06/06/2026
СОСУ "Св.Кирил и Методиј"-Охрид
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from СОСУ "Св.Кирил и Методиј"-Охрид, High School, Mite Bogoevski br. 2, Ohrid.
06/06/2026
06/06/2026
Трето место на натпреварот „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“ – СОСУ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – ОХРИД Нашето училиште освои трето место на националниот натпревар „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“.Наградениот проект беше оценет меѓу најдо....
06/06/2026
Вози велосипед уживај и промовирај – СОСУ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – ОХРИД Благодарност до сите учесници, волонтери и љубители на урбаниот велосипедизам. Нека урбаниот велосипедизам и иновативниот маркетинг нè зближуваат уште многу годи...
06/06/2026
Учениците од клас II – 4 кои го изучуваат предметот деловен англиски јазик, имаа можност во
текот на часовите да направат проект- истражување на тема: „Позната успешна личност“. Притоа,
во своето истражување, тие требаше да се водат спроед однапред зададени критериуми, а
крајниот резултат да го презентираат преку кратко видео, каде самите ќе го презентираат
сработеното.
На крај, преку избор на самите ученици, беа одбарни трите најдобри видеа, изработени од:
Димитар Димоски (I место) , Илина Митреска (II место) и Христијана Парулеска (III место).
Ментор: проф. Марија Андреева – Попоска.
Димитар Димоски (I место)
Илина Митреска (II место)
Христијана Парулеска (III место)
02/06/2026
01/06/2026
Дигитална алатка што ќе го олесни изборот на основците при упис во средно образование!
Истражи ги квалификациите во стручното образование!
Што можеш да очекуваш?
На оваа страница ќе најдеш детални информации за квалификациите кои ги нуди нашето училиште .
Избери квалификација што одговара на твоите интереси, способности и желби – и направи прв чекор кон твојата идна професија.
https://kvalifikacii.crso.gov.mk/kvalifikacija/ekonomski-tehnichar/
https://kvalifikacii.crso.gov.mk/kvalifikacija/tehnichar-za-e-trgovija-i-digitalen-marketing/
https://kvalifikacii.crso.gov.mk/kvalifikacija/mediczinska-sestra/
ИЗБЕРИ ЕКОНОМСКО ОХРИД https://kvalifikacii.crso.gov.mk/uciliste/sredno-opshtinsko-struchno-uchilishte-s/
kvalifikacii.crso.gov.mk
27/05/2026
Отворен ден на училиштето исполнет со многу креативност и енергија.
Нашите економисти ги претставија профилите економски техничар и техничар за е-трговија и дигитален маркетинг преку низа работилници и квизови, пораки и уметнички изразувања.
Од „Сметководство и вештачка интелигенција – еволуција на сметководството“ до „Процент плус“ и „Платен промет во земјата и употреба на платни инструменти“, потоа ,, Кој сака да биде економист“, ,, Крати, сечи, лепи“ и ,, Светското наследство во рацете на маладите“, учениците покажаа како знаењето може да биде и забавно и применливо.
,, Сметководството и вештачката интелегенција – еволуција на сметководството“ - преку атрактивен уметнички израз – сликање на платно, каде традиционалните бројки се трансформираат во дигитални решенија, односно трансформација на традиционалното сметководство во современо со примена на AI, со што учениците испратија порака дека сметководството не е ,,досадно“ и го прикажаа како модерна професија – професија на иднината.
,,Процент плус“ – преку сложување сложувалки на прашања од статистиката, банкарското работење, претставуваше забавен предизик за учесниците.
,,Платен промет во земјата и употреба на платни иструменти“- им овозможи на учениците да се запознаат со практичните текови на финасиските трансакции.
,, Кој сака да биде економист“ – интересен квиз за идните средношколци да ги покажат своите економски познавање, а преку сложувалки со економски мотиви да ја развијат својата креативност.
,, Крати, сечи, лепи“ – учениците од е-трговија и дигитален маркетинг ја покажаа својата креативност и тимска работа.
,, Светско наследство во рацете на младите“ – едукативна, уметничка работилница која ги поврзува младите со културното наследство. Со сликање на платно на Патримонито кој го претставува младиот чувар на светското наследство и Охридонито – локален јунак на младите од Охрид, создаден од учениците на клас I 3 при СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, како симбол на младата генерација да го чува и заштитува богатството на својот град.
На настанот присуствуваа и претставници од институции и претпријатија од реалниот сектор, до кои упатуваме голема благодарност за поддршката која ја изразуваат.
Благодарност до сите учесници на настанот, учениците и професорите, како и сите вработени.
Идни средношколци ве очекуваме! Станете дел од нашето училиште и изберете професија што води кон сигурна иднина.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the school
Telephone
Website
Address
Mite Bogoevski Br. 2
Ohrid
6000