26/06/2026
Нашата професорка д-р Деса Косаркоска учествуваваше на Глобалниот форум на лидери во јавниот сектор во Берлин
Во периодот од 9 до 11 јуни, нашата професорка д-р Деса Косаркоска учествуваваше на Глобалниот форум на лидери во јавните сектор: Од ќор-сокак до реализација во Берлин, Р. Германија.
Овој форум, на кој може да се присуствува само со посебна покана, се одржува во рамките на Фестивалот на креативна бирократија. Фестивалот на креативна бирократија е најголемиот светски фестивал за административни иновации, кој ги здружува јавните службеници, политичарите, образованието – академијата и граѓанското општество. Неговото деветто годишно издание заврши на 11 јуни 2026 година, со централен фокус на „Креативна бирократија – посилна демократија“.
На овој повеќедневн настан претходно беа одржани хибрид од дигитални работилници (3-5 март 2026 година), по што следеа активностите во живо во Берлин (10-11 јуни 2026 година). Основните настани вклучија:
Глобален форум на лидери во јавниот сектор (10 јуни 2026 година) на кој директно беа дискутирани и анализирани отворените панел-дискусии за наредниот фестивалски ден.
Форумот послужи како стратешка почетна точка за главниот фестивал, здружувајќи национални, и лидери од различни сфери во општеството од првите редови од над 50 земји, и
Главниот фестивал (11 јуни 2026 година): одржан во Фестсал Кројцберг, ден кој вклучува приближно 90 сесии и 230 говорници од над 50 земји, кои со теми за модернизацијата на владата, дигиталната трансформација и ефикасноста во сите општествено сфери.
Темата која ја презентираше нашата професорка , претставува директно јадро на дискусијата на затворената тркалезна маса. Трудот и концептите презентирани под наслов „Green Controlling and Eco-Engineering in UNESCO Protected Zones: Managing Hospitality Infrastructure at Lake Ohrid“ беа искористени како меѓународен пример за тоа како менаџмент контролата (контролингот) може да спаси екосистеми со висока заштита како Охридското Езеро.
Главните столбови на излагањето и дискусијата се засноваа на следните практични решенија:
Зелен Контролинг (Green Controlling)
Концепт: На тркалезната маса професорката нагласила дека заштитата на УНЕСКО зоните често паѓа во меѓупросторот меѓу инженерите (кои нудат еколошки решенија) и менаџерите (кои гледаат само трошоци).
Решение: во рамките на својата експертиза професорката елаборира дека „Зелениот контролинг“ како систем, еколошките метрики на еко-инженерството ги преведува во чисти финансиски реалности. Тоа значи мерење на долгорочната исплатливост на зелените инвестиции во хотелиерството (енергетска ефикасност, прочистителни станици) наместо нивно третирање како обичен трошок.
Одржлива менаџмент инфраструктура (Hospitality Infrastructure)
Концепт: Охридскиот регион се соочува со огромен товар од туризмот. На затворената сесија професорката ги презентираше моделите кои на угостителските капацитети (хотели, ресторани) ќе му овозможат да воведат строги софтверски контроли за менаџирање на отпадот и потрошувачката на вода.
Иновација: Поврзување на дигитализацијата со екологијата – следење на јаглеродниот отпадок на секој угостителски објект на езерото преку паметни системи за контролинг (дигитални контролни табли), што беше и главна тема на целиот Форум во Берлин.
Директна врска со студиските програми на УКЛО (ФТУ Охрид)
Ова претставување на професорката од нашиот Универзитет, не беше само теоретско, туку истото има директна рефлексија врз образовниот процес во Македонија:
Нови наставни модули: Овие истражувања директно се имплементираат во предметите кои професорката ги предава на првиот и вториот циклус студии на ФТУ Охрид, како што се „Контролинг“, „Контрола на процесите и унапредување“ и предметот на докторските студии „Контролинг на работните процеси во туристичките системи“.
Подготовка на кадар: Студентите на УКЛО преку овие ажурирани програми учат како да станат идни менаџери кои нема да управуваат со туризмот на класичен начин, туку ќе применуваат еко-инженерски и финансиски алатки за заштита на природното наследство.
Со ова учество на овој голем меѓународен настан во земјата родилка на современиот контролинг, Р. Германија, Берлин, мултикултурниот центар познат по мирисот на липите, професорката Косаркоска покажа дека македонската академска заедница, преку УКЛО, нуди конкретни решенија кои се на ниво на најмодерните европски трендови за одржливо управување со заштитени подрачја.
https://ftu.uklo.edu.mk/2026/06/26/desa-kosarkoska-berlin/