ОУ„Братство Единство“-Охрид

ОУ„Братство Единство“-Охрид

Работа и активности на наставниците и учениците во учи

Operating as usual

Photos from ОУ„Братство Единство“-Охрид's post 12/10/2023

Група ученици од ООУ “Братство Единство” -Охрид учествуваа во едукативна работилница “Живите организми и нивната животна средина” во ЈНУ Хидробиолошки завод –Охрид.

💦🦐🦀🪱На оваа работилница учениците се запознаа со различни типови живеалишта и нивните карактеристики на терен, имаа можност да бидат дел од теренско колекционирање на материјал за лабораториска анализа и обработка, да мерат и прибираат податоци за физички и хемиски параметри, да анализираат и споредуваат резултати.

🧪🔍🔬🧫📝Ги научија правилата за однесување во лабораторија, изолираа живи организми од собраниот материјал и ги набљудуваа под микроскоп, бележеа резултати добиени од терен и лабораторија и донесуваа свои заклучоци.

Работилницата се реализира во рамки на проектот “Искуствено учење за едукација за животната средина и климатски промени”. Проектот го спроведува МЕД, а е во координација со UNICEF и обезбедена финансиска поддршка од Шведска.
Изразуваме Благодарност до нашите домаќини од ЈНУ Хидробиолошки завод -Охрид за оваа научно-истражувачка авантура.

30/09/2023

На 29.09 имавме чест во просториите на нашето училиште да го организираме Младинскиот турнир во шах „Ласкер 2023 Пионери“, за учениците од основните училишта од Општина Охрид.

На сите ментори и ученици им честитаме за постигнатите резултати а посебно сме горди на нашите ученици кои ги постигнаа следните резултати:

Категорија девојчиња I, II и III одделение:
1 место Јусра Заде
3 место Теона Карадакоска

Категорија момчиња I, II и III одделение:
3 место Актан Реџеп

Категорија девојчиња IV и V одделение:
1 место Ајџан Реџеп

Категорија момчиња IV и V одделение:
3 место Давид Матески

Photos from ОУ„Братство Единство“-Охрид's post 22/09/2023

Во одбележувањето на Европската недела на мобилност 2023г. што оваа година се одржува под мотото „Движи се рационално, штеди енергија“, се вклучија дел од учениците од ООУ „Братство Единство“ –Охрид, под менторство на настваникот Николина Трпоска.

Со велосипедско дефиле кое се одвиваше по кејот на Охридското Езеро и изработени постер презентации за заштеда на енергија, учениците испратија своја порака за подигнување на свеста кај најмладите за рационално користење на енергијата.

Целта е да се намали потрошувачката на енергија и да се поттикне одбирање на „позелени“ начини на движење и транспорт низ урбаните средини.

Photos from ОУ„Братство Единство“-Охрид's post 01/09/2023

Добре ни дојдовте првачиња🎉
Birinci sınıflar okulunuza hosgeldiniz🎉
Mirë se erdhët fillestarë🎉

31/08/2023
08/06/2023

Нови успеси на нашето училиште-добиен грант Building new bridges Cemal Mehmed Natasa Iloska Emilija Paunkoska Marija Pupinoska Gogova Lizana Ziba

Photos from РСБСП's post 18/10/2022
Превентивна кампања во ОУ Братство Единство 18/10/2022

Превентивна кампања "Да ги заштитиме децата во сообраќајот"

https://www.facebook.com/100027247072667/posts/965948150990078/

Превентивна кампања во ОУ Братство Единство Превентивната кампања ,,Да ги заштитиме децата во сообраќајот" која ја спроведува СВР Охрид беше реализирана во ОУ „Братство Единство“.

Photos from ОУ„Братство Единство“-Охрид's post 22/09/2022

21 Септември – Светскиот ден на мирот.

НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид, уметникот, хуманитарен и кандидат за Нобеловата награда за мир Живко Поповски – Цветин заедно со ученици и наставници од ООУ „Братство – Единство“ организираат „Цветна штафета на мирот“.

Идејата за организирање на „Цветната штафета“ е токму на Живко Поповски – Цветин кој речиси целокупното свое творештво изминатите три и пол децении го има посветено на цвеќето и на сопствената мисија со основната порака: „На светот му се потребни: мир, храна, солидарност, љубов…


На настанот во Библиотеката учениците читаа сопствени творби или песни од други автори посветени на мирот а заеднички ја прочитаа пораката за мир на македонски, албански и турски јазик и симболично ги пуштија балони со надеж дека на свој начин ќе придонесат за мир во светот.

Одбележан патрониот празник на ООУ „Братство Единство“ Охрид - OhridNews 26/05/2022

https://www.facebook.com/585476218144853/posts/8281094511916280/?sfnsn=mo

Одбележан патрониот празник на ООУ „Братство Единство“ Охрид - OhridNews Свечена програма по повод одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Братство Единство“ Охрид беше приредена од страна на учениците кои се дел од училишниот хор...

Photos from ОУ„Братство Единство“-Охрид's post 25/05/2022

Училишниот весник "Братски глас"
"Zëri vëllazëror"
"Kardeşliğin sesi"

Photos from ОУ„Братство Единство“-Охрид's post 25/05/2022
Photos from ОУ„Братство Единство“-Охрид's post 25/05/2022

Прослава на патрониот празник
Okul Günü Kutlaması
Festa e Patronatit

Photos from ОУ„Братство Единство“-Охрид's post 16/05/2022

Информации за упис во прво одделение
Informacion për regjistrimin në klasën e parë
Birinci sinifta kayıt için bildiri

Моќна порака за соживот на основците од ООУ „Братство и Единство“ - OhridNews 29/05/2021

https://www.facebook.com/585476218144853/posts/6307747349251016/

Моќна порака за соживот на основците од ООУ „Братство и Единство“ - OhridNews ООУ „Братство Единство” деновиве го одбележа својот патронен празник, а основците и нивните менториизготвија видео со заеднички активности на учениците од разли...

Photos from ОУ„Братство Единство“-Охрид's post 25/05/2021

Патрониот празник го одбележавме со низа активности од страна на учениците кои ја следат наставата со физичко присуство и квизови на знаења за учениците кои наставата ја следат онлајн.
Gëzuar festën e patronatit të shkollës!
Okul günü kutlu olsun!

22/11/2020

Përshëndetje!
Të nderuar nxënës, arsimtarë dhe miq, përshëndetjet dhe urimet me të veçanta janë për ju.
Gjuha është identiteti popullit.
Unifikimi i një alfabeti të përbashkët na sjell edhe bashkëveprimin e popullit.
Nga zemra ua uroj 22 Nëntorin ditën e Alfabetit!
Me respekt Xhemal Mehmed.

15/06/2020

Драги полуматуранти,
како директор на ООУ ,,Братство Единство" од срце ви ја честитам полуматурата и ви посакувам успешен нов почеток кој ви следи во иднина.
Со вашето деветгодишно образование заокруживте еден многу важен период од животот. Покрај основните стекнати знаења по различни предмети вие ги научивте најважните животни вредности, научивте да ги почитувате различностите кои ве прават едно.
Во ова училиште пораснавте, научивте да пишувате, стекнавте нови другарства кои верувајте дека се најискрените и не дозволувајте да згаснат. Горди сме што го избравте ова училиште за ваш втор дом. Она што го стекнавте овде споделувајте го и користете го во иднина во вашето понатамошно образование. Верувам дека вашиот квалитет ќе се препознае многу брзо.
Драги полуматуранти, ви посакам успех во периодот кој ви следи, продолжете да се дружите, учете нови работи, препуштете им се на предизвиците. Искористете ја младоста правилно, бидете мудри, хумани и вредни, иднината е во ваши раце!

08/06/2020

Ви посакуваме уште многу успеси петтачиња

22/05/2020

Полуматуранти 2020

23/04/2020

Değerli çocuklar, 23 Nisan - Ulusal egemenlik ve çocuk bayramınız kutlu olsun!!!

01/04/2020

Првачиња вредни ,
за пофалба желни !
Со помош на интернет,
од дома си учиме ,
но сепак со сите другарчиња
и со учителката се дружиме .
Мали сме ,
ама вредни и креативни
АПРИЛИ ЛИ ЛИ
НАШИ НАЈМИЛИ !

19/03/2020

Почитувани родители!
ООУ „Братство Единство“ – Охрид, “ Ве информира дека сè додека трае прекинот на наставата, потврди по било кој основ се издаваат со пополнување на барање на влезната врата на ООУ Братство Единство - Централна зграда или on-line со давање на податоци за: 1. Име и презиме на ученик, датум и место на раѓање, индекс на одделение, класен раководител, 2. Име и презиме на родителот на кој му се издава потврдата, назив и седиште на правното лице каде е вработен родителот. 3. за која намена и кој период се бара потврдата.
Потврдите ќе се издаваат секој работен ден од 9:00 до 12:00 часот или оn-line скенирани на вашата емаил адреса. Инфо на тел: 046 267158

19/03/2020

Драги ученици! Почитувани родители!
ООУ „Братство Единство“ – Охрид, “ Ве информира дека сè додека трае прекинот на наставата, извршено е генерално чистење на училиштето. Екипите од Центарот за Јавно Здравје - Охрид на 16.03.2020 год. извршија вондредна дезинфекција и дератизација на сите училишни простории.

19/03/2020

Драги ученици! Почитувани родители!
ООУ „Братство Единство“ – Охрид, “ Ве информира дека сè додека трае прекинот на наставата, а во недостаток на унифицирана образовна платформа за учење на далечина, нашите наставници интензивно работат на алтернативни методи на продолжување на образовниот процес и учење од дома.
Наставниците веќе ги организираа учениците во онлајн групи, им задаваат материјали и домашни задачи. Тековно ќе се споделуваат активности, задачи, вежби, прашалници, анкети, квизови поврзани со наставните планови и програми. Од страна на некои наставници ќе бидат организирани и конференциски врски, онлајн тестови и сè што ќе овозможи за подобро продолжување на наставниот процес во овие вонредни услови.
Засега станува збор за неформални методи, но како што ќе доаѓаат нови информации и упатства од Министерството за образование и Бирото за развој на образованието, за истите навремено ќе бидете известени.
Доколку имате некое прашање или нејаснотија слободно обратете се до вашите класни раководители или предметни наставници.
Во меѓувреме, покажете висока свест и одговорност.
Сакаме и во вакви моменти ООУ „Братство Единство“ – Охрид, да остане на врвот на квалитетно образование.
За сите дополнителни информации и препораки ќе бидете навремено известени.
Ви благодариме на разбирањето и соработката.

18/06/2019

Ученици од ОУ „Братство - Единство“ од Охрид беа во Кипар на Интернационален фестивал на детето

Нашите ученици на интернационалниот натпревар во Кипар каде што се претставија со оро во кореографија на Татјана Узуноска Тренеска
http://www.publicitet.mk/za-deca-i-mladi/item/10393-uchenici-od-ou-braatstvo-edinstvo-od-ohrid-bea-vo-kipar-na-internacionalen-festival-na-deteto

publicitet.mk Осуменаесет деца од македонските, албанските и турските паралелки во ОУ „Братство – Единство“ во заедничка фолклорна група уче...

Want your school to be the top-listed School/college in Ohrid?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

Првачиња вредни , за пофалба желни !Со помош на интернет,од дома си учиме ,но сепак со сите другарчиња  и со учителката ...

Location

Category

Telephone

Address


Ulica "7-Noemvri" 85
Ohrid
6000

Opening Hours

Monday 07:00 - 19:00
Tuesday 07:00 - 19:00
Wednesday 07:00 - 19:00
Thursday 07:00 - 19:00
Friday 07:00 - 19:00
Other Education in Ohrid (show all)
Onlajn Casovi po Fizika /Онлајн часови по физика Onlajn Casovi po Fizika /Онлајн часови по физика
Ohrid, 6344

Онлајн часови по физика за ученици од основно и средно образование

Include me in Include me in
Ohrid

Erasmus +project

Школа за брзо читање и мудро учење - Охрид Школа за брзо читање и мудро учење - Охрид
BUlica Turisticka 69
Ohrid, 6000

Сертифицирани тренери, обучени за програмата за брзо ч

SUNRISE-Language School,Ohrid SUNRISE-Language School,Ohrid
Bulevar Turisticka Br. 28/1/8
Ohrid, 6000

Училиште за странски јазици 070 391 451 / 070 331 791

Охридски сувенири - Охрид Охридски сувенири - Охрид
Плоштад
Ohrid

We make and sell souvenirs from Ohrid

Abakus-obrazoven centar Ohrid Abakus-obrazoven centar Ohrid
Dimitar Vlahov Bb
Ohrid, 6000

Заедно до подобар успех Kontakt: 046254884

Sigma Plus Ohrid - Центар за Математичка Едукација Sigma Plus Ohrid - Центар за Математичка Едукација
Ohrid, 6000

Центар за Математичка Едукација

Via Dante Via Dante
Kej Marsal Tito 95
Ohrid, 6000

Невладина организација од областа на лингвиистиката ?

Klover Klover
Dame Gruev Br. 9
Ohrid, 6000

ENGLISH IS FUN, LEARN MORE ENGLISH!!!

Училиште за математика "Броеви 14:21" Училиште за математика "Броеви 14:21"
Ohrid

Приватно училиште за часови по математика за ученици о

Odnasataucilnica Odnasataucilnica
Ohrid, 6000

Страница во функција на наставниот процес. Ученици, ро?

Global House Global House
Ohrid, 6000

Education/Data analytics/Data consulting company