ОСУ "Св. Климент Охридски" - Охрид

ОСУ "Св. Климент Охридски" - Охрид

Share

ОСУ „Св.Климент Охридски“ ----- http://gimnazijaohrid.edu.mk

Општинско Средно Училиште „Св. Климент Охридски“ е најголемото и најпознатото училиште во Западна Македонија кое се наоѓа во Охрид.
Училиште со скоро едновековна традиција од кое излегле голем број еминентни личности: академици, научници, голем број доктори и магистри на науки, лекари, професори, уметници, писатели, економисти, правници ....

09/06/2026
08/06/2026

Драги деветтоодделенци,

Во пресрет на уписите во средно образование ве известуваме дека:

ПРВОТО електронско пријавување во јунскиот уписен рок ќе се одвива:
од
📍12 јуни 2026 година
до
📍15 јуни 2026 година

За сите кои ќе имаат потреба од помош при електронското пријавување, Гимназијата ќе обезбеди техничка поддршка во нашите простории, во следните термини:
📍 12.06.2026 (петок): 10:00 – 16:00 часот
📍 15.06.2026 (понеделник): 10:00 – 16:00 часот

📅 Доставување на потребната документација во училиштето:
▪️ 16 јуни 2026 — од 08:00 до 19:00 часот
▪️ 17 јуни 2026 — од 08:00 до 15:00 часот

КОНЕЧНАТА ранг‑листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе биде објавена на:
📅 18 јуни 2026 година
📍 на огласната табла на училиштето и
🌐 на официјалната веб‑страница на училиштето
https://gimnazijaohrid.edu.mk/

ВТОРО пријавување:
ЕЛЕКТРОНСКО пријавување на 23 јуни 2026 година,
ПРИЕМ на документи* на 24 јуни 2026 година,
ОБЈАВУВАЊЕ на резултати, на 25 јуни 2026 година.
*документите ќе се поднесуваат директно во канцеларијата на секретарот на
училиштето од 8:00 до 15:00 часот.

ТРЕТО пријавување:
ЕЛЕКТРОНСКО пријавување 20 август 2026 година,
ПРИЕМ на документи* на 21 август 2026 година,
ОБЈАВУВАЊЕ на резултати, на 22 август 2026 година.
*документите ќе се поднесуваат директно во канцеларијата на секретарот на
училиштето од 8:00 до 14:00 часот.

Ве очекуваме!

Photos from ОСУ "Св. Климент Охридски" - Охрид's post 07/06/2026

📣 Традиционално учество на гимназијалците на јубилејното издание на „Охрид трчат“ 🏃‍♂️🏃‍♀️🎽
🏅 И оваа година, нашите гимназијалци зедоа активно учество на спортската манифестација „Охрид трчат“. Настанот веќе прерасна во убава традиција која ги поврзува учениците, професорите и целиот училиштен колектив.
Нашето учество не е само како натпреварувачи, туку и како волонтери, при што учениците и професорите заедно придонесуваат за организацијата и успешното одвивање на настанот 💪.
Со спортски дух, тимска работа и заедништво, уште еднаш покажуваме дека гимназијата е место каде што се негуваат здрави вредности и активен начин на живот ✨.
#БидиИТиГимназијалец

07/06/2026

Планинарска тура "Галичица 2026"

Photos from ОСУ "Св. Климент Охридски" - Охрид's post 07/06/2026

🏞️ Вчера, традиционално, со планинарската тура „Галичица 2026“ ⛰️ се заокружи уште една успешна и динамична сезона исполнета со бројни спортски активности и настани организирани од Активот по спорт при нашата Гимназија. 🏃‍♀️⚽🏀
🌿 Оваа тура претставува симболичен завршеток на спортската година, поттикнувајќи ги учениците кон здрав начин на живот 💪, дружење 🤝, тимска работа 👥 и љубов кон природата 🍃. Учениците имаа можност да уживаат во прекрасните пејзажи на Националниот парк Галичица 🌄, истовремено промовирајќи ги спортските и еколошките вредности кои нашето училиште континуирано ги негува.
👏 Им благодариме на сите ученици и професори кои со своето учество придонесоа оваа спортска сезона да биде успешна, исполнета со позитивна енергија и незаборавни моменти ✨.
🍀⛰️🏃‍♂️ „Во здраво тело – здрав дух!“ 💛
#БидиИТиГимназијалец

Распоред на кандидати за полагање државна матура на 06.06.2026 год. 03/06/2026

Распоред на кандидати за полагање државна матура на 06.06.2026 год.

Распоред на кандидати за полагање државна матура на 06.06.2026 год. ЛОКАЦИЈА НА ПОЛАГАЊЕ Спортска сала при ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид ТЕРМИН ЗА ПОЛАГАЊЕ 06.06.2026 год. Кандидатите да бидат пред влезот на испитниот објект во 8 [...]

Директорката на Гимназијата Светлана Велкоска - Зошто Гимназија? I ГИМНАЗИСКИ МУАБЕТИ С1Е1 28/05/2026

👇👇👇
Добредојдовте во првата епизода од „Гимназиски муабети”, нов подкаст на Младинската заедница со поддршка од Europe House, во која наш гостин е директорката Светлана Велкоска.

Преку разговори, дебати и интересни гости, ќе отвораме прашања поврзани со ученичките права, менталното здравје, образованието, младинското учество, предизвиците со кои се соочуваме секојдневно, но и позитивните приказни што инспирираат.
Нашата цел е да создадеме простор каде секој гимназијалец ќе може да се препознае, да научи нешто ново и да се охрабри да го изрази своето мислење. „Гимназиски муабети“ не е само подкаст — туку глас на младите во нашето училиште и заедница.

Од Гимназијалци - За Гимназијалци!

Режија и монтажа: Иво Георгиески
Камера: Михаил Трифуновски
Водител: Матеј Баткоски
Ментор: проф. м-р Перчо Божиновски

Заследете нѐ!
Instagram: (!) / svklimentohridskiohrid
Instagram: (!) / mz_gimnazija.ohrid
Facebook: (!) / gimnazijaohrid

Заследете ги Europe House!
Instagram: (!) / europehousestruga
Facebook: (!) / europehousestruga

#БидиИТиГимназијалец #МладинскаЗаедница #ГимназискиМуабети

Директорката на Гимназијата Светлана Велкоска - Зошто Гимназија? I ГИМНАЗИСКИ МУАБЕТИ С1Е1 Добредојдовте во првата епизода од „Гимназиски муабети“ — нов подкаст на Младинската заедница со поддршка од Europe House!Преку разговори, дебати и интересни...

24/05/2026

Баскет турнир "Гимназија куп 2026"

24/05/2026

Нека ни е честит 24 мај, денот на сесловенските просветители и рамноапостоли Светите Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост и култура, создатели на првата словенска азбука – глаголицата.

Want your school to be the top-listed School/college in Ohrid?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Address


Димитар Влахов 71
Ohrid
6000