Helen Doron Strumica Macedonia

Helen Doron Strumica Macedonia www.helendoron.mk
Иновативен метод за рано изучување англиски

Helen Doron Early English претставува револуционерен систем за рано изучување на англискиот јазик, многу поразличен од конвенционалниот начин на учење. Хелен Дорон методот се базира на посебни материјали и креативен пристап во усвојувањето на јазикот кај децата. Со овој пристап се поттикнува природната способност кај децата за усвојување на јазикот, низ постојано слушање на јазикот дома и низ заба

вни активности на часот. Така се создава позитивна и исполнета атмосфера која го поттикнува детето да го усвои англискиот јазик како мајчин јазик. Целта е децата да научат да зборуваат странски јазик истовремено додека го учат и мајчиниот јазик т.е. пред да научат да пишуваат и да читат. Овој револуционерен систем на учење (кој денес е прифатен во светот на педагогијата), функционира преку 25 години и многу одамна се надминати сите предрасуди на многу родители и старатели кои верувале дека е невообичаено децата и бебињата да се подучуваат на друг јазик, понекогаш и пред да го научат мајчиниот. Со овој пристап Хелен Дорон го прошири сознанието дека децата имаат предиспозиции да усвојат повеќе од еден јазик истовремено и дека поттикнувањето на нивните јазични способности не го развива само нивното познавање од јазици, туку истовремено го збогатува нивниот свет и го зацврстува нивниот развој.
Хелен Дорон методот во целост е различен и уникатен метод за изучување на англискот јазик. Пред се, со овој систем можат да се едуцираат многу мали деца (бебиња од три месеци), па се до тинејџери (до 18 год). За секоја возраст има посебна програма во која методот, техниките и вокабуларот се прилагодени на возраста. Методот е лесен, музикален и брзо дава резултати. Јазикот се учи преку песни, игри и многу креативност. Секое дете при уписот добива сет со материјали за учење кои одговараат на високиот педагошки стандард, во кои има неколку цедиња со песни, ДВД и книги. Децата дома ги слушаат песните и ги гледаат видеата, со што редовно го повторуват материјалот, а од друга стана и многу се забавуваат. Наставата се изведува во мали групи најмногу до осум деца, во специјализирани простории по Хелен Дорон стандарди.

Најголемата придобивка од изучувањето на англискиот јазик по Хелен Дорон методот е тоа што децата го научуваат како мајчин јазик. Децата научуваат да размислуваат на англиски. Нивниот акцент е одличен, а комуникацијата им е слободна и флуентна. Тие не размислуваат како да се изразат на англиски, тоа им доаѓа природно. Преку овој метод, освен изучувањето на англискиот јазик, децата добиваат големи придобивки и врз нивниот ран детски развој. Нашите деца имаат подобар развој, повеќе самодоверба, самопочитување, поголема толеранција и подобри изгледи за вработување, бидејќи познавањето два јазика воедно значи и познавање на две култури (посебно ако детето почнува да ги учи рано).

Грижата за светот започнува со начинот на кој ги воспитуваме нашите деца. 👫👬👭Денес на  Денот на планетата Земја,  го сла...
22/04/2026

Грижата за светот започнува со начинот на кој ги воспитуваме нашите деца. 👫👬👭

Денес на Денот на планетата Земја, го славиме значењето на почитта, одговорноста и поврзаноста со светот околу нас. 🌍

Во Helen Doron, децата учат во средина што поттикнува свесност, љубезност и грижа за луѓето и за планетата. ❤️💙

Помагајќи им на децата да растат со емпатија и самодоверба, ги поддржуваме да станат внимателни личности кои се грижат за светот во кој живеат. 🌍

Подобра иднина започнува со вредностите што ги учиме денес. ✨

10/03/2026
02/03/2026
Смеа во училницата, радост во срцето 💙Така изгледа еден час по англиски во Хелен Дорон – природно, спонтано и со многу љ...
02/02/2026

Смеа во училницата, радост во срцето 💙
Така изгледа еден час по англиски во Хелен Дорон – природно, спонтано и со многу љубов 🌈

Тинејџерите учат англиски поинаку! 🙌Со Helen Doron методот, тие развиваат богат вокабулар и практични јазични вештини шт...
11/12/2025

Тинејџерите учат англиски поинаку! 🙌
Со Helen Doron методот, тие развиваат богат вокабулар и практични јазични вештини што навистина ги користат.

Кога учењето е игра – резултатите се најдобри! 🎲✨Helen Doron методот создава богат вокабулар и љубов кон англискиот јази...
03/12/2025

Кога учењето е игра – резултатите се најдобри! 🎲✨
Helen Doron методот создава богат вокабулар и љубов кон англискиот јазик.

🌟 Paul Ward’s Explorer – граматика и пишување на забавен начин! 🌟Во Helen Doron училиштата, децата учат англиски природн...
01/12/2025

🌟 Paul Ward’s Explorer – граматика и пишување на забавен начин! 🌟

Во Helen Doron училиштата, децата учат англиски природно и со многу мотивација.
Со програмата Paul Ward’s Explorer, учениците ја зајакнуваат граматиката, го прошируваат вокабуларот и учат да пишуваат сигурно и креативно – преку приказни, игри и интерактивни задачи. ✏️
👉 Учиме со насмевка, напредуваме со самодоверба!

⏰Термин :
Вторник и четврток од 19:15 до 20:15 часот

14/11/2025

Со Helen Doron методот, децата го учат англискиот јазик природно – преку сите сетила, игра и музика. 🎵🧠

Кога музиката и играта се дел од учењето – резултатите се неверојатни! 🎶

Учење што се чувствува, слуша и доживува! 👂🎨🎵

Англиски јазик што се учи со насмевка!

✨ 💙 Ново и поудобно искуство со Helen Doron Stream App! ✨📲🩵📲Helen Doron Stream App сега е:💫 Персонализирана – прилагоден...
13/11/2025

✨ 💙 Ново и поудобно искуство со Helen Doron Stream App! ✨📲🩵📲

Helen Doron Stream App сега е:
💫 Персонализирана – прилагодена само за тебе
📴 Целосно функционална офлајн – учи и слушај каде и да си
🎨 Модерен и свеж дизајн – полесно, поубаво, подобро!

Сега е полесно од кога и да е да ги слушаш аудиофајловите секој ден! 🎧
Продолжи да учиш, растеш и се забавуваш со Helen Doron! 💙

Отвори ја апликацијата и уживај во твоите омилени песни, приказни и активности – секој ден, каде и да си! 🩵

👉🏼 Преземи сега:
📱 Google Play Store
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.helendoron.stream

🍎 App Store
https://apps.apple.com/pl/app/helen-doron-stream-new/id6737546915

Fun with  Flupe - програма за деца од 3 до 5 години преку која децата влегуваат во магичен свет на едукација и на забаве...
12/11/2025

Fun with Flupe - програма за деца од 3 до 5 години преку која децата влегуваат во магичен свет на едукација и на забавен начин го учат англискиот јазик како мајчин.

⏰Термин:
среда и петок 16:00-17:00

Address

Гоце Делчев бр. 23
Strumica
2400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Helen Doron Strumica Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Helen Doron Strumica Macedonia:

Shortcuts

Share

Category