Art center "Baby school"

Art center "Baby school"

You may also like

Novak Judah
Novak Judah

Прв 💥 едукативен центар за деца 🙋‍во Охрид
Первый 💥 образовательный центр для детей 🙋‍♀️ в Охриде

Operating as usual

Photos from Art center "Baby school"'s post 26/01/2024

🙏Добар ден на сите!

💒Повелете на Света Божествена Литургиja секоja недела во Плаошки Монастир, Св. Климент и Пантелеjмон.

Хор Аксиос

Линкот на YouTube и FB ⬇️⬇️⬇️

13/01/2024

🙌Драги пријатели!
Со големо задоволство ве покануваме на детската работилница "ЛИСИЧЕ" на 18 jaнуари.

Возраст: 7+

Времетраење: 90-110 минути.

🎨На часот деца ги учат основните принципи на цртање на глава на животно. Се запознаваат со поими на пропорција, тон и текстура во цртеж. Ќе се научат да цртаат со меќи пастелни креди. По завршувањето на час деца носат дома готова изработка со висок изложбен квалитет.

Цена 700 денари.

🃏Сите материјали, алатки, заштита на облека се влегуваат во цена.

🌼За работа ги користиме висококвалитетни професионални ликовни материјали кои имаат потврди и сертификати за безбедно користење на деца.

🕑Датум и време: 18 jануари, 16:00-18:00

🎯Охрид, Црква Св.Георгиja, влез од каj паркингот

📞Контакт: Ната 075 822 745

09/12/2023

☃️❄️🎄Новата година е секогаш периодот кога сакаме да промениме нешто, да стекнеме нови навики, вештини, да најдеме нови пријатели или нова работа.

🏅За да ви помогнеме, организираме средба со лидерите на меѓународната заедница PRO Women🙋‍♀️👩‍💼👩‍🎓👩‍⚕️. Многу жени ширум светот се собираат за да си помогнат една на друга, да се мотивираат, да дадат поддршка или совет.
www.pro-women.org

💁‍♀️20 декември основачите и лидерите на заедницата ќе ја претстават својата идеја. Ќе видите како некој може да стане член на заедницата, како членството во заедницата може да ве поддржи во различни аспекти од животот, па дури и како вие можете да им помогнете на другите жени околу вас.

🕰️Придружете ни се во 11.00.
Времетраење - 1.5 саати.

💥Учеството е бесплатно.

🏴󠁧󠁢󠁥󠁮󠁧󠁿🇺🇸 Состанокот ќе се одржи на англиски јазик.

📝⬇️⬇️⬇️За РЕГИСТРАЦИЈА
🎯притисните линков⏬⏬⏬
https://forms.gle/FapENWR651mkme2XA

🎯 или пишите ми

#мајка #работилница #жени

Photos from Art center "Baby school"'s post 05/06/2023

📌На 3. 06. во просториите на Kasarna Hub одржавме работилница на тема:
🌼"Родителство-стрес или предизвик - Грижа на менталното здравје кај родителите"🌼

🙇‍♀️👩‍👧‍👦Во периодот на активно родителство, грижата и работата на себе не само што се важни туку се и неопходни како за себе така и за децата.

🌻👨‍👩‍👦‍👦На оваа работилница учесниците имаа можност да работат на нивниот емоционален развој и како родители да ја истражат родителската улога :
📌Какви се како родители?
📌Колку стимулираат емпатија и како се носат со сопствените емоции?
📌Каде претеруваат, а што прават недоволно?
📌Се соочуваат ли со некои препреки?
📌Колку го зајакнуваат контактот со себеси?

🎨Преку комбинација на Гешталт - арт психолошки техники учеа како да се соочат и справат со сопствените емоции, да се ослободат од стресот, да го поттикнат чувството на слобода, самосвесност и самодоверба🌻.

👨‍👩‍👦‍👦Кога имаме родители кои се грижат за менталното здравје, имаме и здрави дечиња🌻🌼.

♥️Ви благодараме на довербата!

👩‍🎓Работилницата беше под водство на Јасмина Јовчевска психолог/гешталт психотерапевт.

#психологзадеца #психолог #арттерапија #психотерапевт #емоции #чувства #арттерапија #арт-терапија #детскиистерики #работилница #децамк #центарзадеца #мајки #мајкиитатковци #мајкиидеца #охридзасите👌🏻 #охрид #гешталтпсихологија #родителите

30/05/2023

🌻Менталното здравје е состојба која ја одржуваме со цел да се чувствуваме добро во врска со себе, да создадеме и одржуваме позитивни врски со семејството, пријателите, роднините, партнерот, како и да умееме да се справуваме со своите емоции (позитивни и негативни).

🌼Уште повеќе е значајно во процесот на родителството, затоа што во периодот на активно родителство, грижата и работата на себе не само што се важни туку се и неопходни како за себе така и за децата.

👨‍👩‍👦‍👦На оваа работилница ќе имате можност да работите на Вашиот емоционален развој како родители, и да ја истражите Вашата родителска улога:
📌Какви сте Вие како родители?
📌Колку стимулирате емпатија и како се носите со сооствените емоции?
📌Каде претерувате, а што правите недоволно?
📌Се соочувате ли со некои препреки?
📌Колку го зајакнувате контактот со себеси?

🎨Преку комбинација на Гешталт - арт психолошки техники ќе научите
📌како да се соочите и справите со сопствените емоции,
📌ќе се ослободите од стресот,
📌ќе се релаксирате,
📌ќе го поттикнете личниот раст и развој. 🍀

♥️Дозволете си 2.5 часа време за себе кое дава простор за поттикнување на чувството на слобода, самосвесност и самодоверба.🧿

😉За учество на оваа работилница не Ви е потребно претходно искуство за цртање/сликање.

👩‍🎓Работилницата ќе ја води Јасмина Јовчевска психолог/гешталт психотерапевт

🕝Датум: 3.06.2023 во 11.00
🕹️Место: Касарна Хаб Охрид
📲За подетални информации обратете се на 079314244

🤚Бројот на учесници во една група е ограничен. Резервирајте го своето место навреме!

#децамк #мајки #мајкиитатковци #мајкиидеца родителите #едукативен #ранразвој #развојнадете #охридзасите👌🏻 #охрид #психологзадеца #психолог #арттерапија #психотерапевт #емоции #чувства #детскиистерики #работилница #гешталтпсихологија

26/05/2023

Драги родители!
Работилницата ќе биде одложена за наредната сабота (3 јуни).
Дозволете си време за себе!
Запишите се!

Се гледаме!

Photos from Art center "Baby school"'s post 16/05/2023

♥️Сакаме да се заблагодариме на пространство Kasarna Hub за комфорна просторија и можност да се спроведат нашите работилници!

🙋 Ве благодариме за поддршка!

#децамк #центарзадеца #мајки #мајкиитатковци #мајкиидеца #психологзадеца #психолог #арттерапија #работилница

15/05/2023

🌻Менталното здравје е состојба која ја одржуваме со цел да се чувствуваме добро во врска со себе, да создадеме и одржуваме позитивни врски со семејството, пријателите, роднините, партнерот, како и да умееме да се справуваме со своите емоции (позитивни и негативни).

🌼Уште повеќе е значајно во процесот на родителството, затоа што во периодот на активно родителство, грижата и работата на себе не само што се важни туку се и неопходни како за себе така и за децата.

👨‍👩‍👦‍👦На оваа работилница ќе имате можност да работите на Вашиот емоционален развој како родители, и да ја истражите Вашата родителска улога:
📌Какви сте Вие како родители?
📌Колку стимулирате емпатија и како се носите со сооствените емоции?
📌Каде претерувате, а што правите недоволно?
📌Се соочувате ли со некои препреки?
📌Колку го зајакнувате контактот со себеси?

🎨Преку комбинација на Гешталт - арт психолошки техники ќе научите
📌како да се соочите и справите со сопствените емоции,
📌ќе се ослободите од стресот,
📌ќе се релаксирате,
📌ќе го поттикнете личниот раст и развој. 🍀

♥️Дозволете си 2.5 часа време за себе кое дава простор за поттикнување на чувството на слобода, самосвесност и самодоверба.🧿

😉За учество на оваа работилница не Ви е потребно претходно искуство за цртање/сликање.

👩‍🎓Работилницата ќе ја води Јасмина Јовчевска психолог/гешталт психотерапевт

🕝Датум: 27.05.2023 во 10. 30
🕹️Место: Касарна Хаб Охрид
📲За подетални информации обратете се на 079314244

🤚Бројот на учесници во една група е ограничен. Резервирајте го своето место навреме!

#децамк #мајки #мајкиитатковци #мајкиидеца родителите #едукативен #ранразвој #развојнадете #охридзасите👌🏻 #охрид #психологзадеца #психолог #арттерапија #психотерапевт #емоции #чувства #детскиистерики #работилница #гешталтпсихологија

10/05/2023

💯💥Впечатоци од страна на учесниците за нашата работилница на тема: "Твојот свет е и и мој-чувства на вина, срам и страв кај деца":

💥🙋‍♀️"Фала вам на организацијата. Супер беше и се надевам на повеќе идни работилници. Супер сте!" ❣️

💥👩‍🦰"Работилницата беше за мене уште едно убаво искуство, каде што имав прилика со другите учеснички- мајки, да разменам мислење и искуство со родителството, и секако шанса преку вежбите што ги работевме, да се запознаеме себеси подобро, размислувајќи за теми што ни ги определи психологот Јасмина. Ви благодарам за организација!"

💥🙋"Фала и вам што правите вакви работилници. Топло им препорачувам на сите свесни родители да се придружат, има многу што да се научи."

💥🙋" Многу сум среќна дека имав можност да бидам дел од работилница за родители, затоа што избраната тема, креативни вежби и општ начин на соработка со психолог и други учесници ми дадоа идеи за да сум поефикасна во мајчински живот. "

#психотерапевт #емоции #чувства #детскиистерики #работилница #децамк #центарзадеца #мајки #мајкиитатковци #мајкиидеца #учименизигра #едукативен #ранразвој #развојнадете #охридзасите👌🏻 #охрид

Photos from Art center "Baby school"'s post 08/05/2023

📌На 22.04.23 во просториите на Kasarna Hub Охрид беше реализирана работилница на тема: "Твојот свет е и и мој-чувства на вина, срам и страв кај деца" со психолог/психотерапевт Јасмина Јовчевска.

✨Учесниците имаа можност да научат за чувствата на срам, вина и страв кои се јавуваат кај децата, како и да поминат практична неколку часовна обука низ психотераписки вежби за работа на себе преку истражување и справување со сопствените емоции.

⭐Ви благодариме на довербата и на Вашето активно учество - да создадеме и да се стекнеме со позитивно родителство за доброто на децата.

#децамк #центарзадеца #мајки #мајкиитатковци #мајкиидеца #учименизигра #едукативен #ранразвој #развојнадете #охридзасите👌🏻 #охрид #психологзадеца #психотерапевт #емоции #чувства #детскиистерики #работилница

15/04/2023

💥Почитувани родители! 👨‍👩‍👧‍👦
Овој април Ви носиме нова работилница на тема: "Твојот свет е и мој - чувства на срам, вина и страв кај децата"🤦🙍

⚡Однесувањето кај децата не треба да се гледа како болест колку и да е непријатно. Тоа е одраз на детската сила и волја за да преживеат. Тие го прават она што го мислат со цел најдобро да поминат низ процесот на растење. Дел од тие однесувања кои прават "проблем" се страв, вина и срам.
🌟Многу возрасни влечат чувство на вина и страв уште од детството и таквите чувства доколку долго траат продираат во сите области на животот создавајќи многу неволји. ⚡Често пати возрасните се и затекнати и од чувствата на срам или страв при несоодветно однесување на своето дете.

⁉️Кога ќе помислите на срам, што прво Ви паѓа на памет? Дали станува збор за Вас, за другите, конкретни ситуации или долго чувство?
⁉️Сакате ли да дознаете што стои позади неизразените чувства на вина и срам кај децата?
⁉️Треба ли децата да се срамат од многу нешта и како им создаваме повеќе срамови отколку што треба?
⁉️Каде како возрасни и родители претеруваме, а што правиме недоволно?
⁉️Сите од нешто се плашиме нели? Колку сте свесни за работите кои Ве плашат? Ги пренесувате ли Вашите стравови на децата?

🙋‍♂️Дозволете си да бидете дел од оваа работилница и преку одредени психитерапевски техники да ги истражите Вашите чувства и да станете свесни за начинот на кој реагирате како со луѓето со којшто сте во контакт така и со семејството, а особено со Вашите деца.

🚩Место: Kasarna Hub, Охрид
🗒️Дата: 22.04.2023
⌚Време: 10.30-13.30
👩‍🎓Водител: Јасмина Јовчевска

Уписите се во тек! Местата се ограничени.

📝Пишите ни или 📞јавите се на 079314244.

#психолог #чувства #гешталтпсихологија #психотерапевт #емоции #чувства #детскиистерики #мајкиидеца #работилница #мајкиитатковци #мајки #охрид #развојнадете #детскашкола

Photos from Art center "Baby school"'s post 07/02/2023

⚡На 04.02.2023 во просториите на Kasarna Hub одржавме работилница на тема 🌟"Развојот на моето дете"🌟 со психолог Јасмина Јовчевска (.j) .

🌠Преку едукација и искуствени вежби учесниците станаа свесни за стиловите на воспитување кои ги применуваат кај своите деца, важноста на родителството како процес и свесност за грижата за себе и сопствените емоции и потребата од работата на истите како неопходни за полесно справување во родителството.

❤️Ви благодариме на сите учесници што со Вашето присуство и активно учество дадовте една убава енергија на денешната работилница.

💯💥Впечатоци од страна на учесниците за нашата работилница:

🙋‍♀️"Многу пријатно и освежувачко искуство! Интеракцијата со психотерапевтот беше одлична, но исто така и чувството отворено и слободно да може да се споделат и разменат искуства со другите мајки. Едвај чекам да слушнам што ново ќе организирате во иднина. Ви благодарам многу!"👋
Марија

👩‍🦰"Благодарност до тимот, кој со својата позитивност и отвореност донесоа свежина на оваја работилница. Секое искуство со промена за себе да проникниме подобро во детскиот развој, а ние како жени, мајки, работници да се подружиме заедно надвор од канџите на домот."
Гордана

👩‍💼"Дојдов на работилницата со доза на скептичност и предрасуда. Изненадена бев позитивно од самиот концепт, каде што психологот Јасмина голем дел се посвети на нас, учестниците - мајки кои што се трудиме да бидеме најдобри во таја улога.
Најмногу изненадена, позитивно и воодушевачки, жени-мајки со голема ширина на размислуванје, образовани, се најдовме сите во слична ситуација каде што се обидуеме да балансираме помеѓу мајчинството, работата и друго, што од нас се очекуваат. Ви благодарам👋 премногу за организацијата и се надевам на уште вакви настани."
Љиљана.

👩‍🦱"Убаво организирана работилница, со малку теорија, а повеќе пракса што поттикнува размислување на теми чекор понапред од моменталните случувања и животни ситуации. Се на се, позитивно искуство и секако топла препорака👍 за секој кој сака да ја посети доколку истата е организирана повторно."
Ољгица

#децамк #центарзадеца #мајки #мајкиитатковци #мајкиидеца #едукативен #ранразвој #развојнадете #охридзасите👌

Photos from Art center "Baby school"'s post 29/01/2023

⚡Од денеска нашиот тим се надоградува со уште едно стручно лице - дипломиран логопед👩‍🎓.

👆Прегледот од логопед е важен за секој родител да разбере како треба да изгледа развојот на говорот и јазичните вештини на неговото дете.

🗣️Логопедската поддршка овозможува:
•Процена на говорно - јазичен развој.
•Третман на говорни и јазични
потешкотии. Третманот е игра преку коа се усвојуваат
и се подобруваат вештините на детето.
•Соодветна и посветена работа. Насоки кои ги водат родителите до
полесна комуникациа со своите деца.

👆Дознајте повеќе како да го стимулирате говорот на вашето дете во домашни услови.

🌟Индивидуален час со логопед трае 45 мин.

📞Јавете се на 079314244
или
📝Пишите ни.

#децамк #центарзадеца #мајки #мајкиитатковци #мајкиидеца #едукативен #ранразвој #развојнадете #охридзасите👌🏻 #охрид #педагог #логопед #логопедија #детскошколо #логопедијамк

Photos from Art center "Baby school"'s post 26/01/2023

Сега во центарот Baby school: час за ран развој во групата за мали дечиња.
Од 10.30 до 12.00.

Остана уште неколку места! Пријавите го и вашето дете!

#децамк #центарзадеца #мајки #мајкиитатковци #мајкиидеца #едукативен #ранразвој #развојнадете #охридзасите👌🏻 #охрид #детскашкола #педагог #педагози #детскошколо

Photos from Art center "Baby school"'s post 23/01/2023

🌞Го сакате Вашето дете🧒, но понекогаш немате сила да се справите со него?
🌞Се прашувате ли дали сте Вие доволно добар родител👨‍👩‍👧?
🌞Моето дете е сменето-што да правам🤷?
🌞Како да се справам со целата бура на емоции🗣️?

🌟Доколку си ги поставувате овие прашања тогаш нашата работилница е токму за Вас!

🌟Родителството е предизвик, а нашата работилница ќе Ви помогне да се запознаете и да си одговорите на овој родителски предизвик.

⚡Работилница "Развој на моето дете" е од едукативен карактер, наменета за родители кои сакаат да осознаат повеќе за развојот на децата преку примена на техники од гешталт психотерапија.

⚡Со учество на оваа работилница ќе станете свесни за тоа
🌟што се случува во одредена возраст кај децата од развоен аспект,
🌟како се одвива развојот,
🌟ќе разберете на кој начин реагирате и комуницирате со Вашите деца (преку запознавање со родителски стилови на воспитување кај детето),
🌟значењето на улогата на таткото🙋‍♂️ и мајката🙋‍♀️ во развојот на детето,
🌟сликата за себе,
🌟играта како значајни аспекти во истото.

👆Исто така работилницата Ви овозможува дружење🤝, комуникација и споделување на искуства со други родители👨‍👩‍👧 како и можност за едно поразлично доживување на поквалитетен начин надвор од секојдневието.

🙏"Без добро ментално здравје нема добро животно функционирање".

🚩Место: Kasarna Hub, Охрид
🗒️Дата: 04.02.2023
⌚Време: 10.30-13.30
👩‍🎓Водител: Јасмина Јовчевска

Уписите се во тек! Местата се ограничени.

📝Пишите ни или 📞јавите се на 079314244.

#психолог #гешталтпсихологија #психотерапевт #емоции #чувства #детскиистерики #мајкиидеца #работилница #мајкиитатковци #мајки #охрид #развојнадете #детскашкола

Photos from Art center "Baby school"'s post 17/01/2023

Денеска почнуваме со запознавање на програмата на центарот Baby school и нашите педагози👩‍🏫.

Во рамки на нашиот центар
почнувајќи од февруари
секоја 📝среда
во период ⌚од 17:30 до 19:00 часот
ќе организираме психолошко-едукативна работилница наменета за
деца🧒 и ученици на возраст од 3-12 години на тема:
⚡⚡⚡ "Запознавање на моите емоции😊 и чувства🙄".

Работилницата ќе ја води Јасмина Јовчевска.

🌟Јасмина Јовчевска е:
●Дипломиран психолог
●Сертифициран психодијагностичар
●Гешталт психотерапевт
●Член на Македонска Асоцијација на психолози и психотерапевти

🌟Со употреба на проективни техники (цртеж, сликање, моделирање со пластелин и глина и сл.) децата
●да се спознаат себеси,
●да го подобрат социеемоционалниот развој (преку запознавање на своите емоции и чувства, учење да ги препознаат),
●да ги зајакнат когнитивните способности (низ визуелна перцепција, развој на фина моторика, координација, меморија),
●да се истражат себе.

🌟Како гешталт психотерапевт Јасмина 5 години работи со индивидуално советување/психотерапија со клиенти - деца, млади и возрасни.

🌞"Без добро ментално здравје нема добро животно функционирање".

Уписите се во тек!
📝Пишете ни во порака или 📞јавете се на 079/314-244
Ве очекуваме!

#децата #работилница #мајки #мајкиидеца #детскашкола #детидома
#психологзадеца #психологија #арттерапија #гешталтпсихологија #психотерапевт #емоции #чувства #детскиистерики #менталноздравје

07/01/2023

Во телото здравје,
Во душата мир,
Во мислите спокој,
Во срцето младост.
Среќен Божиќ!

Photos from Art center "Baby school"'s post 28/12/2022

💥Ви благодараме на сите што дојдовте на последната работилница во 2022 година.

💥Ви посакуваме убави празници и се гледаме во новата🎄🎅 2023 година, со нови сили и уште поубави средби и доживувања!

#новагодина #деца #работилница #подароци #божиќниколачи #мајки #магија #мајкиидеца #божиќ #чудеса #детскашкола #детидома #подаркисвоимируками #детскошколо

Photos from Art center "Baby school"'s post 15/12/2022

Денеска на час децата учеа форми🟢🟨🔺️ и бројки1️⃣5️⃣7️⃣. Потоа направија
куќички и ја накитија новогодишната елка🌲.

#центарзадеца #учименизигра #децамк #мајкиидеца #елка #божиќ #новагодина #часовизадеца

14/12/2022

✨️Што може да биде повкусно од домашни колачиња🍪? А ако колачињата се направени од рацете👐 на вашите деца🙋‍♀️🙋‍♂️ и ги јадете во топло друштво покрај елката🎄!? Тоа е дефинитивно највкусно нешто на светот!✨️✨️

✨️Дојдете на нашата работилница на 24 декември и ќе бидете на чекор од оваа пријатна семејна вечер на новогодишната ноќ и Божиќ!

✨️Вашите деца ќе ви подготваат божиќни колачиња🎅🍪☃️, ќе ги украсуваат, а во исто време ќе вежбаат фина моторика, ќе се запознаат со нови пријатели🙋‍♂️🙋‍♀️ и ќе уживаат во процесот!

✨️Ајде да создадеме Божиќна магија заедно!🎅☃️🎄🎁

Местата се ограничени!
За учество јавете се☎️ на 079314244.

#новагодина #децата #работилница #подароци #божиќниколачи #мајки #магија #мајкиидеца #божиќ #чудеса #детскашкола #детидома #подаркисвоимируками #божиќниколачиња

Photos from Art center "Baby school"'s post 12/12/2022

Во саботата ја одржавме новогодишната🎅 работилница.
Со весела новогодишна☃️ музика 🎶 направивме елка🎄 од шишарки, од хартија и прекрасна кукла за на елка🌲.
Децата сликаа, вајаа, сечеа, лепеа, па дури и танцуваа.

Огромна благодарност до сите што дојдоа и споделија новогодишната радост со нас! Беше топло, пријатно и забавно.

А ние веќе се подготвуваме за следната последна работилница во оваа година - овој пат ќе печеме божиќни колачиња🍪☃️🍪🎄! Следете не!

#новагодина #работилница #децамк #мајкиидеца #божиќ #божиќниколачи #божиќниколачиња #центарзадеца #елка

Photos from Art center "Baby school"'s post 06/12/2022

✨️Не знаете како да им раскажете на децата за магијата✨️ на Дедо Мраз, Нова година🌲 и Божиќ☃️?
Размислувате како да ги анимирате своите деца, кога надвор времето е ладно и темно?

☃️На помош ви доаѓа адвент календар. Дајте им можност на вашите деца да ги бројат деновите до Нова година и Божиќ со интерес и развивање.

🎄Традиционално, приемот започна на 1 декември, но можете да се приклучите и да започнете во било кое време во текот на месецот.

🎁Се што е потребно - малку фантазија и интересни задачи за секој ден.

#новагодина #божиќ #адвенткалендарь #подароци #децата #мајкиидеца #децадома #магијанабожиќ #новыйгодкнаммчится #детидома #детскицентр #игризадеца #адвенткалендар #2023

29/11/2022

🎄☃️🎄☃️🎄Новогодишните и божиќните празници се секогаш ЧУДО!

Уште сега многу луѓе почнуваат да подготвуваат подароци🎁, да ги украсуваат своите куќи, а во нивните души почнува да свети искра на радост и среќа! ✨

Би сакале да ви понудиме одлична можност да ги доживеете овие емоции со вашите деца👩‍👦во нашата работилница!

Подарете му момент на вашето дете да направи украс за новогодишната елка🎄 или подарок за најблиските🎁 со свои раце👐!

Сите потрошни материјали веќе се спремни и чекаат! Ваше е само да се снабдите со добро расположение!

Ајде да создадеме магија ☃️✨️🎄заедно!

Местата се ограничени!
За учество јавете се☎️ на 079314244.

#новагодина #децата #работилница #подароци #мајки #магија #мајкиидеца #божиќ #чудеса #детскашкола #детидома #подаркисвоимируками

21/11/2022

Се случува на детето да му биде тешко веднаш да се навикне на градинка и да помине многу време без својата мајка (родители).👩‍👦 Благодарение на добро испланираните часови во нашиот центар, бебето ќе може да научи како да комуницира со другите деца и да се потопува во средината на креативниот развој без да биде одвоено од мајка си цел ден.

✨️Дел од часовите се одвиваат во форма на слободна игра и комуникација на децата, што им овозможува на децата, под незабележлив надзор на возрасен, да научат конструктивно да комуницираат едни со други.

✨️Користиме индивидуален пристап кон секое дете, каде приоритет е удобноста на малата личност и искрената почит кон неа.

✨️Секоја лекција се состои од мали постојано наизменични блокови, што ви овозможува да го задржите вниманието дури и на најмалите деца и да не дозволите да се уморат:
👐 слободна игра, комуникациски вештини со другите деца во групата;
👐 игри, мини-изведби, задачи за развој на говор, размислување, меморија и внимание на децата;
👐 гимнастика за деца;
👐 формирање на вештини за самопослужување;
👐 игри за развој на фини и груби моторни вештини;
👐 музички и ритмички вежби (играње, пеење, развој на слух и чувство за ритам, запознавање со вистински музички инструменти);
👐 креативност (цртање, моделирање, примена);
👐 истражувачки активности и запознавање со надворешниот свет;
👐 странски јазици.

• Наставата се одржува во две групи од 1,5 до 3 години🧸 и од 3 до 6 години🪆 со и без мајки.
• Времетраењето на часот е 2 саати.
• Број на деца во група до 8 лица.
• Наставата во секоја група ја спроведува наставник и помошник-воспитувач.

📢 Сега уписите се отворени во групи од 1,5 - 3 години и 3 - 6 години.

🕛 Наставата во помладата група се одржува во понеделник, среда и четврток од 10.00 до 12.00 часот.
Часовите за сениорската група се одржуваат во вечерните часови. Точниот распоред ќе го објавиме подоцна.

🎯 Локација - ул. Кочо Рацин. Над Долни Сарај.

☎️ Пријавете се за пробна лекција на телефон 079314244

#отварање #детскицентр #мајки #мајкиидеца #мајкинаинстаграм #охрид

17/11/2022

"Помогни ми да го направам ова сам" 💪 е основно мото по кое ние се раководиме.
М. Монтесори говорела дека децата во нив имаат зададено природно се што е потребно за нивниот развој. Основната задача на возрасен️ е да не ✋ му пречи.

✨️✨️1. Доколку и вие го имате сличниот однос кон децата, тогаш дојдете и станете дел од нашиот тим. Ние бараме педагози 👨‍🏫, кои што имаат љубов кон децата и сакаат да им помогнат во нивниот развој.

✨️✨️2. Доколку сте родител 👩‍👦на дете од 1.5 до 6 години и сакате вашето дете да биде дел од нашиот проект, тогаш дојдете кај нас. Уписите се отворени.💥

За подетални информации напишете ни 📮 или јавете се ☎️. Ве очекуваме!
____________________________________

"Помоги мне сделать это самому" 💪 - основной девиз, которого мы придерживаемся.
М. Монтессори говорила о том, что в детях природой заложено все, что им нужно для развития. Основная задача взрослого – ✋️ не мешать.

✨️✨️Если вы работаете 💼 с детьми и вам близок такой подход, то нам по пути! Мы ищем в команду педагогов 👨‍🏫, которые любят детей и хотят помочь им развиваться.

✨️✨️Если вы родитель 👩‍👦 ребёнка от 1.5 до 6 лет, и вам близок такой подход, то нам по пути! Приводите своих деток к нам! Набор открыт! 💥

Пишите 📮 или звоните ☎️, мы все расскажем!

#педагози #школа #деца #вработување

Photos from Art center "Baby school"'s post 16/11/2022

Первые росточки нашей маленькой школы.

Првите никулци во нашето детско школо.

#градина #домашнийсад #дети

Photos from Art center "Baby school"'s post 15/11/2022

Ајде да се запознаеме!

Ние сме родители 👩‍👦на деца од 1,5 до 3 години, кои создадоа простор за креативен развој на своите малечки, а сега ве покануваме вас и вашите деца да ни се придружите.

Ние сме Ана Андоноски и Евгенија Дрпа - две мајки со високо педагошко образование и долгогодишно искуство во работа со деца.

Ана е диригент 🎤 на академски хор, повеќе од 18 години професионално пеење, регентство и диригентска работа во многу детски и возрасни групи во Москва и Московскиот регион.

Евгенија е шеф на добротворната организација во Санкт Петербург за помош на децата со пречки во развојот со 10-годишно искуство.

Се здруживме да создадеме детски центар чија цел е хармоничен и сеопфатен развој на децата од рана и предучилишна возраст во слободна и разбирлива (креативна) средина, како и вклучување на нивните родители во развојната средина.

Кога градиме часови, ги користиме добро познатите методи за ран развој на италијанската педијаторка Марија Монтесори и слободната игра на унгарската педијаторка Еми Пиклер, како и идејата за хумано образование, кои се успешно тестирани на нашите сопствени деца.

Ве очекуваме во нашиот центар!
___________________>>>>>

Давайте знакомиться!

Мы - любящие родители детей от 1.5 до 3 лет, которые создали пространство творческого развития для своих малышей, а теперь приглашаем вас и ваших детей присоединиться к нам.

Мы - Анна Андоноски и Евгения Дрпа.

Мы - две мамы с высшем педагогическим образованием и большим опытом работы с детьми.

Анна - дирижёр академического хора, более 18 лет профессиональной певческой, регентской и дирижёрской работы во многих детских и взрослых коллективах г. Москвы и Московской области.

Евгения - руководитель Санкт-Петербургской благотворительной организации помощи детям с особенностями развития с 10 летним стажем.

Мы объединились, чтобы создать детский центр, цель которого - гармоничное и всестороннее развитие детей раннего и дошкольного возраста в свободной и понимающей (творческой) среде, а также вовлечение в развивающую среду их родителей.

При построении занятий мы используем известные методики раннего развития итальянского педиатра Марии Монтессори и свободной игры венгерского педиатра Эмми Пиклер, а также идею гумманного образования, которые с успехом прошли проверку на наших собственных детях.

Мы ждём вас в нашем центре!

#мамывдекрете #дети #занятиясдетьми #креативенразвој #часовизадеца

Want your school to be the top-listed School/college in Ohrid?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

#ohridmacedonia #детишки #танцыдети #координация
#дети #лепка #творчество #Охрид #deca #Ohrid #detskaskola

Location

Category

Website

Address


Ohrid
Other Schools in Ohrid (show all)
OОУ „Григор Прличев", Охрид OОУ „Григор Прличев", Охрид
Улица “Димитар Влахов“ бр. 65
Ohrid, 6000

ООУ „Григор Прличев“ Охрид

Malac Genijalac Ohrid - Училиште за ментална аритметика Malac Genijalac Ohrid - Училиште за ментална аритметика
MK, Boulevard Turistichka 32
Ohrid, 6000

Уписите се во тек! 🔹Нумикон 🔸Малац Сезнајко 🔹Ментална аритметика За деца кои го менуваат светот🌍

IQ UP - Ohrid IQ UP - Ohrid
Mite Bogoeski
Ohrid, 6000

Со IQ Up! едукацијата преку иновативна методологија ги в?

PISI Matematika - Ohrid PISI Matematika - Ohrid
Macedonia, Street Dame Gruev 207
Ohrid, 6000

ООМУ "Методи Патче" - Охрид ООМУ "Методи Патче" - Охрид
Nikola Karev 4
Ohrid, 6000

OOMU "Metodi Patche" - Ohrid

Знаење во развој Знаење во развој
Kasarna Hub
Ohrid, 6000

Знаење и развој - едукација на неформално образование и доедукација при формално образование.

Prodavnica za kompjuteri 2 Prodavnica za kompjuteri 2
15th Korpus
Ohrid, 6000

Плус Бон-Тон Плус Бон-Тон
Ohrid

Среќни и весели и дечиња ���

Образовен Центар Opportunity Ü Образовен Центар Opportunity Ü
Даме Груев 153, Охрид
Ohrid, 6000

Образовен Центар Opportunity Ü * образованието е најважно за понатамошните успеси во сите сфери од животот *

Lingva Hope Lingva Hope
Pitu Guli 63 A
Ohrid, 6000

Лингва Хоуп -центар за странски јазици