ООМУ "Методи Патче" - Охрид

ООМУ "Методи Патче" - Охрид

Share

OOMU "Metodi Patche" - Ohrid

30/04/2026
26/04/2026

✨ Уште еден успех на Меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер „Сергеј Михајлов“ – Штип! ✨
​На 24.04.2026 година, Исидора Кочовска, од класата на проф. Игор Климовски, во дисциплината пијано освои Прва 🥇 награда.
​Со својата посветеност и талент, Исидора продолжува да нижи успеси, претставувајќи се во одлично светло. 🎹👏

Photos from ООМУ "Методи Патче" - Охрид's post 26/04/2026

🎼Од 24–26 април во прекрасното Требиње, БиХ – градот на сонцето и чинарите, се одржа 4-тото издание на меѓународниот музички натпревар, со учество на натпреварувачи од 11 земји.
Под оценка на реномирана меѓународна комисија за пијано, во состав: Јуриј Кот, Драгомир Братиќ, Кристина Сочански, Душанка Гавриловиќ, Габор Наги и Ирина Алексејчук, нашите ученици постигнаа одлични резултати:
🎹 Катја Крстаноска🥇– прва награда
🎹 Борјан Николоски🏆 – специјална прва награда 💯 и покана за настап на завршниот концерт на најдобрите учесници на натпреварот.
👏 Честитки за извонредниот успех!

25/04/2026

На интернационалниот фестивал со натпреварувачки карактер "Сергеј Михајлов" кој деновиве се одржува во Штип, нашата Антица Николоска од класата на проф. Мухамед Бајрам, во дисциплина- виолина, на ден 24.04.2026 година освои прва 🥇 награда.

Со својата посветеност во изучување на инструментот виолина, Антица продолжува да нижи успеси и да се издвојува со својата умешност и талент во конкуренција на талентирани натпреварувачи.

Photos from ООМУ "Методи Патче" - Охрид's post 25/04/2026

На 29-тиот меѓународен натпревар по пијано "Далечни акорди", кој се одржа во Сплит, Хрватска, учествуваше ученикот на ООМУ"Методи Патче"-Охрид, Алексеј Чуркоски и освои ПРВА награда. Жири-комисијата која ги оценуваше кандидатите беше составена од еминентни професори кои предаваат на музичките конзерваториуми во Мадрид, Лион, Фоџа, Загреб и Пезаро. Алексеј е ученик во четврто одделение во класата на наставникот Даниел Чуркоски. 🎹

Photos from ООМУ "Методи Патче" - Охрид's post 23/04/2026

🎹На 22 април, на покана од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје, нашата ученичка Ана Кузманоска настапи на јубилејниот концерт по повод 10 години од „Денот на пијаното“. Концертот се одржа во КИЦ, Салон 19:19, во свечена атмосфера, посветен на македонската музика и на пијаното како инструмент. 🎹

16/04/2026

Почитувани родители,ООМУ "Методи Патче"-Охрид од 20.04.2026 година,започнува со консултации за престојните приемни испити за учебната 2026-2027 година. Сите заинтересирани за музичките инструменти (Кларинет, Хармоника, Флејта, Пијано и Виолина) може да се обратат во просториите на училиштето и да добијат детални информации,кои се условите за запишување на новите ученици.
Ве очекуваме!

Photos from ООМУ "Методи Патче" - Охрид's post 09/04/2026

Оваа година на државниот натпревар нашите ученици се закитија со многу награди, меѓу кои:

Флејта 🪈
Бојана Размоска - Прва Специјална награда 💯🏆
Ана Јованоска - Прво место 🥇🏆
Тијана Шутароска - Прва награда 🥇
Миа Стојкоска - Прва награда 🥇
класа Проф. М-р Нина Момировска

Хармоника 🪗
Никола Чулчески - Прва Специјална награда 🏆🥇
Михаил Стојаноски - Втора награда🥈
Стефан Таштаноски - Трета награда🥉
класа Проф. Филип Гавриловски

Пијано 🎹
Ана Кузманоска - Специјална прва награда🏆💯
Борјан Николоски - Прва награда🥇
класа Проф. Ана Ѓоргиоска

Исидора Кочовска - Втора награда🥈
класа Проф. Игор Климоски

Алексеј Чуркоски - втора награда 🥈
класа Проф. Даниел Чуркоски

Виолина 🎻
Бисера Радеска - трета награда🥉
Антица Николоска - прво место🥇🏆
класа Проф. Мухамед Бајрам

Ана Јосифоска - втора награда🥈
Димитар Јанкуловски - прва награда🥇
Димитар Аслимиски - втора награда🥈
Стефан Бараковски - прва награда🥇
Виктор Србиноски - прва Специјална награда 💯🏆
класа Проф. Елица Рашкова

Теорија 🎶
Борјан Николоски - прва СПЕЦИЈАЛНА награда 💯🏆
Мартин Серафимоски - пофалница
класа Проф. Бојан Матоски

Честитки за освоените награди, за истрајноста и трудот. Посакуваме уште многу успеси во иднина.

Голема благодарност за пијано придружбата и огромната поддршка на професорите Даниел Чуркоски и Ирена Веруш.

Photos from ООМУ "Методи Патче" - Охрид's post 07/04/2026

На ревијалниот концерт на музичките училишта во Македонија организиран по повод јубилејот 70 години ООМУ „Ристо Јуруков“ Кочани настапи ученикот Виктор Србиноски на виолина во придружба на Проф.Даниел Чуркоски.
Концертот се одржа во центарот за култура,,Бели мугри,, и беше со хуманитарен карактер.

Photos from ООМУ "Методи Патче" - Охрид's post 06/04/2026

На 03.04.2026 се одржа Велигденски концерт на учениците од ООМУ "Методи Патче" - Охрид, 🎹🪗🎻🎸🎶

Want your school to be the top-listed School/college in Ohrid?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Website

Address


Nikola Karev 4
Ohrid
6000

Opening Hours

Monday 07:00 - 19:00
Tuesday 07:00 - 19:00
Wednesday 07:00 - 19:00
Thursday 07:00 - 19:00
Friday 07:00 - 19:00