17/08/2026
Денес со особено задоволство во Хидробиолошкиот институт ја пречекавме г-ѓа Nicole Varnes, Chargé d’Affaires a.i. на Амбасадата на САД U.S. Embassy North Macedonia.
Посетата беше можност за претставување на научноистражувачката работа, експертизата и капацитетите на Институтот, со посебен акцент на истражувањето и заштитата на Охридското и Преспанското Езеро, биолошката разновидност, вештачкиот мрест на охридската пастрмка, мониторингот на водните екосистеми, климатските промени и антропогените притисоци.
Разговаравме и за можностите за понатамошна научна соработка, како и за потребата од континуирана поддршка на научните институции во заштитата на нашето природно наследство.
Благодарни сме за посетата, интересот и поддршката и веруваме дека ваквите средби отвораат нови можности за заедничко дејствување во интерес на науката, природата и одржливата иднина на Охридско-преспанскиот регион.