - трета награда
Ментор: Невенка Стојанова
🎗️Алексеј Ризов (2 година) - пофалба за успешно учество
Ментор: Катерина Панов Кожаров
🎵 Спасен Трајанов
Песна: Elvis Presley – Love Me
Категорија: Средно стручно образование – I година
Поени: 95 – 🥇 прва награда
12/05/2026
Да ги поддржиме нашите млади таленти! ✨️
🎭 Картите за претставата „Чорбаџи Теодос“ се во продажба и може да се набават на следните локации:
🎟️ Каса на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица
☕ Bu Coffee To Go
🏫 СОУ „Јане Сандански“ – Струмица
Ве очекуваме! 😊
10/05/2026
🏆 Утре во Струмица започнува најмасовниот училишен спортски настан во државата – Гимназијада 2026!
Нашето училиште, како едно од најуспешните училишта во државата, ќе настапи со четири екипи:
⚽ Фудбал – машки
⚽ Футсал – девојчиња
🏐 Одбојка – машки
🏐 Одбојка – женски
Ментори на екипите се професорите:
👨🏫 Атанас Цикарски
👨🏫 Стојан Стојков
👨🏫 Гоце Кончалиев
Свеченото отворање е во 10:30 часот во Сала Парк, а веднаш по церемонијата првиот натпревар ќе го одиграат нашите одбојкарки.
💙 Да им дадеме силна поддршка на нашите спортисти и достоинствено да ги претставиме боите на нашето училиште! 💪🏆
09/05/2026
🎭 Овие млади луѓе заслужуваат полна сала и огромен аплауз! ❤️👏
Картите за претставата „Чорбаџи Теодос“ се веќе пуштени во продажба и може да се набават на следните локации:
🎟️ Каса на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица
☕ Bu Coffee To Go
🏫 СОУ „Јане Сандански“ – Струмица
Поддржете ги младите таленти и бидете дел од оваа театарска вечер! ✨🎬
🎵 Стефан Арламов
Песна: Michael Bublé – Sway
Категорија: Гимназиско образование – I година
Поени: 93 – 🥇 прва награда
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the school
Telephone
Address
„Моша Пијаде“ бр. 2
Strumitsa
2400