Odnasataucilnica

Odnasataucilnica - учиме за да научиме -

Потребен прибор за IV одделение (учебна 2025/2026)ДРАГИ РОДИТЕЛИ!      Да ја започнеме и оваа учебна година со првата ле...
29/08/2025

Потребен прибор за IV одделение (учебна 2025/2026)
ДРАГИ РОДИТЕЛИ!

Да ја започнеме и оваа учебна година со првата лекција која можеме да им ја дадеме на нашите деца – за значењето на приборот за работа, начинот на кој купуваме нов прибор и за изборите што ги правиме.

Користењето на она што веќе го имаме, наместо неговата постојана замена со ново, не е само практична и еколошка одлука – тоа е и воспитна лекција. На овој начин децата учат:

одговорност – да се грижат за предметите што ги користат;
рационалност и штедење – да го ценат секој лист хартија и секој предмет;
скромност – да разберат дека вредноста не лежи во новината, туку во употребливоста;
почит кон трудот и ресурсите – да знаат дека зад секоја тетратка стои исечено дрво и човечки труд;
еколошка свест – дека малите секојдневни избори директно придонесуваат за заштита на планетата.
На тој начин, едноставниот избор да се ....
Повеќе на https://odnasataucilnica.com/

Помогнете му на Вашето дете на лесен и интересен начин да ја научи таблицата множење и делење до 10. На страницата се по...
30/03/2025

Помогнете му на Вашето дете на лесен и интересен начин да ја научи таблицата множење и делење до 10. На страницата се поставени квизови со множење и делење кои на учениците ќе им помогнат во повторување и автоматизирање на стекнатите знаења. Секој квиз е составен од 10 прашања. На крајот од квизот добивате увид колку прашања се точно, а колку прашања се погрешно одговорени. Со избор на копчето "нов квиз", добивате нов квиз со 10 прашања. За подобро меморирање повторете го квизот повеќе пати.
https://odnasataucilnica.com/kviz/IIIodd/matematika/mnozenjeidelenjena1.html

СОВА Социјализирачко Образовно Воспитни АктивностиБезбедна средина каде децата ќе учат преку интеракција, игра и практич...
25/03/2025

СОВА Социјализирачко Образовно Воспитни Активности

Безбедна средина каде децата ќе учат преку интеракција, игра и практични активности, развивајќи социјални, когнитивни и емотивни вештини. СОВА е место каде учењето е забава, со окружување кое ги комбинира играта и образованието. Преку креативни работилници, едукативни паркови и едукативно игралиште учењето ќе се претвори во игра и креативност. Во различните активности кои ги нуди центарот вклучени се часови за развој на јазични, математички, физички вештини како и други активности кои ќе им помогнат на децата да размислуваат креативно, да соработуваат и успешно да се справуваат со предизвиците. За повеќе информации посетете ја фејсбук страницата на СОВА.

АЛТЕРА - ОХРИД - Центар за едукација, советување, личен и професионален раст и развој Придружете се на едукативната прог...
13/01/2025

АЛТЕРА - ОХРИД
- Центар за едукација, советување, личен и професионален раст и развој
Придружете се на едукативната програма и поддржете го вашето дете во откривањето и развивањето на неговиот полн потенцијал!
Програмата содржи едукативни работилници кои ќе му помогнат на Вашето дете да стекне поголема самодоверба и да стекне животни вештини кои ќе му помогнат во градењето на својата иднина!
Откријте ја АЛТЕРА преку промотивната - бесплатна работилница! Побрзајте бројот на учесници е ограничен!
Откријте ги и останатите работилници и овозможете му на своето дете да го изрази својот потенцијал!
За повеќе информации и пријавa:
071/349-508
[email protected]

Придружете се на нашата едукативна програма и поддржете го вашето дете во откривањето и развивањето на неговиот полн потенцијал!✨🌱

За повеќе информации и пријавa:
📞 071/349-508
📧 [email protected]
📩 Пишете ни во порака!

Изминатиот месец беше збогатен со интересни, инспиративни и едукативни гостувања во нашата училница. Родителите активно ...
02/12/2024

Изминатиот месец беше збогатен со интересни, инспиративни и едукативни гостувања во нашата училница. Родителите активно се вклучија и придонесоа за подигнување на свеста кај учениците за важни теми:
• Билјана Аслимоска, специјален едукатор и рехабилитатор, зборуваше за потребите и предизвиците на слепите и слабовидните лица.
• Д-р Весна Секулоска одржа предавање за важноста на превенцијата и унапредувањето на здравјето.
• Натали Мојсоска Кесковска и Светлана Карадакоска спроведоа едукативна работилница за штедење и финансиска писменост.
Наш посебен гостин беше и поетесата Маја Мојсова, автор на повеќе збирки песни и раскази за возрасни, која на иницијатива на претседателот на нашето III3 одделение Теа Аслимоска, со задоволство се согласи да гостува во нашата паралелка и со задоволство ја сподели својата љубов кон пишаниот збор и ги инспирираше учениците.
Албумите со слики можете да ги видите на страницата

Точка, права, отсечка...Ова е период кога во училиште започнуваме со геометрија во математиката. Проверете ги видеата на...
07/11/2024

Точка, права, отсечка...
Ова е период кога во училиште започнуваме со геометрија во математиката. Проверете ги видеата на јутјуб каналот ОД НАШАТА УЧИЛНИЦА со кои полесно ќе ги совладате знаењата за точка, права, искршена линија, 2Д и 3Д форми!

Точка, права, полуправа, агол, отсечка

Парови од едноцифрени броеви со збир 10Броевите од првата десетка кои кога ќе ги  собереме формираат полна десетка.Автом...
17/12/2023

Парови од едноцифрени броеви со збир 10
Броевите од првата десетка кои кога ќе ги собереме формираат полна десетка.
Автоматизирањето на знаењата за собирање на паровите кои прават полна десетка ќе ни помогне полесно и побрзо да собираме броеви чиј збир е поголем од 10.

Броеви од првата десетка кои кога ќе ги собереме формираат полна десетка.Автоматизирањето на знаењата за собирање на паровите кои прават полна десетка ќе ни...

Собирање со премин до 20. Во видеото е објаснета мисловната активност преку која го вршиме ова собирање и начинот на раз...
12/10/2023

Собирање со премин до 20. Во видеото е објаснета мисловната активност преку која го вршиме ова собирање и начинот на разбирање и размислување.

Собирањето со премин е постапка со која собираме 2 едноцифрени броеви и добиваме збир кој е поголем од 10. Во видеото е објаснета мисловната активност преку ...

Парови од едноцифрени броеви со збир 10Броевите од првата десетка кои кога ќе ги  собереме формираат полна десетка.Автом...
04/10/2023

Парови од едноцифрени броеви со збир 10
Броевите од првата десетка кои кога ќе ги собереме формираат полна десетка.
Автоматизирањето на знаењата за собирање на паровите кои прават полна десетка ќе ни помогне полесно и побрзо да собираме броеви чиј збир е поголем од 10.

Броеви од првата десетка кои кога ќе ги собереме формираат полна десетка.Автоматизирањето на знаењата за собирање на паровите кои прават полна десетка ќе ни...

Address

Ohrid
6000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Odnasataucilnica posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Odnasataucilnica:

Shortcuts

Share

Category