ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид

ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид ОУТУ „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ" - ЦЕНТАР ЗА ПРИМЕР!

OУТУ „Ванчо Питошески"-Охрид е средно стручно училиште, лоцирано покрај самиот кеј на Охридското езеро во непосредна близина на "Факултетот за туризам и угостителство", лесно пристапно за учениците, родителите и др. заинтересирани посетители.

Училиштето е формирано со решение бр. 05-80117/1 од 10 септември 1960 година од страна на Народниот одбор на општината Охрид, како стручно угостителско училиште со практична обука.

Како образовна институција училиштето се верифицира со решение бр. 07-691 на 14 јуни 1963 година од страна на Советот за просвета на СР Македонија со задача да подготвува кадри со општопризнат степен на стручно образование во ранг на квалификуван работник во угостителството за занимањето готвач, келнер и портир. Во судскиот регистар под назив стручно угостителско училиште со практична обука е запишано во Окружниот стопански суд во Битола под бр. 82/65 на 11 јануари 1966 година. Во учебната 1961/62 година запишани биле 35 ученици, чие образование траело 2 години. Првите предмети кои се предавале во училиштето биле: послужување, готварство, организација на угостителството со хотелиерство и странски јазик. Во јули 1964 година е предаден во употреба хотелскиот дел на училиштето, кој се користи како ученички дом, а преку летниот период во комерцијални цели.
Тоа беа почетоците, скромни, но со голема верба дека еден ден оваа воспитно-образовна институција ќе игра значајна улога во развојот на туризмот, како во регионот, така и пошироко во државата.

Во училиштето наставата се изведува на македонски јазик.

07/11/2017
Трета награда за ученичката Сара Џелили на „50 Детски Рацинови средби“. Младата средношколка во прва година е наградена ...
04/11/2017

Трета награда за ученичката Сара Џелили на „50 Детски Рацинови средби“. Младата средношколка во прва година е наградена за нејзината поетска творба „Мојот град – моја инспирација“ под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски, на литературниот конкурс на јубилејната поетска манифестација „50 Детски Рацинови средби“ во организација на Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ и општина Велес.
Да се добие ваква висока награда е голема чест и задоволство, пишувајќи за својот град, но особено затоа што станува збор за највисока детска поетска манифестација од државен ранг преку која се негува пишаниот збор како и ликот и делото на нашиот писател Кочо Рацин.
Учесниците ги посетија и положија букет цвеќе на двата споменика на Кочо Рацин. Преку Возот на мирот сликарот Живко Поповски-Цветин црташе и поклонуваше слики со цвеќиња на мирот.
Во Сокачето на поезијата пред Спомен куќата на Коста Солев Рацин во стариот дел на Велес наградените ученици одржаа Поетско читање, имаше посета на ликовна изложба, а се одржа и грнчарска работилница во Спомен куќата на Рацин.

04/11/2017
За книгите не треба да се суди по нивната корица, но за некои може да се суди дури и по првата реченица. Споделете ја со...
04/11/2017

За книгите не треба да се суди по нивната корица, но за некои може да се суди дури и по првата реченица. Споделете ја со нас првата реченица од вашата омилена книга!

04/11/2017

Младата средношколка во прва година е наградена за нејзината поетска творба „Мојот град – моја инспирација“ под менторство на професорот

Инфо ден за програмата „Еразмус плус 2014-2020“, како и иницијативите на ЕУ, „Еуропас“ и „Евридика.
31/10/2017

Инфо ден за програмата „Еразмус плус 2014-2020“, како и иницијативите на ЕУ, „Еуропас“ и „Евридика.

Магијата на светките готвачи на едно место. На натпреварот учествуваа учениците Анастасија Чутрова и Кристијан Китанов.6...
28/10/2017

Магијата на светките готвачи на едно место.
На натпреварот учествуваа учениците Анастасија Чутрова и Кристијан Китанов.
60 врвни мастер шеф судии, околу 300 натпреварувачи, 33 категории поделени во 4 сегменти: приготвување топли и ладни јадења, изложба на торти, подготовка на пица, како и карвинг – уметност на „резбарење” на фигури од овошје и зеленчук.

26/10/2017

Почитувани ученици,

Ви благодариме за огромната заинтересираност да аплицирате за обуката.

Сите апликанти се повикани на интервју коешто ќе се одржи на 1.11.2017 година.

На истиот датум се очекува сите апликанти да бидете присутни пред кабинетот по угостителско послужување во 10:00 часот.

Интервјуто ќе се бодува во вкупниот скор при селекцијата.

20/10/2017

Проектот „5 stars service” е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Унија а менаџирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Преку проектот се обезбедува учество на ученици од Општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“, од втора, трета и четврта година, угостителско-туристичка струка, кои би биле вклучени во практична обука соодветна на нивниот образовен профил во „Hotel Campanile Cornela“ од Барселона, Шпанија.

Обуката во Шпанија ќе се одржи во периодот од 10 јануари до 31 јануари 2018 година.

Проектот „5 stars service” е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Унија а менаџирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Преку проектот се обезбедува учество на ученици од Општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“, од втора, трета и четврта година, угостителско-туристичка струка, кои би биле вклучени во практична обука соодветна на нивниот образовен профил во „Hotel Campanile Cornela“ од Барселона, Шпанија.

Обуката во Шпанија ќе се одржи во периодот од 10 јануари до 31 јануари 2018 година.

Address

Улица "Кеј Македонија" бр. 101
Ohrid
6000

Opening Hours

Monday 07:00 - 20:00
Tuesday 07:00 - 20:00
Wednesday 07:00 - 20:00
Thursday 07:00 - 20:00
Friday 07:00 - 20:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид:

Shortcuts

Share

Category