UP Hub - Струмица

UP Hub - Струмица

Share

Up Hub - Едукативен Центар

Целта на „UP Hub“ e да ги поддржи младите да стекнат нови или да ги подобрат постоечките вештини, како и да ги обедини креативните лица од различни профили за да се иницираат идни соработки. UP Hub програми:
Meet-UP - Networking Programme
Team-UP Cooperation Programme
Skill-UP Training Programme
Level-UP Mentoring Programme

Оваа страна е изработена со финансиска помош на Европската Унија, во рамки на Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција - Северна Македонија

Photos from UP Hub - Струмица's post 16/05/2026

💬 Од лични финансиски одлуки до јавни финансии

Во рамки на обуката за финансиски вештини во Up Hub Струмица, посебно внимание беше посветено на врската меѓу личните и јавните финансии.

Предавачите Олга Рајчиќ, претприемач, експерт за бизнис развој и едукатор за финансиски вештини, и Пламен Тодоров, меѓународен експерт од областа на проектниот менаџмент и финансиите, преку практични примери ги поврзаа темите за потрошувачка, штедење, инвестирање и формална работа со економската активност, даночните приходи и буџетот.

💡Финансиите не завршуваат со личниот буџет. Начинот на кој трошиме, штедиме, инвестираме и работиме се поврзува со економијата, даноците, буџетот и јавните услуги што ги користиме секој ден.
Обуката се одржа како дел од проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“.

👉 Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а го спроведуваат партнерите од Југоисточен регион - здруженијата Промо Идеа и Новус од Струмица, како и Здружение Круна Плус Радовиш.

Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in North Macedonia

Photos from UP Hub - Струмица's post 15/05/2026

📈 Финансиски одлуки што почнуваат од личниот буџет

Еден од фокусите на обуката за финансиски вештини во Up Hub Струмица беше практичното разбирање на личните финансии - како се распределува доходот, што значи штедење, кога зборуваме за инвестирање и како инфлацијата влијае врз реалната вредност на парите.

✅ Заедно со предавачите Олга Рајчиќ и Пламен Тодоров, учесниците работеа и на теми поврзани со пазарот на капитал, акции, обврзници, ризик, принос и диверзификација, со акцент на тоа дека инвестирањето не е брза одлука, туку процес кој бара информации, проценка и јасна цел.

Обуката се одржа како дел од проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а го спроведуваат партнерите од Југоисточен регион - здруженијата Промо Идеа и Новус од Струмица, како и Здружение Круна Плус Радовиш.

Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in North Macedonia

Photos from UP Hub - Струмица's post 18/12/2025

📈 Инвестирање и финансиски вештини за млади

🟢Во Up Hub Струмица се одржа едукативен настан посветен на инвестирањето и развојот на финансиски вештини кај младите, со фокус на разбирање на основите на пазарите на капитал и донесување финансиски одлуки врз база на релевантни информации.

Предавач на настанот беше Иван Ивановски, долгогодишен инвеститор на меѓународните пазари на капитал, кој со учесниците сподели практични искуства и пристапи поврзани со инвестирањето и управувањето со личните финансии.

✔️Големиот интерес и активната дискусија потврдуваат дека младите имаат силна потреба од квалитетни, практични и применливи финансиски вештини и знаења.

Овој настан се одржа како дел од проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas, а го спроведуваат партнерите од Југоисточен регион - здруженијата Промо Идеа и Новус од Струмица, како и Здружение Круна Плус Радовиш.

Photos from UP Hub - Струмица's post 12/05/2025

🟢Младите дебатираа – Кој ги плаќа пензиите?

Во Up Hub Струмица во хибриден формат, се одржа дебата за пензискиот систем во 🇲🇰 и за изворите на финансирање на пензиите.

Предмет на дискусија беа трите пензиски столбови:

➡️Првиот, задолжителен пензиски фонд од кој се исплаќаат тековните пензионери по принципот на „генерациска одговорност“,

➡️Вториот, кој исто така е задолжителен, но е индивидуален за секој вработен и претставува лична пензиска заштеда;

➡️Третиот пензиски столб, кој е доброволен и во кој може да се вклучат сите лица од 15 до 70 години, независно од нивниот работен статус!

Како централна тема на дебатата – изворот на финансирање на пензиите, предмет на дискусија беа институциите поврзани со пензискиот систем – односно фондот за пензиско и инвалидско осигурување, како и приватните пензиски друштва.

✅ Заклучокот е дека за да функционира пензискиот систем, клучна улога имаат вработените и генералната економска состојба во државата!

Дебатата се одржа како дел од проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“ кој има за цел да го подобри нивото на финансиска писменост и финансиски знаења на младите лица во Југоисточен регион!

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија Embassy of Switzerland in North Macedonia преку Civica Mobilitas, а го спроведуваат партнерите од Југоисточен регион - здруженијата Промо Идеа и Новус од Струмица, како и Здружение КРУНА ПЛУС Радовиш.

Photos from UP Hub - Струмица's post 01/12/2023

🟢 Како дел од бесплатниот тренинг модул за проектен менаџмент, во Up Hub оваа недела се реализираше последната сесија, во чии рамки учесниците имаа можност да се запознаат со добра практика од проектен менаџмент во областа на туризмот!

✅ На самиот крај од предавањето, учесниците се стекнаа со заслужениот сертификат за успешно завршен тренинг модул.

✨ Благодарност до нашите предавачи и гости Пламен Тодоров, Александар Кржаловски, Хари Шутоски и Марко Пауновиќ кои своето искуство и практично знаење го споделија со нас!

👉🏻 Следете нѐ и понатаму за да бидете во тек со новите активности и идните програми кои ги подготвуваме!

#чекорпогоре 📈

Photos from UP Hub - Струмица's post 25/11/2023

🟢 Оваа недела во рамките на тренинг модулот за проектен менаџмент во Up Hub имавме можност да учиме од нашиот гостин – предавач Марко Пауновиќ, Извршен Директор на Out of the Box (OTB) Europe, со седиште во Брисел.

✅ На предавањето учесниците се запознаа со повеќе аспекти од процесот на подготовка на проекти и дознаа кои се суштинските елементи кои треба да се содржат во проектните предлози. Дополнително, го проширивме своето знаење и со информации за карактеристиките на различните програми.

💡 Марко нѐ охрабри дека искуството не е секогаш задолжително за пишувањето проекти. Дополнително, нѐ советуваше дека и покрај тоа што постојат голем број повици за аплицирање, треба да се фокусираме на она што е применливо за нас и нашата идеја!

Им благодариме на сите учесници за активното учество!

#чекорпогоре #проектенменаџмент

Photos from UP Hub - Струмица's post 18/11/2023

💭 “Lack of finance is the most common reason for project failure. Is this true or myth?”

✅ Планирањето на потребните средства и пристапот до финансии, беа темите на кои дискутиравме во рамки на спроведувањето на тренинг модулот за проектен манаџмент во Up Hub!

👉 Учесниците имаа можност да се запознаат со повеќе програми кои нудат можности за финансирање проекти во различни области.

Оваа недела од тренинг модулот ја комплетиравме со предавањето од Пламен Тодоров, проектен менаџер во Business and Consulting Center, Bulgaria.

#чекорпогоре #проектенменаџмент

Photos from UP Hub - Струмица's post 17/11/2023

✅ Караванот на знаење на Semos Edukacija, оваа сабота е во Up Hub Струмица!

🟢 Up Hub e местото каде ќе се одржат три едукативни Meet-Up настани на различни теми и области кој може да ви помогнат да се подготвите за најбараните и најплатените професии денес!

❗ Учеството е бесплатно и местата се ограничени.
📝 Пријави се за учество 👉 https://forms.office.com/e/VLdvVpg96s

Photos from UP Hub - Струмица's post 16/11/2023

💭 “Productivity is the efficiency of creating higher value within a shorter amount of time”

🟢 Продуктивноста, како еден од клучните фактори за работата на еден проектен менаџер, беше една од темите на четвртиот ден од тренинг модулот за проектен манеџмент во Up Hub!

👨‍🏫 Оваа недела, предавач на тренинг модулот е Пламен Тодоров, проектен менаџер во Business and Consulting Center, Bulgaria, кој има 20 годишно работно искуство како проектен менаџер
👉 На предавањето учесниците имаа можност да се запознаат и со потребните вештини и карактеристики што треба да ги поседува еден проектен менаџер, како и најкорисните алатки за кои се неопходни за секојдневната работа.

✅ Управувањето со проекти нуди простор за креативност во планирање на времето и спроведување на различни активности, кои во денешно време може да биде олеснето со користење на најразлични онлајн алатки, достапни за секого, како алатки за проектен менаџмент, креирање содржини, маркетинг, cloud системи, онлајн комуникација и состаноци, презентации, истражување и анкети.

#чекорпогоре #проектенменаџмент

Photos from UP Hub - Струмица's post 11/11/2023

🟢 Првата недела од тренинг модулот за проектен менаџмент ја заокруживме со работа во групи!

👉 Учесниците, поделени во две групи, работеа на почетните документи кој се неопходни за дефинирање на областите на интервенција во еден проект, односно на проектните активности. Започнавме со подготовката на анализа на засегнатите страни, SWOT анализа, како и изработка на дрво на проблеми во областа е-трговија.

✅Преку комбиниран процес на паралелно учење и практична работа ги стимулираме учесниците на директна примена на знаењето кое го стекнуваат.

Благодарност до сите за активното учество!

#чекорпогоре #проектенменаџмент

Want your school to be the top-listed School/college in Strumica?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Website

Address


Ленинова бр. 44, ГТЦ Глобал
Strumica

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00