Нашите првачиња од 1-г со многу радост и возбуда учествуваа на Радовишкиот детски карневал! Преку прекрасната маска на Пинокио, тие ја претворија познатата бајка во реалност, ширејќи насмевки и весела атмосфера низ целиот дефиле.
ООУ,,Видое Подгорец“ Струмица
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ООУ,,Видое Подгорец“ Струмица, Elementary School, , Први мај“ број 34, Strumica.
04/06/2026
На литературниот конкурс распишан од Дом за деца и млади „Благој Мучето” Струмица на тема: „Мојот посакуван летен распуст” нашите ученици ги освоија следните награди:
Стефанија Зимбакова IX одд. - прва награда
Ментор: Фросина Милева
Ана Марија Митева VIII одд. - втора награда
Ментор: Софија Крстева
Ангела Маказлиева VII одд. - трета награда
Ментор: Маја Годева
Им честитаме на ученичките и нивните ментори
03/06/2026
🍀На ден 30.05 се одржа Државен натпревар по биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Нашите ученици постигнаа голем успех и одлични резултати🍀
🥈Коста Вртев - II награда
🥈 Катарина Делева- II награда
ментор: Александар Зарински
✨️ЧЕСТИТКИ ДО УЧЕНИЦИТЕ И МЕНТОРОТ ЗА ОДЛИЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ И УШТЕ ПОГОЛЕМИ УСПЕСИ И ПОНАТАМУ!✨️
01/06/2026
По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето, реализиравме едукативна активност под мотото „Сончеви херои“.
☀️Учениците имаа можност да научат како правилно да се заштитат од сончевите зраци преку интерактивна едукација реализирана од страна на специјалист доктор Катерина Јовановска.
🏖️ Докторката ни ја откри тајната -Сончевите херои другаруваат со сонцето на паметен и безбеден начин - користат заштитен крем, носат капа и очила за сонце, пијат повеќе вода, внимаваат на своите бемки и редовно ги контролираат.
Со знаење и грижа за здравјето, сите заедно стануваме вистински Сончеви херои! 🌞🧢💧💛
💜 Упатуваме благодарност и до BIODERMA за грижливо подготвените подароци наменети за нашите првачиња.
#ОдговорноУживајВоЛетото
#БидиСончевХерој
30/05/2026
✨Драги полуматуранти од ООУ „Видое Подгорец“,📚
💫Денес затворате едно важно поглавје исполнето со знаење, другарства, насмевки и незаборавни спомени.💕
Со гордост чекорите кон нови предизвици и можности, носејќи ги со себе вредностите што ги стекнавте во училиштето.
Ви посакуваме храброст да ги следите своите соништа, мудрост да носите добри одлуки и успех на секој нареден чекор.
Нека вашите иднина биде исполнета со среќа, радост и многу достигнувања.
Среќно, драги полуматуранти!🍀❣️💟✨
28/05/2026
Во организација на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица денеска се одржаа Републичките детски средби „Цвеќе 2026“.
На натпреварот во групно цртање со мотив Цвеќе техника сув пастел учествуваа нашите ученички од 9 одделение
Надица Георгиева
Марија Милкова
Теодора Тупарова
По распишаниот ликовен конкурс на тема „Цвеќе“ со 🥉 Трета награда се здоби нашата ученичка
Ангела Котева 7г одделение👏👏👏
Честитки за наградените и учесниците на на оваа прекрасна манифестација🌹❤️
28/05/2026
📚Со големо задоволство нашите ученици го посетија Саемот на книгата, каде имаа можност да се запознаат со голем број интересни наслови, автори и издавачки куќи.📚🌱🌸📔📖
Ваквите активности придонесуваат за развивање на читачките навики и љубовта кон книгата уште од најрана возраст.
27/05/2026
Плазма игри Струмица.
Прво место Атлетика
Марта Поп Димитрова 3 одд
Прво место Народна
ООУ ,,Видое Подгорец" Струмица
Одиме на државно во Скопје🤝🙏
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Telephone
Address
, Први мај“ број 34
Strumica
2400