🥖 Џамбо сендвич со Poultry Nuggets и пршута 🥖
Потребни состојки:
- Poultry Nuggets полуподготвени на .ptuj.macedonia
- пршута
- леб 🥖
- павлака
- кашкавал 🧀
- марула 🥬
- ротквици
- лук 🧄
- путер 🧈
- магдонос
- сол 🧂
Начин на подготовка:
🐔 Полуподготвените Poultry Nuggets запржете ги една минута во врел зејтин.
🫕 Во помал сад, растопете путер, додадете ситно сецкан лук и магдонос и промешајте. Потоa, додадете кора и сок од лимон и со оваа смеса разбркајте ги испржените Poultry Nuggets.
🥖 Лебот пресечете го на половина по должина, премачкајте со павлака, ставете парчиња пршута, потоа ставете ги пилешките Poultry Nuggets, па врз нив рендан кашкавал, сецкана марула и ротквица, попрскајте со масло, сол и сок од лимон и уживајте во вкусот.
Balkan Twist
Спој на традиционалното со модерното.
Најдобрата балканска кујна.
🫛 Грашок манџа со пилешко месо 🐔
Потребни состојки:
- пилешки стек 🐔
- грашок 🫛
- морков 🥕
- кромид 🧅
- компир 🥔
- зачини: сол, црн пипер, вегета и црвен пипер 🧂
Начин на подготовка:
🔪 Зеленчукот и месото насецкајте ги на коцки.
🧅🥕 Потоа, ставете ги морковот и кромидот да се пржат на загреана тава со масло.
🐔 Кога ќе се задржат, додадете го пилешкото месо да се пржи.
🧂 Кога убаво ќе се испржи, зачинете и додадете топла вода.
🥔 Додадете ги компирите и оставете на тивок оган да се крчка.
🫛 На 10 минути пред крај, додајте го грашокот.
🐔 Cordon Bleu со сос од спанаќ 🐔
Брз рецепт со Cordon Bleu со пилешка салама потпечени во Аir Frayer, вкусен сос од спанаќ и гарнир пире 👌🐔
Потребни состојки:
- Cordon Bleu полнети со кашкавал и пилешка салама на .ptuj.macedonia
- компир 🥔
- спанаќ
- кромид 🧅
- лук 🧄
- пилешки бујон 🐔
- павлака за готвење 🥛
- пармезан
- сол и црн пипер 🧂
Начин на подготовка:
🐔 Полу подготвените парчиња Cordon Bleu ставете ги во Аir Frayer na 200 степени 15 минути. Може да се печат и во фурна или да се потпржат.
🥔 Компирот сварете го и подгответе пире за гарнир.
🥣 Во тава со загреано масло пропржете ги кромидот и лукот. Кога ќе омекнат додајте им пилешки бујон и оставете на тихо да крчкаат додека убаво не омекнат.
🥛 Потоа, додадете малку павлака за готвење и спанаќот и зачинете.
На крај додајте рендан пармезан. Промешајте и оставете да се крчка додека не се добие убав сос и сервирајте.
Hot dog 🌭 со чедер сос
Потребни состојки:
- екстра виршли од .ptuj.macedonia 🌭
- багет или леб за хот дог 🥖
- сланина 🥓
- кромид 🧅
- кисели краставички🥒
- компир🥔
- чедар кашкавал🧀
- сенф
- млеко🍼
- брашно🍚
- путер🧈
- сол и црн пипер🧂
Начин на подготовка:
🥔Компирот насечете го на тенки ленти и испржете го.
🥓Виршлите замотајте ги со парчиња сланина и потпржете ги во грил тава.
🫕За сосот, во тавче растопете коцка путер, додадете лажичка брашно постојано мешајќи, и постепено додавајте млеко.
🧀 Зачинете со сол и црн пипер и кога ќе почне да се згуснува додајте рендан чедар кашкавал. Мешајте додека да се добие убав сос.
🌭 Во лепчето најпрво ставете ја виршлата со сланината, додадете сенф, потоа помфрит, сос со чедар и завршете со ситно сецкани кромид и кисели краставички.
28/02/2024
Омилената на многу од нас Цезар салата.
Сега можете веќе и дома да си ја подготвувате. Ги најдовме идеалните состојки за совршена цезар салата 🥗 😋👌💯
07/02/2024
Во природа се е повкусно. Сендвич со скуша печена на камен зачинета со убавините на природата во зима 🐟👌💯😋
30/01/2024
Пилешки пржени крилца 🐔😋👌💯
Идеални за мезе особено со пиво кога треба да се гледа филм, фудбал или некоја друга утакмица, или пак за обична седенка со друштво. 👌
Подготвени на овој начин се многу крцкави однадвор, а сочни внатре. 👌
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Telephone
Website
Address
Strumica
2400
07/02/2024
07/02/2024
07/02/2024