ООУ "Видое Подгорец" Колешино

ООУ "Видое Подгорец" Колешино

Share

“Човекот има еден живот,една татковина и една љубов“
Видое Подгорец

Photos from ООУ "Видое Подгорец" Колешино's post 10/06/2026

Крајот на оваа учебна година го заокружуваме со уште еден успех на нашите ученици.

Имено, организациониот одбор на ,,3. Детски Прличеви беседи" донесе одлука во рамки на Конкурсот за најдобра поетска творба, 🥉ТРЕТО МЕСТО да и' додели на нашата ученичка од седмо одделение, Љубица Бансколиева.

Свеченото доделување се одржа вчера, на 9.6.2026 година, во спомен-куќата на големиот македонски певец, Григор Прличев.

Честитки за Љубица и нејзината менторка Марија Брндевска.

10/06/2026

Уште една учебна година е зад нас исполнета со нови знаења, предизвици, успеси и незаборавни моменти. Ви посакувам убав, весел и летен распуст, исполнет со многу насмевки, игра и нови авантури.
Ви посакува вашата наставничка Елица Трајчева.

08/06/2026

На денешен ден е роден Видое Подгорец – еден од најзначајните македонски писатели за деца. Со своето творештво остави неизбришлива трага во македонската литература и во срцата на многу генерации читатели.

Слава му!“ 📚✨

Photos from ООУ "Видое Подгорец" Колешино's post 04/06/2026

На 30.5.2026 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа 13 Државен натпревар по биологија за основно образование.
Нашите ученици со голем труд,посветеност и заложби успешно го претставија нашето училиште:
🏆 Лука Стојановиќ VII одд. 🥉место
🏆 Филип Филипе Василие VIII одд. 🥉место
Ментор Розета Попризова
Честитки за високото постигнување,честитки за учениците и менторот!🍀🌟

Photos from ООУ "Видое Подгорец" Колешино's post 28/05/2026

Кампањата,,Читањето е супермоќ" веќе осма година ја реализира ,,Арс Ламина" таа има за цел:
✨️-поттикнување на читачките навики кај децата,
✨️- развој на читачките вештини,
✨️- негување на мајчиниот јазик,
✨️ - поддршка на училишната библиотека и настава.
Оваа година околу стотина деца од основните училишта беа наградени со награди за суперчитатели меѓу нив и нашите:
📚 Дебора Најденова
📚Драгана Стојанова ученички од осмо одделение.
Ментор: Атина Манчева
🔥Читањето е супер моќ!
Да ги поттикнуваме децата да читаат!

Photos from ООУ "Видое Подгорец" Колешино's post 26/05/2026

По повод 23 Април - Светскиот ден на книгата и авторското право, Дом на култура ,,Илинден" од Демир Хисар распиша литературен конкурс.

Имено, на конкурсот успешно учество имаа две наши ученички, Лидија Гочева од шесто одделение и Љубица Бансколиева од седмо одделение, освојувајќи две награди:

🥈ВТОРА НАГРАДА за Лидија Гочева;
🥉ТРЕТА НАГРАДА за Љубица Бансколиева.
Ментор: Марија Брндевска

Честитки за нашите ученички и нивната менторка кои достојно го промовираат нашето училиште.

Photos from ООУ "Видое Подгорец" Колешино's post 22/05/2026

По повод патрониот празник на училиштето ,,Кирил и Методиј" -Иловица и распишаниот литературен конкурс, нашата ученичка од VIII одд.Дебора Најденова
освои 🥈2(второ) место за поетска творба.
Ментор:Атина Манчева
Честитки за талентираната ученичка и менторот.🍀

22/05/2026

🐝🍯По повод 20 Мај - Светскиот ден на пчелата, ЛУБ ,,Благој Јанков - Мучето" од Струмица, распиша литературен и ликовен конкурс за учениците од основните и средни училишта од нашата земја. Учениците имаа прилика да творат на следниве теми: ,,Од цвет на цвет до мед" и ,,Најслаткиот дар од пчелите - медот, еликсир на животот".

🐝🍯На литературниот конкурс, во категорија ученици од VI до IX одделение, нашата ученичка Лидија Гочева од шесто одделение ја освои 🥈ВТОРАТА НАГРАДА.

👏Честитки за нашата талентирана и трудољубива ученичка и нејзината менторка, наставничката Марија Брндевска.

Photos from ООУ "Видое Подгорец" Колешино's post 18/05/2026

Денес учениците на часот по општество се запознаа со процесот од зрно до готов производ. Тие научија како пченицата се сее, расте, се жнее, се меле во брашно и на крај се добиваат леб и бели пецива.
II одделение- Колешино

Photos from ООУ "Видое Подгорец" Колешино's post 08/05/2026

🌍♻️ Во рамки на акцијата „Генералка Викенд“, учениците и наставниците од нашето училиште активно се вклучија во реализација на еко-активности насочени кон зачувување на животната средина.

Со активности за чистење и разубавување на околината, испративме силна порака дека секој од нас може да придонесе за почиста, поздрава и поубава средина. 🌱🌺

Горди сме на активното учество, ентузијазмот и позитивната енергија на нашите ученици, кои уште еднаш докажаа дека младите се двигатели на позитивните промени и пример за одговорно однесување во заедницата. 💚

Заедно создаваме поубава и почиста иднина за сите! 🌍♻️

#ГенералкаВикенд 🌍
#ЕкоЧас2026 ♻️
#ООУВидоеПодгорец 🏫
#ЕкоАкција 🌱
#ЗаПочистаИднина 💚

Want your school to be the top-listed School/college in Strumica?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Website

Address


Колешино
Strumica
2435

Opening Hours

Monday 07:00 - 15:00
Tuesday 07:00 - 15:00
Wednesday 07:00 - 15:00
Thursday 07:00 - 15:00
Friday 07:00 - 15:00