08/06/2026
✨ УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН „БАЗАР НА ЗАНАЕТИТЕ – ЧУВАМЕ ТРАДИЦИЈА, СОЗДАВАМЕ ИДНИНА“ ✨
Со голема радост и гордост го споделуваме успехот на првото издание на проектот „БАЗАР НА ЗАНАЕТИТЕ – ЧУВАМЕ ТРАДИЦИЈА, СОЗДАВАМЕ ИДНИНА“, реализиран во рамките на 10-тото јубилејно издание на спортската манифестација Охрид ТрчаТ 2026. Охрид трчаТ
Проектот, чиј носител е Здружението за хуманитарни, креативни и едукативни активности „СЈАЈ Анета – Охрид“, им овозможи на петмина охридски занаетчии да ги претстават своите уникатни рачни изработки пред многубројната публика и посетители на настанот.
Своите дела ги презентираа:
🔸 Драган Ѓорѓиевски – Knigovez Workshop & Gift Shop Knigovez Workshop & Gift Shop - Ohrid, R. Macedonia
🔸 Данче Наумоска – Copper Art Dani CopperArt
🔸 Билјана Тодороска – Biljana's Handmade Jewelry Brillo Ohrid
🔸 Филип Малезан – филигрански накит од сребро и природни камења Filip Malezanov
🔸 Славко Баче – дрвени играчки, сувенири и експонати
Овој настан покажа дека Охрид има вредни луѓе кои со своите раце, знаење и креативност создаваат производи што ја раскажуваат приказната за нашето културно наследство и традиција.
🙏 Искрена благодарност до Општина Охрид за финансиската поддршка преку Програмата за културен развој, како и до организациониот тим на Охрид ТрчаТ и претседателот Иван Цветкоски за можноста занаетчиите да бидат дел од еден од најголемите и најпосетени настани во нашиот град.
💛 Веруваме дека ова е само почеток на една убава приказна која ќе придонесе за поголема видливост, поддршка и развој на локалното занаетчиство.
✨ Чуваме традиција, создаваме иднина. ✨
Средствата од продадените експонати се наменети за хуманитарние активности на Здружението за хуманитарни, креативни и едукативни активности „СЈАЈ Анета – Охрид“
#БазарНаЗанаетите #СЈАЈАнетаОхрид #ОхридТрчаТ #Охрид #Занаетчиство #ЧувамеТрадицијаСоздавамеИднина #Култура #Традиција #РачнаИзработка