OЕМУЦ ''Св. Наум Охридски" - Охрид

OЕМУЦ ''Св. Наум Охридски" - Охрид OЕМУЦ "Св. Наум Охридски" - Охрид

OЕМУЦ “Св. Наум Охридски” е воспитно-образовна институција во која се школуваат ученици од електротехничката, машинската, сообраќајната и струката лични услуги од III, IV и V степен на стручна подготовка.

Во своето повеќегодишно постоење и развој Центарот бележи повеќе фази:
- Почнување со работа на Центарот, во есента 1966 год. под името Металски Центар со 4 паралелки од металска струка, опфатени 140 ученици и 8 вработени.
- Во 1970/71 година верифицирана е паралелка за машински техничари, а во 1973 и паралелки од трет и четврт степен од електротехничката струка, со што се врши и промена на името од Металски Центар во ЕМУЦ "Тито".
- Во 1993 година се врши промена на името на Центарот во ЕМУЦ "Св. Наум Охридски", а во 2007 Центарот го дополнува називот во ОЕМУЦ"Св. Наум Охридски".
- Во учебната 2006/07 во Центарот се воведува сообраќајна струка со образовен профил техничар за патен сообраќај.
- Во учебната 2009/10 во Центарот се воведува струката лични услуги преку образовниот профил козметички техничар.
Центарот е добитник на Седмоноемвриската награда во 1987 год.-највисоко признание на Охрид, а во 1990 година прогласен е за најуспешен Центар.

Во 2018 година изградена е нова спортска сала и комплетно е обновено спортското игралиште. Од 2018 година до 2021 година комплетно е реконструирана училишната зграда. Сега наставата се одвива во училници со нов училишен мебел, а предавањата се изведуваат на интерактивни табли.

Во учебната 2022/2023 Центарот брои 36 паралелки со 830 ученици и 76 вработени, од кои 56 наставници.

Андреа Савиќ е првенец на генерацијата 2026 во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – ОхридНајдобра меѓу најдобрите!Со особена горд...
11/06/2026

Андреа Савиќ е првенец на генерацијата 2026 во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид
Најдобра меѓу најдобрите!
Со особена гордост објавуваме дека првенец на генерацијата 2026 година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид е Андреа Савиќ, ученичка од електротехничката струка, образовен профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика.
Андреа е ќерка на Маја и Предраг Савиќ од Охрид и е родена на 14 октомври 2007 година. Своето образование го започнала во ООУ „Григор Прличев“ – Охрид, каде што уште од најрана возраст покажала исклучителна посветеност и љубов кон учењето, стекнувајќи диплома за континуиран одличен успех.
Нејзината љубов кон математиката се развила уште во основното образование преку учество на општински и државни натпревари, а понатаму успешно ја надградуваше во областа на електротехниката, инженерството и компјутерските науки.
Во текот на средното образование Андреа се истакна како талентирана, вредна и дисциплинирана ученичка, која сите четири години ги заврши со континуиран одличен успех и примерно поведение. Со својата посветеност, активно учество во бројни проекти, натпревари и воннаставни активности, таа достојно го претставуваше училиштето и постојано се надградуваше како личност и иден инженер.
Својот инженерски дух, креативност и аналитичко размислување ги демонстрираше преку учество на повеќе натпревари, eTwinning проекти и хакатони, меѓу кои SEEUTechPark, RoboMak, AI & Sustainability in VET Education (AISVE), Државен натпревар на стрчни училишта и др. каде што успешно ги применуваше стекнатите знаења и вештини.
Особено значаен е нејзиниот успех во областа на мехатрониката и информатиката, каде што освои прво место на 11. Меѓународен натпревар за електротехника, мехатроника и инженерство „Balkan Junior 2025“ во Словенија, на кој се натпреваруваше во конкуренција на учесници од седум држави.
Покрај одличните академски резултати, Андреа во текот на своето средношколско образование се издвојуваше и по својата скромност и добрина. Таа беше пример за другарство, одговорност и човечност, вредности кои ја прават вистински амбасадор на нашето училиште.
Од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, Андреа заминува подготвена за нови академски предизвици и за продолжување на своето образование на некој од техничките факултети. Уверени сме дека со својата посветеност, љубопитност, знаење и креативност ќе продолжи да постигнува значајни успеси и ќе биде дел од идните технолошки иновации и општествени промени.
На Андреа ѝ посакуваме многу здравје, среќа и успех во понатамошното образование и професионален развој.

Испитот по Македонски јазик и литература  во рамките на Државната матура  ќе се спроведе во четврток 11.06.2026 година с...
09/06/2026

Испитот по Македонски јазик и литература во рамките на Државната матура ќе се спроведе во четврток 11.06.2026 година со почеток во 09:00 часот.

Сите кандидати да бидат пред влезот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во 08:00 часот

Испитот по Македонски јазик и литература во рамките на Државната стручна матура ќе се спроведе во петок 12.06.2026 година со почеток во 09:00 часот.

Сите кандидати да бидат пред влезот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во 08:00 часот

Распоред на кандидатите по простории

Испитот по Македонски јазик и литература во рамките на Државната матура ќе се спроведе во четврток 11.06.2026 година со почеток во 09:00 часот.

Испитите по Математика и Англиски јазик во рамките на Државната матура и Државната стручна матура ќе се спроведат во саб...
04/06/2026

Испитите по Математика и Англиски јазик во рамките на Државната матура и Државната стручна матура ќе се спроведат во сабота 06.06.2026 година со почеток во 09:00 часот.

Сите кандидати да бидат пред влезот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во 08:00 часот

Распоред на кандидатите по простории

Испитите по Математика и Англиски јазик во рамките на Државната матура и Државната стручна матура ќе се спроведат во сабота 06.06.2026 година со почеток во 09:00 часот.

02/06/2026

📢 Драги деветоодделенци,

Првото електронско пријавување во јунскиот уписен рок ќе се одвива:
🗓 од 12 јуни (00:00 часот)
до
🗓 15 јуни (23:59 часот) 2026 година

За сите кои имаат потреба од помош при електронското пријавување, училиштето ќе обезбеди поддршка во следните термини:

📍 12.06.2026 (петок): 13:00 – 19:00 часот
📍 15.06.2026 (понеделник): 08:00 – 16:00 часот

📅 Доставување на потребната документација во училиштето:
▪️ 16 јуни 2026 — од 08:00 до 19:00 часот
▪️ 17 јуни 2026 — од 08:00 до 15:00 часот

📄 Конечната ранг‑листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе биде објавена на
📅 18 јуни 2026, најдоцна до 12:00 часот,
📍 на огласната табла на училиштето и
🌐 на официјалната веб‑страница на училиштето.

Ве очекуваме! 🌟

Учи паметно, изгледај убаво.
01/06/2026

Учи паметно, изгледај убаво.

Сите патишта водат кон OЕМУЦ ''Св. Наум Охридски".
01/06/2026

Сите патишта водат кон OЕМУЦ ''Св. Наум Охридски".

Учи паметно, работи стручно.
01/06/2026

Учи паметно, работи стручно.

Учи средно што е вредно.
01/06/2026

Учи средно што е вредно.

Четврти ден екскурзија низ Европа.
28/05/2026

Четврти ден екскурзија низ Европа.

28/05/2026

Address

Улица "Живко Чинго", бр. 1
Ohrid
6000

Opening Hours

Monday 07:30 - 19:30
Tuesday 07:30 - 19:30
Wednesday 07:30 - 19:30
Thursday 07:30 - 19:30
Friday 07:30 - 19:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when OЕМУЦ ''Св. Наум Охридски" - Охрид posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category