OОУ „Григор Прличев", Охрид

OОУ „Григор Прличев", Охрид ООУ „Григор Прличев“ Охрид

🌍📚✨ Со особена гордост споделуваме успешен меѓународен настап на нашиот наставник по историја!👏🏛️Нашиот наставник по ист...
13/07/2026

🌍📚✨ Со особена гордост споделуваме успешен меѓународен настап на нашиот наставник по историја!👏🏛️

Нашиот наставник по историја, Петар Симоноски, успешно учествуваше на 31. International Conference on the History of Cartography (ICHC 2026) – една од најзначајните светски конференции посветени на историјата на картографијата 🗺️🌐, која се одржа од 7 до 11 јули 2026 година во Прага и Брно, Република Чешка 🇨🇿.

На конференцијата тој го презентираше својот научен постер „Knowledge from the East: The Islamic Contribution to Medieval European Cartography“ 📜🧭, посветен на улогата и влијанието на исламската географска и картографска традиција врз развојот на европската средновековна картографија 🌍📖.

Горди сме што наставник од нашето училиште активно придонесува во меѓународната научна заедница 🌟🌎, а своите знаења, искуства и нови сознанија ги пренесува во наставниот процес 👨‍🏫📚, поттикнувајќи ги учениците да ја истражуваат историјата, науката и светот околу себе 🔎✨.

👏🎓 Честитки за постигнатиот успех и продолжување на успешниот научен пат! 🚀🏆

07/07/2026

🧪🔬 Денес, 7.7.2026 година, на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа Првиот селекционен натпревар по природни науки за избор на македонскиот тим за учество на 23. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2026), која ќе се одржи во декември 2026 година во Софија, Бугарија. 🇲🇰➡️🇧🇬

👩‍🔬👨‍🔬 На натпреварот учествуваа најуспешните ученици од државните натпревари по биологија, физика и хемија од седмо, осмо и деветто одделение.

🏫 Нашето училиште го претставуваа Елена Секулоска, Доца Секулоска, Мартин Николоски и Јован Костовски, кои успешно ги одмерија своите знаења во решавање теоретски и нумерички задачи од областа на природните науки. 📚⚗️

🥇✨ Со особена гордост истакнуваме дека нашата ученичка Елена Секулоска го освои првото место на ранг-листата, со што направи значаен чекор кон пласман во македонскиот тим за IJSO 2026! 🇲🇰🌟

👏🎉 Им честитаме на сите наши ученици за покажаното знаење, труд и посветеност, а на Елена ѝ посакуваме многу успех во понатамошните селекциони натпревари и уште поголеми достигнувања! 🌟💙

II. МЕЃУНАРОДНА МОБИЛНОСТ ЗА ТИМОТ НА АМБАСАДОРИ ЗА УЧЕЊЕErazmus + обука за проект „Smart Learn- The magic of numbers an...
07/07/2026

II. МЕЃУНАРОДНА МОБИЛНОСТ ЗА ТИМОТ НА АМБАСАДОРИ ЗА УЧЕЊЕ

Erazmus + обука за проект „Smart Learn- The magic of numbers and letters“ во Истанбул, Турција!

Проектот има за цел:
• Да обезбеди информации за ефикасната примена на неформалното образование во училиштата.

​🌏 Како дел од тимот од Македонија, единствени од Охрид, заедно со колегите од Шпанија, Турција и Хрватска, од прва рака се запознаваме со напредокот и постигнувањата на сите центри учесници.

​💡 Оваа размена на искуства ни овозможува да ги споделиме најдобрите практики, да учиме едни од други и да продолжиме со создавање на образовни решенија кои имаат вистинско влијание во нашите заедници и училници.

🌍 Горди сме што нашето училиште беше дел од меѓународната публикација „Skills Without Borders Online International Works...
02/07/2026

🌍 Горди сме што нашето училиште беше дел од меѓународната публикација „Skills Without Borders Online International Workshop“!

Со големо задоволство споделуваме дека наставничките Николина Трпоска и Јованка Петреска го претставија нашето училиште како членови на меѓународниот eTwinning проект D.I.A.N.A. – Disaster Intelligence for Adaptive Nurturing Action.

📘 Проектот е вклучен во официјалната публикација „Skills Without Borders Online International Workshop“, каде што е претставен како пример за успешна меѓународна соработка, иновативен пристап и квалитетна реализација на eTwinning активности.

👏 Ова признание е потврда за посветената работа на нашите наставници, успешната меѓународна соработка и можностите што eTwinning им ги нуди на учениците за стекнување знаења, вештини и искуства преку заеднички активности со врсници од други земји.💙 Честитки до сите партнери во проектот и благодарност за успешната соработка!

🏆🏆🏆На 30.06.2026 година се одржа Државното првенство во атлетика во организација на Plasma Ignite. Како и секогаш  #прли...
02/07/2026

🏆🏆🏆На 30.06.2026 година се одржа Државното првенство во атлетика во организација на Plasma Ignite. Како и секогаш #прличевци достојно го претставија училиштето и градот Охрид покажувајќи борбеност, дисциплина и спортски дух.

Горди сме на нивниот труд, посветеност и постигнатите резултати.Му честитаме на Лука Николоски за освоеното трето место и му посакуваме уште многу успеси, лични рекорди и освоени медали во иднина!🏅🏅🏅

📚✨ КНИЖЕВНИОТ ХЕПЕНИНГ ЗА ДЕЦА УСПЕШНО СЕ РЕАЛИЗИРАШЕ! ✨📚Со голема радост и задоволство го реализиравме настанот „Книжев...
19/06/2026

📚✨ КНИЖЕВНИОТ ХЕПЕНИНГ ЗА ДЕЦА УСПЕШНО СЕ РЕАЛИЗИРАШЕ! ✨📚

Со голема радост и задоволство го реализиравме настанот „Книжевен хепенинг за деца“, кој донесе многу насмевки, инспирација и љубов кон книгата. 📖💫

🙏 Искрена благодарност до авторите кои зедоа учество на настанот и ги претставија своите дела пред младата публика, споделувајќи ја магијата на пишаниот збор. ✍️📚

👏 Благодарност и до сите присутни ученици, родители и наставници кои со своето присуство придонесоа за прекрасната атмосфера и успешно реализирање на овој културен настан. 👨‍👩‍👧‍👦🌟

📖❤️ Посебно нѐ радува интересот што децата го покажаа кон книгите, читањето и средбата со авторите.

🤝 Благодарност до Општина Охрид за поддршката преку програмата „Културата расте со децата“.

📚Нека љубовта кон книгата и читањето продолжи да расте кај нашите најмлади!

📚🌟 КНИЖЕВЕН ХЕПЕНИНГ ЗА ДЕЦА 🌟📚Почитувани ученици и родители, 👨‍👩‍👧‍👦Ве покануваме да ни се придружите на денешниот наст...
19/06/2026

📚🌟 КНИЖЕВЕН ХЕПЕНИНГ ЗА ДЕЦА 🌟📚

Почитувани ученици и родители, 👨‍👩‍👧‍👦
Ве покануваме да ни се придружите на денешниот настан „Книжевен хепенинг за деца“, во организација на библиотеката при ООУ „Григор Прличев“ – Охрид 🏫, поддржан од Општина Охрид 🤝 преку програмата „Културата расте со децата“ 🎭📖.

На настанот ќе се претстават и ќе настапат повеќе писатели за деца ✍️📚, кои ќе ги промовираат своите најнови книги:
📖 Ели Маказлиева
📖 Билјана Лотеска
📖 Лила Арсова
📖 Марија Тасевска Трифуновска
📖 Роза Костеска
📖 Кристина С. Алоска

🎤 Писателите ќе се претстават пред публиката, а промоторите ќе зборуваат за содржинските и едукативните вредности на нивните дела.

📚🎪 Настанот ќе заврши со посета на мини саем на книга и разгледување на книгите за деца.

💙 Ве очекуваме заедно да уживаме во магијата на книгите, приказните и детската креативност! ✨📚
Се гледаме! 😊👋📖

🖤❤️💛
18/06/2026

🖤❤️💛

🎓🏆📚 Крајот на школската година го означивме со безброј успеси на државните натпревари, а успеавме да реализираме и уште ...
16/06/2026

🎓🏆📚 Крајот на школската година го означивме со безброј успеси на државните натпревари, а успеавме да реализираме и уште едно незаборавно пливачко искуство на #Прличевци. 🌊🏊‍♀️✨

🏊‍♀️🤝 Благодарение на успешната соработка помеѓу родителите и тандем наставничките по ФЗО Николина Спасеска и Кате Бујароска Анѓелеска, како награда за научените принципи на фер-плеј во игрите и активностите на часовите по физичко. 🏅👏

💙✨ Затоа што почитта кон другите е и почит кон себе.

🏆 Резултати од Државниот натпревар по природни науки🧪🧬🎉Со радост ги споделуваме успесите на нашите ученици на Државниот ...
10/06/2026

🏆 Резултати од Државниот натпревар по природни науки🧪🧬

🎉Со радост ги споделуваме успесите на нашите ученици на Државниот натпревар по природни науки. Тие уште еднаш покажаа знаење, труд и љубов кон науката.💚

Честитки за постигнатите резултати! 👏🔬

Address

Улица “Димитар Влахов“ бр. 65
Ohrid
6000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when OОУ „Григор Прличев", Охрид posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category