15/05/2026
Благословите што ги добиваш на
МАКЕДОНСКИ БИБЛИСКИ ИНСТИТУТ:
Интензивно продлабочување на твојот однос со Бог.
МБИ нуди можност за длабоко проучување на Божјиот Збор преку предавањата на искусни професори. Ќе развиеш поцврст однос со Бог, подлабоко познавање на Божјиот карактер и подобро разбирање на Божјата волја за твојот живот.
Духовно опремување за служба.
Без разлика во каква служба те повикува Бог, МБИ обезбедува тренинг и ресурси за да можеш верно да Му служиш. Можеш да научиш практични вештини коишто ќе те спремат за служба.
Поврзување со други верници.
МБИ нуди можност за да изградуваш односи со истомисленици од други цркви коишто веруваат како тебе и исто сакаат да Му служат на Бог. На МБИ ќе развиеш пријателства коишто ќе траат цел живот и партнерства за служба коишто ќе ти бидат поддршка и охрабрување низ животот.
Добивање на библиски светоглед.
Проучувањето на Библијата и теологијата обезбедуваат рамка за разбирање на светот околу нас и како да имаме влијание на светот. Можеш да добиеш подлабоко разбирање на Божјиот план за човештвото и како практично да ја живееш твојата вера.
Можност за понатамошно академско образование.
МБИ нуди богата академска програма којашто може да те предизвика да ги продолжиш своите студии на повисоко ниво.
Уписите се во тек!
Контакт:
Македонски Библиски Институт
[email protected]
071 541 534
ул. Моша Пијаде 41
Струмица