ООУ „Маршал Тито“ Струмица

ООУ „Маршал Тито“ Струмица Основно Општинско Училиште „Маршал Тито“ - Струмица
Primary Commune School "Marshal Tito" - Strumica Thank you for your understanding.

Ученици од 1-во до 9-то одделение.
1-st grade to 9-th grade students. Oваа Facebook страна не е профил за јавен форум за разговор, туку е напревена како профил "Fun Page" (страница за забава), во насока за поврзување на луѓе кои имаат некои заеднични интереси со основното училиште „Маршал Тито“ - Струмица.
Ве замолуваме да не праќате лични пораки со цел лична (или политичка) агенда.
Благодариме за разбирањето. This page is not a public forum for discussion, but it is made as a "Fun Page" in the direction of connecting people that have the common interest of the primary school "Marshal Tito"-Strumica. Please do not write personal messages or pursue some personal (or political) agenda.

28/05/2026

Гласови од минатото, инспирација за иднината

Со особена чест и гордост, ООУ „Маршал Тито“ - Струмица оваа година одбележа значаен јубилеј – 100 години постоење, раст, посветеност и создавање генерации ученици кои оставиле свој белег во општеството.

По повод овој голем јубилеј, подготвивме свечено видео кое ја раскажува богатата и инспиративна приказна за нашето училиште, од неговите почетоци, преку развојот низ децениите, па сè до денешниот современ образовен дом исполнет со знаење, креативност и успех.

Во видеото се прикажани бројните генерации и наставниот кадар кој бил дел од оваа значајна образовна институција во Струмица, нивниот придонес, успесите, спомените и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација. Ова е приказна за трудот, љубовта кон образованието и посветеноста на сите вработени кои низ целиот еден век ја граделе и чувале традицијата на училиштето.

ООУ „Маршал Тито“ не е само училиште - тоа е место каде што се создаваат пријателства, се негуваат вистински вредности и се градат идните генерации. Во текот на овие 100 години, училиштето претставува симбол на знаење, воспитување, култура и напредок.

Ова видео е сведоштво за еден век традиција, знаење и љубов кон нашата образовна установа.

Нека овој јубилеј биде потсетник на богатото минато, но и инспирација за иднината која допрва ќе ја создаваме заедно.

Изработил: Стојанче Кировски – наставник по информатика
Текст: Благица Устапетрова и Савета Андонова – наставници по македонски јазик
Чита: Изабела Ангелова – ученичка во VIII одделение

Во видеото се прикажани бројните генерации и наставниот кадар кој бил дел од оваа значајна образовна институција во Стру...
28/05/2026

Во видеото се прикажани бројните генерации и наставниот кадар кој бил дел од оваа значајна образовна институција во Струмица, нивниот придонес, успесите, спомените и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација. Ова е приказна за трудот, љубовта кон образованието и посветеноста на сите вработени кои низ целиот еден век ја граделе и чувале традицијата на училиштето.

Со особена чест и гордост, ООУ „Маршал Тито“ – Струмица оваа година одбележа значаен јубилеј – 100 години постоење, раст, посветеност и создавање генерации ученици...

Во свечена и пријатна атмосфера ООУ „Маршал Тито“ го одбележа големиот јубилеј - 100 години од своето постоење и успешно...
27/05/2026

Во свечена и пријатна атмосфера ООУ „Маршал Тито“ го одбележа големиот јубилеј - 100 години од своето постоење и успешно работење.

Во свечена и пријатна атмосфера, ООУ „Маршал Тито“ го одбележа големиот јубилеј – 100 години од своето постоење и успешно работење. По повод патрониот празник...

По повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, ООУ „Маршал Тито“ со особена чест и почит им ...
24/05/2026

По повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, ООУ „Маршал Тито“ со особена чест и почит им оддава благодарност на светите браќа, чие дело претставува темел на словенската писменост, култура и образование.

Нивната мисија и денес нѐ потсетува на важноста на знаењето, просветата и мајчиниот јазик како најголемо духовно богатство.

Нека овој светол празник биде поттик за сите ученици и наставници да продолжат по патот на учењето, творештвото и вистинските вредности.

Честит и вечен нека е 24 Мај - Денот на Св. Кирил и Методиј!

Со голема гордост и почит упатуваме искрени честитки до наставничката по македонски јазик Ѓургица Костадиновска, добитни...
21/05/2026

Со голема гордост и почит упатуваме искрени честитки до наставничката по македонски јазик Ѓургица Костадиновска, добитник на наградата „24 Мај - Св. Кирил и Методиј“.

Ова признание е резултат на нејзината посветеност, пожртвуваност и неизмерна љубов кон наставничката професија. Со својата работа, трпение и несебично залагање, таа остава силен белег кај учениците и придонесува за правилно воспитување и образование на младите генерации.

Честитки за ова заслужено признание и желби за уште многу успеси, инспирација и достигнувања во иднина!

Нашата ученичка Пакизе Мустафова, ученичка од IV2 одделение при ООУ „Маршал Тито“ – Струмица, постигна значаен успех на ...
21/05/2026

Нашата ученичка Пакизе Мустафова, ученичка од IV2 одделение при ООУ „Маршал Тито“ – Струмица, постигна значаен успех на литературниот конкурс организиран од Библиотеката „Благој Јанков – Мучето“ – Струмица, по повод 20 Мај – Светскиот ден на пчелата.

Ученичка од ООУ „Маршал Тито“ – Струмица со освоено трето место на литературен конкурс

Во нашето училиште денес се одржа првиот дел од церемонијата за распределба на образовни материјали, донирани од Министе...
20/05/2026

Во нашето училиште денес се одржа првиот дел од церемонијата за распределба на образовни материјали, донирани од Министерството за национално образование на Република Турција за училиштата во Северна Македонија.

Настанот беше чест да го споделиме со бројни гости, претставници на институции, наставници и ученици.

Искрена благодарност за оваа значајна донација, која ќе придонесе за подобри услови за учење, развој и поквалитетно образование за нашите ученици.

Во ООУ „Маршал Тито“ – Струмица се одржа првиот дел од свечената церемонија за распределба на образовни материјали, донирани од Министерството за национално обр....

По повод 18 Мај - Меѓународниот ден на музеите, дел од учениците од VII и IX одделение, заедно со наставничките Трајанка...
19/05/2026

По повод 18 Мај - Меѓународниот ден на музеите, дел од учениците од VII и IX одделение, заедно со наставничките Трајанка Колева и Соња Шарламанова, го посетија НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј - Струмица.

Музеите се места каде што минатото зборува, а иднината нѐ учи. По повод 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите, дел од учениците од VII...

Како дел од активноста Општествено-хуманитарна работа на тема „Додај малку боја во твојата околина“, беа реализирани пре...
18/05/2026

Како дел од активноста Општествено-хуманитарна работа на тема „Додај малку боја во твојата околина“, беа реализирани презентација и ученичка активност каде учениците заедно со наставниците: Тина Јанева, Анета Крстова, Ивана Крстова и Тони Митев, уредија дел од училишниот двор.

Како дел од активноста Општествено – хуманитарна работа со тема „Додај малку боја во твојата околина“, беа реализирани презентација и ученичка активност каде уч....

Address

Кирил и Методиј бр. 26
Strumica
2400

Opening Hours

Monday 07:00 - 18:30
Tuesday 07:00 - 18:30
Wednesday 07:00 - 18:30
Thursday 07:00 - 18:30
Friday 07:00 - 18:30

Telephone

+389 34 325577

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ „Маршал Тито“ Струмица posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to ООУ „Маршал Тито“ Струмица:

Shortcuts

Share