20/08/2026
📃 Мевлудот во очите на ханефиите!
За жал, стана појава многу новотарии или пропусти во верата да се оправдуваат со тоа што вештачки се припишуваат на имамот Ебу Ханифе, додека самиот Ебу Ханифе бил целосно чист и дистанциран од таквите практики, како што сведочат и класичните извори на фикхот. Аллах да му се смилува!
– Ханефискиот мезхеб
Ако се навратиме на основните и најзначајни дела на ханефискиот мезхеб, како што се „Ел-Асл“ од Мухамед еш-Шејбани, „Ел-Мебсут“ од Ебу Бекр ес-Серахси и „Бедаји‘ ес-Санаи‘“ од ел-Касани, во поглавјата кои ги обработуваат верските празнувања, принципот е јасен:
• Во исламот постојат два празника: Рамазан Бајрам и Курбан Бајрам.
• Одредувањето на друг ден во годината како верски празник, собир или верски обред, не е потврдено со шеријатот и се смета за новотарија.
Ставови на познати ханефиски учени:
Мухамед ел-Мути‘и ел-Ханафи, во своето дело „Ахсен ел-Келам“, пишува дека меѓу новите работи за кои често се прашува е и мевлудот, кој историски бил воведен од Фатимидите.(шиитски сект)
Ебул-Хасенат ел-Лекневи ел-Ханафи, во „Ел-Асару ел-Мерфу‘а“, истакнува дека заедничките верски обреди како мевлудот и одредени „големи ноќи“, доколку немаат основа во практиката на асхабите и имамите на мезхебите, се сметаат за мекрух тахримен и за новотарија.
Ибн Ебил-Из ел-Ханафи, во својот познат коментар на „Акида Тахавија“, предупредува дека секој начин на приближување кон Аллах и секој израз на љубов кон Пратеникот ﷺ мора да остане во границите на она што го практикувале тој ﷺ и неговите асхаби, без додавање нови празници или верски обреди во верата.
#Преземено