ООУ ,,Христо Узунов” - Охрид

ООУ ,,Христо Узунов” - Охрид Официјална facebook страна на училиштето ООУ ,,Христо Узунов“

🎓 Почеток на една нова приказна!Денес во ООУ „Христо Узунов“ со радост ја пречекуваме уште една нова генерација првачиња...
01/09/2026

🎓 Почеток на една нова приказна!

Денес во ООУ „Христо Узунов“ со радост ја пречекуваме уште една нова генерација првачиња. 🌟

Добредојдовте, драги првачиња! Ви посакуваме училишните денови да ви бидат исполнети со знаење, другарство, насмевки и безброј убави спомени.

Нека ви е среќен и успешен првиот училишен чекор! 💙📚

24/08/2026
⚽ ЗЛАТНИ ДЕЦА – ЗЛАТНА ГЕНЕРАЦИЈА! ⚽🏆За првпат во историјата на нашето училиште, учениците од IV и V одделение го освоиј...
11/06/2026

⚽ ЗЛАТНИ ДЕЦА – ЗЛАТНА ГЕНЕРАЦИЈА! ⚽🏆

За првпат во историјата на нашето училиште, учениците од IV и V одделение го освоија ПРВОТО МЕСТО во Општинската училишна лига во фудбал! 🥇

Ова не е само златен медал, туку резултат на трудот, дисциплината, тимскиот дух и големата желба за успех. Горди сме на секој ученик кој го носеше училишниот дрес и достоинствено го претставуваше нашето училиште.

Голема благодарност до професорите Јордан Зиврев и Филип Силјановски, кои со својата посветеност, знаење и љубов кон спортот ја водеа оваа генерација до историски успех.

Традиционално, шампионите беа примени од директорката Марина Ѓоргоска, која им приреди топол и достоинствен пречек. Како траен спомен на овој голем успех, учениците ги задржаа своите дресови – симбол на генерацијата која испиша нова златна страница во спортската историја на училиштето.

Честитки шампиони! Вашиот успех ќе остане запаметен, а вашиот пример ќе биде инспирација за сите идни генерации.

🏆🥇⚽ Златни деца, златна генерација, златен медал! ⚽🥇🏆

🏃‍♀️🏃‍♂️ ООУ „Христо Узунов“ – Охрид на „Охрид трчат“! 🎉  Оваа година, тим од наши наставници со голема енергија и ентуз...
07/06/2026

🏃‍♀️🏃‍♂️ ООУ „Христо Узунов“ – Охрид на „Охрид трчат“! 🎉

Оваа година, тим од наши наставници со голема енергија и ентузијазам се приклучи на спортскиот настан „Охрид трчат“, покажувајќи дека заедништвото, здравиот дух и љубовта кон спортот се дел од нашата училишна култура. 💪📚

✨ Наставниците трчаа како тим, инспирирајќи ги учениците и заедницата дека спортот е пат кон здравје, пријателство и позитивна енергија. 🌟🤝

💙 Горди сме што нашето училиште беше дел од оваа голема манифестација која го обединува Охрид и ја промовира активната животна култура. 🏞️🌍

✨ „Енергија што инспирира!“ ✨

ОхридТрчат #ХристоУзунов #ЕнергијаШтоИнспирира #УчимеСоИскуство

Денес имавме можност да посетиме две значајни културно-историски места во Битола – ✌️спомен собата на Мустафа Кемал Атат...
23/05/2026

Денес имавме можност да посетиме две значајни културно-историски места во Битола –
✌️спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк и
✌️Народен театар Битола.
Посетата беше прекрасна можност да се запознаеме со дел од историјата, културата и наследството што ги поврзува генерациите. 👉Во просторот каде што се школувал Ататурк, се потсетивме колку образованието, идеите и личниот развој можат да остават трага низ времето.
👉Во Народниот театар ја почувствувавме вредноста на уметноста и нејзината улога во создавање културен идентитет.
Како најстар театар во Македонија, ова место продолжува да ја раскажува приказната за творештвото и сценската уметност.

♥️♥️Благодарни за денот исполнет со знаење, инспирација и нови впечатоци – затоа што секоја посета е нова можност да учиме, чувствуваме и растеме. ✨

Исто така, со ученици од нашето училиште, со задоволство, го посетивме ОУРЦ Кочо Рацин - Битола. Посетата помина во пријатна, топла и инспиративна атмосфера исполнета со дружење, учење и заеднички активности.
Учениците имаа можност поблиску да се запознаат со работата на нашиот ресурсен центар, просториите и услугите кои ги нудиме, како и со активностите што секојдневно се реализираат со цел поддршка, развој и инклузија на секое дете.
Во рамки на посетата беше реализирана и инклузивна работилница по повод 22 Мај – Светски ден на биодиверзитетот. Преку креативни активности, дружење и тимска работа, учениците испратија силна порака за важноста од зачувување на природата, биодиверзитетот и грижата за животната средина.
Оваа средба уште еднаш покажа дека преку заедништво, соработка и инклузија создаваме пријателства, убави спомени и средина во која секој се чувствува прифатен и вреден. 💚🌍

🌟 УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА ООУ „ХРИСТО УЗУНОВ“ - ОХРИД! 🌟Со огромна гордост и радост споделуваме дека нашите ученички по...
16/05/2026

🌟 УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА ООУ „ХРИСТО УЗУНОВ“ - ОХРИД! 🌟

Со огромна гордост и радост споделуваме дека нашите ученички постигнаа извонреден успех на државниот натпревар во областа на музиката во Штип! 🎶🏆

🥇 Ана Ничевска и Михаела Танеска — ПРВА НАГРАДА (93 поени)

На натпреварот, под менторство на наставникот Славчо Китаноски, нашите ученички покажаа врвна хармонија и талент, освојувајќи ги симпатиите на жирито и публиката.

Честитки за овој голем успех! 🎉🎉
Вие сте доказ дека со заедничка работа и посветеност се стигнува до највисоките врвови. ✨🎹
Продолжете да ја ширите магијата на музиката! 👏❤️

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

https://ouhristouzunov.edu.mk/15-%d0%bc%d0%b0%d1%98-%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5...
16/05/2026

https://ouhristouzunov.edu.mk/15-%d0%bc%d0%b0%d1%98-%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%b7%d0%bd%d0%b0%d0%bc%d0%b5/

мај 15, 2026 0 Posted by: admin Соопштенија Третооделенците од нашето училиште го одбележаа 15 Мај – Денот на македонското знаме, преку низа активности посветени на државните ....

https://ouhristouzunov.edu.mk/%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b5%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%b5%d0%b4%d1%83%d0%ba%d0%b...
13/05/2026

https://ouhristouzunov.edu.mk/%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b5%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%b5%d0%b4%d1%83%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%b5%d0%ba%d1%81%d0%ba%d1%83%d1%80%d0%b7%d0%b8%d1%98%d0%b0/

мај 13, 2026 0 Posted by: admin Соопштенија Учениците од трето одделение реализираа еднодневна едукативна екскурзија исполнета со дружење, нови знаења и убави доживувања. Во ....

Address

Pitu Guli 128
Ohrid
HTTPS://WWW.GOOGLE.COM/MAPS/PLACE/PITU+GULI+128,+OHRID/@41.1200693,20.8131751,17

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ ,,Христо Узунов” - Охрид posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to ООУ ,,Христо Узунов” - Охрид:

Shortcuts

Share