Центарот за гитара и музичка едукација врши професионална едукација за гитара со музичка писменост.
Address
Културен Центар Антон Панов
Strumica
2400
Opening Hours
| Thursday | 14:00 - 19:00 |
| Friday | 14:00 - 19:00 |
| Saturday | 09:00 - 18:00 |
Telephone
Website
Alerts
Be the first to know and let us send you an email when Центар за гитара Edu Guitar posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.
Contact The School
Send a message to Центар за гитара Edu Guitar:
Shortcuts
Category
Our Story
Центарот за гитара и музичка едукација Edu Guitar започна со работа на 1ви септември 2015г. Едукацијата ја води проф.Македонка Ичева Ангелова која во 2014та година дипломираше на факултетот за музичка уметност во Скопје отсек класична гитара во класата на проф. Тања Јанкова. Целите за кои се формираше овој Центар се поголема музичка писменост помеѓу учениците, збогатување на културата во градот Струмица и Р. Македонија преку нови успешни и талентирани ученици и промоција на гитарата како најпрактичен а воедно најпопуларен инструмент на денешницата. Центарот нуди можност за два отсека а тоа се класичен и популарен отсек. Во класичниот се изучуваат три предмета а тоа се инструмент, музичка теорија и солфеж додека во популарниот отсек се изучуваат инструмент и пеење. Едукацијата во овој Центар е одлична можност за сите оние кои сакаат да почнат да се запознаваат и усовршуваат професионално со гитарата но и да се подготвуваат за приемни испити и аудиции. Времетраењето на курсот зависи од посветеноста на ученикот. Ученикот за да го заврши целиот курс треба да усвои осум степени кои се изготвени според наставниот план и програм од Центарот. Временската рамка за усвојување на еден степен не е ограничена и секој индивидуално ги усвојува степените. Во популарниот отсек се работи во групи составени од најмногу четири ученика кои формираат свој сопствен бенд преку кој обработуваат популарни композиции аранжирани за повеќе гитари и гласови и стекнуваат музичка писменост преку детално изучување на музичката теорија. Во класичниот отсек работиме во групи составени од 3 ученика кои изучуваат солистички и камерни класични мастер дела, солфеж и опширна музичка теорија. Двапати годишно Центарот организира бесплатни концерти за учениците(завршен и Божиќен концерт), еднаш годишно фестивал на авторска песна каде учениците презентираат свои сопствени композиции, оркестар, семинар, едукативни квизови, натпревар и работилници. На крајот од секоја година на учениците се доделуваат сертификати за завршени степени додека на крајот од целиот курс добиваат диплома за завршен курс по популарна или класична гитара.