Brainobrain - Crven Krst Ohrid

Brainobrain - Crven Krst Ohrid Brainobrain е една од детските лидерски институции која веќ?

Целта на Браинобраин програмата е секое дете во целост да ја разбуди својата генијалност и достигне повеќе животни цели користејќи ги максимално своите ментални капацитети. Развивајќи го својот мозок, децата стануваат самосвесни и одговорни, го подобруваат квалитетот на својот живот и на тие околу нив. Го зголемуваат својот интелектуален капацитет и емоционална интелигенција и го подобруваат светот околу себе!

01/03/2026
Proud of you 👏👏👏
01/03/2026

Proud of you 👏👏👏

Бреинобреин центарот при Црвен крст Охрид на 28. Февруари на денот на ретките, ги додели сертификатите за завршено десет...
01/03/2026

Бреинобреин центарот при Црвен крст Охрид на 28. Февруари на денот на ретките, ги додели сертификатите за завршено десетто ниво и сертификатите за комплетирана Бреинобреин програма на учениците од 17. генерација. Филип и Петар Глигороски, Иван Котевски и Теона Блажески ја дополнаа листата на ученици кои ја завршиле БОБ програмата со броевите 85, 86, 87 и 88. За потсетување овие ученици се добитници на трофеи, златни и сребрени медали на национални БОБ натпревари, на онлајн интернационални натпревари и интернационалниот натпревар во Швајцарија во 2025 год.

Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид успешно работи 15 години. Овој пролетен циклус прог...
01/03/2026

Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид успешно работи 15 години. Овој пролетен циклус програмата ќе ја следат 23 нови бреинобреиновци распоредени во две групи. Меѓу нив е и Марко Здравески. Марко претходно беше дел од едукативната програма „Полетарче“ што се имплементира во Црвен крст Охрид, за деца од 3 до 5 годишна возраст. Марко е петстотиот запишан ученик во БОБ центарот и го носи кодот 500. БОБ центарот за Марко обезбеди пригодни подароци. Фотографиите сами по себе говорат за задоволството што се забележува кај Марко, а и учениците од неговата група.

➡️Во тек се зимските уписи во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид на деца од 4-14 годи...
27/01/2026

➡️Во тек се зимските уписи во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид на деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

👨‍👩‍👧Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои ќе помогнат децата да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно.

🌟Овозможете му на Вашето дете да биде дел од најдобрата детска академија во светот!

📅💸За сите новозапишани ученици во овој циклус кои ќе се запишат до 10.02.2026 година, Бреинобреин-Црвен крст Охрид овозможува 50% попуст за првиот месец од програмата.

🏆Бреинобреин е единствена меѓународно признаена академија за ментална аритметика, со меѓународни признанија
🥇 „Best Kids Education Brand Award“
⏳ 18 години искуство
🌍 во повеќе од 45 држави
👧🧒 над 4.000.000 деца
🏅 интернационални натпревари
📜 2 Гинис рекорди
🧠 единствено во Бреинобреин е застапен НЛП метод за деца и мултитаскинг техники
🌐 билингвилна програма-англиски и македонски јазик

📍Детали за уписите и пријавување на телефоните 📞046 261909 или 078 227433, на📧 е-маил: [email protected], или во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 8-16 ч., а детални информации за оваа програма заинтересираните ќе можат да добијат на отворениот ден за Бреинобреин програмата кој ќе се реализира на 📆31.01.2026 г. (сабота) од ⏰09:00-11:00 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.

Интернационален Бреинобреин натпревар - Дубаи 2025Освоени 2 трофеи и 4 златни медали, што уште можеме да посакаме?!Чести...
26/11/2025

Интернационален Бреинобреин натпревар - Дубаи 2025
Освоени 2 трофеи и 4 златни медали, што уште можеме да посакаме?!
Честитки до сите наши дечиња и ментори 👏🫶

Oхридските Бреинобреин генијалци се закитија со 2 трофеи и 4 златни медали на 15-от Интернационален Бреинобреин натпревар во Дубаи. Во силна конкуренција од преку 1800 ...

Address

Dimitar Vlahov 52
Ohrid
6000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Brainobrain - Crven Krst Ohrid posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Brainobrain - Crven Krst Ohrid:

Shortcuts

Share