ООМУ „Боро Џони“ - Струмица

ООМУ „Боро Џони“ - Струмица Општинско основно музичко училиште

ООМУ „Боро Џони“ – Струмица е единствено училиште од таков карактер во нашата општина и пошироко во регионот.
Учуилиштето го посетуваат ученици не само од нашата општина, туку и од соседните општини и подалеку.
Кај нас учениците се стекнуваат со основно музичко образование паралелно со основното задолжително образование, за професионално ориентирање и стекнување општа музичка култура.
Работата на Музичкото училиште носи во себе, ако е добро насочена, големи можности за влијание па и преобразба на средината. Иако основната задача на музичкото училиште е музичкото образование на младите, подготвување и оспособување на идни композитори, музички уметници, педагози, критичари и музички писатели, што значи работа на професионален музички кадар без кој нема развиток на врвната музичка култура, сепак, пошироко гледано, општественото и културно влијание на музичкото училиште е, исто така, негова мошне важна и одговорна задача.
Развивањето љубов кон музиката преку јавни настапи на своите ученици и наставници, музичкото училиште мора да настојува за остварување на културна клима, во својата локална средина, која би донела поголемо познавање и разбирање на музичката уметност, што несомнено е чекор напред во растежот на духовната надградба, која на човекот му е неопходна потреба.

🎸Од 22-24 мај во Ниш, 🇷🇸 се одржа еден од најзначајните натпревари по гитара на овие простори, на кој учениците од класа...
24/05/2026

🎸Од 22-24 мај во Ниш, 🇷🇸 се одржа еден од најзначајните натпревари по гитара на овие простори, на кој учениците од класата на наставникот Васко Пиличев постигнаа одлични резултати.

Солисти:

🥇Павел Пиличев
🥈Васил Попов
🥉Матеј Пиличев
🥉Митеа Горгиева

Камерни состави:

🏆Матеј Пиличев, Митеа Горгиева и Васил Попов 💯
🥇Константин Лазаров и Павел Пиличев
🥇Васил Трендов, Александра Димова и Васил Точев

Честитки за учениците и нивниот наставник за постигнатите успеси и достојното претставување на нашето училиште!

Со особена чест и гордост упатуваме искрени честитки до нашиот колега и наставник по гитара Васко Пиличев, кој на Свечен...
22/05/2026

Со особена чест и гордост упатуваме искрени честитки до нашиот колега и наставник по гитара Васко Пиличев, кој на Свечената академија по повод 24 Мај – Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, беше награден од градоначалникот Петар Јанков и Општина Струмица за постигнување на исклучителни резултати во работата и афирмација на училиштето и професијата со признанието „Св. Кирил и Методиј“

Како магистер по гитара и педагог со две децении искуство, Васко Пиличев претставува пример за професионалност, креативност и посветеност кон учениците и музичката уметност.

Неговата работа, труд и постојана ангажираност се инспирација за сите, а успесите на неговите ученици се најдобра потврда за квалитетот и љубовта со која ја извршува својата професија.

Му честитаме на заслуженото признание и му посакуваме уште многу идни успеси, нови достигнувања и продолжување на успешното претставување на нашето училиште!

Денес, во рамките на чествувањето на патрониот празник на нашето училиште, со длабока почит се поклонивме пред ликот и д...
21/05/2026

Денес, во рамките на чествувањето на патрониот празник на нашето училиште, со длабока почит се поклонивме пред ликот и делото на нашиот патрон, Боро Џони.

Во знак на вечно сеќавање и благодарност беше положено свежо цвеќе пред неговиот споменик. На овој свечен чин присуствуваа и оддадоа почит:
Заменик-градоначалникот на Општина Струмица, Владимир Ристов заедно со претставници од Локалната самоуправа,
директорот на училиштето, заедно со наставниот кадар, директори и претставници од други училишта и институции и нашите ученици.

Нека ни е честит и вековит патрониот празник!

🎼Синоќа, во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, со многу емоции, музика и гордост го одбележавме патрониот празник на нашето...
21/05/2026

🎼Синоќа, во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, со многу емоции, музика и гордост го одбележавме патрониот празник на нашето училиште. Нашите ученици уште еднаш го покажаа својот раскошен талент и со прекрасен концерт приредија вечер за паметење!

✨ Беше чест што меѓу бројната публика беа и високи гости кои ни дадоа силна поддршка: Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, Претседателот на Советот на Општина Струмица, Никола Маџунков, членови на Советот, како и Борис Џонов – внук на нашиот патрон.

🏆 Оваа празнична вечер беше и убав повод да им се оддаде признание на оние кои се гордост на нашето училиште – најдобрите и највредните ученици:

Ученик на генерацијата:

-Јован Филев

Награда „Боро Џони“ (доделена од семејството Џонови):

-Петар Маџиров

-Славе Тимов

-Елизабета Бонева

-Дарија Ѓеоргијова

Награда за афирмација на училиштето:

-Анастасија Костова

Честитки до сите наградени ученици, до нивните наставници и до сите учесници кои придонесоа за успешна реализација на овој прекрасен концерт!

Со особена чест Ве покануваме на свечениот концерт по повод патрониот празник на ООМУ „Боро Џони“.Концертот ќе се одржи ...
18/05/2026

Со особена чест Ве покануваме на свечениот концерт по повод патрониот празник на ООМУ „Боро Џони“.

Концертот ќе се одржи во Среда, 20.05.2026 година, со почеток во 20:00 часот, во НУЦК „Антон Панов“.

🎼Синоќа во нашето училиште се одржа  Виолинфест – фестивал посветен на млади и талентирани виолинисти, кој имаше за цел ...
12/05/2026

🎼Синоќа во нашето училиште се одржа Виолинфест – фестивал посветен на млади и талентирани виолинисти, кој имаше за цел да ја промовира класичната музика и да создаде простор за уметнички развој и инспирација.

🎻Во рамките на програмата настапија 20 млади виолинисти од Штип, Струмица, Гевгелија, Кочани и Неготино, придружувани на пијано од Емилија Кабранова Филипова. Од нашето училиште настапија ученици од класата на наставничка Костадинка Ончева и наставничка Маја Витанова.

Претходната недела во Штип се одржа меѓународниот натпревар „Сергеј Михајлов“, на кој нашите ученици постигнаа извонредн...
27/04/2026

Претходната недела во Штип се одржа меѓународниот натпревар „Сергеј Михајлов“, на кој нашите ученици постигнаа извонредни резултати и се закитија со голем број награди. 👏

🎼 Теорија на музиката
🏆 Давид Глигоров – I награда 💯
🏆 Миле Шпиров – I награда 💯
🏆 Весна Граматикова – I награда 💯
🥇 Александра Димова – I награда
🥇 Вероника Туфекчиева – I награда
🥇 Ана Појразовска – I награда
🥈 Јоана Поповска – II награда
🥈 Олгица Манчева – II награда
🥈 Ана Димова – II награда
🥈 Христијан Наков – II награда
👨‍🏫 Наставник: Душко Филев

🥇 Стефанија Арабаџиева – I награда
👩‍🏫 Наставничка: Марина Грозданова

🥇 Јован Филев – I награда
👩‍🏫 Наставничка: Ана Тимова

🎵 Солфеж
🥇 Теодора Арсов – I награда
👩‍🏫 Наставничка: Марина Грозданова

🥇 Јован Филев – I награда 💯
🥇 Јана Витларова – I награда
👩‍🏫 Наставничка: Ана Тимова

🎸 Гитара
🏆 Павел Пиличев – I награда 💯
🥇 Матеј Пиличев – I награда
🥇 Митеа Горгиева – I награда
🥇 Васил Попов – I награда

🏆 Константин Лазаров и Павел Пиличев – I награда 💯 – дуо гитари
🏆 Матеј Пиличев, Митеа Горгиева и Васил Попов – I награда 💯 – трио гитари
🏆 Васил Трендов, Александра Димова и Васил Точев – I награда 💯 – трио гитари
👨‍🏫 Наставник: м-р Васко Пиличев

🎶 Традициски инструменти
🥇 Давид Глигоров, Лео Коцев, Јован Филев, Коста Ѓоргиев, Васил Костов, Ѓорѓи Христов, Миле Шпиров и Јосиф Манев – I награда
👨‍🏫 Наставник: Игор Ангелов

🎹 Пијано
🥇 Никита Георгијевски – I награда
👩‍🏫 Наставничка: Ана Тимова

🥇 Јован Филев – I награда
👩‍🏫 Наставничка: Милка Ганчева

🥇 Дарија Ѓеоргијова – I награда
👩‍🏫 Наставничка: Марина Грозданова

🥇 Драгана Рајкова – I награда
🥇 Кирил Мицев – I награда
🥇 Теодосиј Миланов – I награда
🥇 Јана Ристов – I награда
🥇 Јана Витларова – I награда
🥇 Андреа Танчевска – I награда
🥉 Христијан Наков – III награда
🥉 Наум Гогов – III награда
🥇 Марија Трендафилова и Јован Трендафилов – I награда (пијано четирирачно)
👨‍🏫 Наставник: Зоран Мазнејков

🏆 Елизабета Бонева – I награда 💯
🏆 Ана Бонева – I награда 💯
🥇 Зорица Ѓоргиева – I награда
🥈 Леона Глигорова – II награда
👩‍🏫 Наставничка: Ленче Мазнејкова

🥇 Ива Андоновска – I награда
🥇 Ана Милковска – I награда
🥈 Снежана Миладинова – II награда
🥉 Илија Младенов – III награда
👩‍🏫 Наставничка: Жана Џибулова

🥇 Рахела Димова – I награда
🥈 Мила Ѓорѓиева – II награда
🥉 Ангела Коцева – III награда
👨‍🏫 Наставник: м-р Александар Бончев

🥇 Магдалена Кончалиева – I награда
🥇 Деа Тасева – I награда
🥇 Јован Андонов – I награда
🥈 Никол Ѓоргиева – II награда
🥈 Ели Стојчев – II награда
🥈 Зоран Петров – II награда
🥈 Маркијан Милковски – II награда
🥉 Никола Манев – III награда
👨‍🏫 Наставник: Дарко Атанасов

🎻 Виолина
🏆 Лилјана Граматикова – I награда 💯
🥇 Лара Панделиева – I награда
🥇 Мила Џонлага – I награда
🥇 Ива Хаџи Котарова – I награда
🥇 Изабела Георгиева – I награда
🥇 Теодора Арсов – I награда
🥇 Лара Пиличева – I награда
🥇 Јована Кљанкова – I награда
🥇 Ангела Горгиева – I награда
🥇 Добрила Горгиева – I награда
🥇 Меланија Кондева – I награда
🥇 Славе Тимов – I награда
🥈 Јована Микиќ – II награда
🥈 Стефанија Арабаџиева – II награда
👩‍🏫 Наставничка: Костадинка Ончева

👏 Честитки за сите ученици и нивните наставници за постигнатите резултати! 🎶

🎶 Денес дечињата од ЈОУДГ „Детска радост“ го посетија нашето училиште, каде низ игра, песна и дружење се запознаа со раз...
22/04/2026

🎶 Денес дечињата од ЈОУДГ „Детска радост“ го посетија нашето училиште, каде низ игра, песна и дружење се запознаа со различни музички инструменти. Со голема радост учествуваа во активностите, пееја заедно и имаа можност да слушнат и пробат дел од инструментите. 🎵

Посетата беше прекрасно и едукативно искуство кое им ја доближи љубовта кон музиката и им донесе многу насмевки и убави моменти. 💙

🇺🇸 Неодамна се одржа онлајн меѓународен натпревар во Атланта, САД, на кој учениците по гитара од класата на наставник м-...
20/04/2026

🇺🇸 Неодамна се одржа онлајн меѓународен натпревар во Атланта, САД, на кој учениците по гитара од класата на наставник м-р Васко Пиличев постигнаа извонредни резултати и достојно го претставија нашето училиште:

🎸 Гитара:

Матеј Пиличев – „Голема Награда“💯
Павел Пиличев – I награда со почести
Митеа Горгиева – I награда
Васил Попов – I награда

🎸 Камерна музика:

-Трио гитари (Матеј Пиличев, Митеа Горгиева и Васил Попов)
„Голема награда“ 💯
-Дуо гитари (Константин Лазаров и Павел Пиличев)
I награда со почести
-Трио гитари (Васил Трендов, Александра Димова и Васил Точев) I награда со почести

Денес во Битола се одржа меѓународниот натпревар „Михајло Николовски“ по теоретски предмети за учениците од музичките уч...
17/04/2026

Денес во Битола се одржа меѓународниот натпревар „Михајло Николовски“ по теоретски предмети за учениците од музичките училишта, на кој нашето училиште достојно се претстави со врвни резултати, и тоа:

🎼 Солфеж
• Јован Филев – специјална награда 💯
• Јана Витларова – прва награда

🎼 Теорија на музиката
• Јован Филев – прва награда 💯
(Наставнчка Ана Тимова)

🎼 Солфеж
• Теодора Арсов – прва награда

🎼 Теорија на музиката
• Невена Стојчева – специјална награда 💯
• Стефанија Арабаџиева – специјална награда 💯
(Наставничка Марина Грозданова)

🎼 Теорија на музиката
• Давид Глигоров – прва награда
• Јоана Поповска – прва награда
• Вероника Туфекчиева – прва награда
• Олгица Манчева – прва награда
• Ана Димова – втора награда
• Христијан Наков – трета награда
(Наставник: Душко Филев)

🇲🇰Изминативе три дена во Скопје се одржа 64-тиот Државен натпревар за основните музички училишта. Како и секоја година, ...
09/04/2026

🇲🇰Изминативе три дена во Скопје се одржа 64-тиот Државен натпревар за основните музички училишта. Како и секоја година, така и оваа, нашето училиште се вброи меѓу најбројните и најуспешните, што се потврдува и со постигнатите резултати. 🎶

Со гордост ги споделуваме успесите на нашите ученици:

🪗 Хармоника
-Давид Глигоров – I награда
-Јосиф Ицев – I награда
-Јосиф Манев – II награда
-Теа Ицева – II награда
Наставник: Петар Стојанов

-Никола Јанев – II награда
Наставник: Георги Костов

🎸 Гитара
-Матеј Пиличев – I место 💯
-Митеа Горгиева – I место
-Павел Пиличев – I награда
-Васил Попов – I награда
Наставник: м-р Васко Пиличев

🎷 Саксофон
- Сузана Темелкова – II награда
Наставник: Динчо Илиев

🎶 Обоа
-Петар Маџиров – I награда
Наставник: Динчо Илиев

🎹 Пијано
-Ана Бонева – I место
-Елизабета Бонева – II награда
Наставничка: Ленче Мазнејкова

-Лана Митрева – I награда
-Ева Кочева – II награда
-Јован Филев – II награда
-Анамарија Кондева – III награда
Наставничка: Милка Ганчева

-Христијан Гоцев – I награда
-Јана Витларова – II награда
Наставник: Зоран Мазнејков

-Кристина Трендова – I награда
-Никита Георгијевски – II награда
Наставничка: Ана Тимова

-Јован Андонов – II награда
-Деа Тасева – II награда
Наставник: Дарко Атанасов

-Дарија Ѓеоргијова – I награда
Наставничка: Марина Грозданова

🎻 Виолина
-Славе Тимов – I награда
-Лилјана Граматикова – I награда
-Меланија Кондева – II награда
-Ива Хаџи Котарова – II награда
-Изабела Георгиева – III награда
-Теодора Арсов – III награда
-Лара Пиличева – III награда
-Стефанија Арабаџиева – III награда
-Елена Јованова – III награда
Наставничка: Костадинка Ончева

-Анета Георгиева – II награда
-Кристина Новеска – II награда
-Јана Величкова – III награда
-Матеј Тодоров – III награда
-Анастасија Коцева – пофалница
-Ангела Вета – II награда
Наставничка: Маја Витанова

🎼 Теорија на музиката
-Јован Филев – I награда
Наставничка: Ана Тимова

-Давид Глигоров – II награда
-Рони Карастоева – III награда
-Јоана Поповска – III награда
-Олгица Манчева – III награда
-Вероника Туфекчиева – III награда
-Весна Граматикова – диплома за учество
-Александра Димова – диплома за учество
-Миле Шпиров – диплома за учество
-Ана Појразовска – диплома за учество
-Ана Димова – диплома за учество
-Ели Стојчев – диплома за учество
Наставник: Душко Филев

-Невена Стојчева – I награда
-Стефанија Арабаџиева – III награда
Наставничка: Марина Грозданова

🎵 Солфеж
-Јован Филев – I место 💯
-Јана Витларова – I место 💯
Наставничка: Ана Тимова

-Теодора Арсов – I награда
Наставничка: Марина Грозданова

✍️Посебна чест е што наставници од нашето училиште беа дел и од жири-комисиите:

-Ана Тимова (солфеж и теорија),
-Ленче Мазнејкова (пијано),
-Костадинка Ончева (виолина),
-м-р Васко Пиличев (гитара),
-Петар Стојанов (хармоника) и
-Динчо Илиев (флејта, обоа и фагот).

Address

Ѓорѓи Трајков 19
Strumica
2400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООМУ „Боро Џони“ - Струмица posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to ООМУ „Боро Џони“ - Струмица:

Shortcuts

Share

Category