01/02/2026
30 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ
Студено јануарско утро, 1996 година.Снежна виулица,снег до колена ...
Прв ден на уписи во новото школо во градот "Студио MTQ".Сите подготовки се направени: совршено средено по прописи,рекламен материјал,реклама во РТВ Куманово...(тогаш немаше социјални мрежи,рекламите се прикажуваа на ТВ и радио)
Со видна возбуденост, нестрпливо летам по заледените тротоари.Снежните лапавици ми влегуваат во очите и неможам да гледам.
И почнува мојата голгота...Прв,втор,петти ден,една недела...телефонот фиксен (тогаш немаше мобилен) не звони,нема повици,никој не доаѓа.. Одеднаш телефонот звони..Се стрчувам..
-Студио М,повелете...
-Мамо,кога ќе си дојдеш? мојата петгодишна ќерка ме бара...Цел ден те нема...
- Многу е лошо времето,си мислам..затоа никој не се јавува...
- Децата се на распуст,се тешам..
- Па барем некој да се јави,чисто информативно да праша за нешто ново што се случува во градот...
Деновите врват,но ноќите непроспиени исполнети со сомнежи,дилеми,неизвесности,преиспитувања..какви што можат само ноќите да бидат.
- Ајде утре е нов ден,нова надеж,ќе биде...
Во еден момент на безнадежност решив да одам во РТВ Куманово...На влезната врата се сретнуваме со одговорната за реклами.
- Леле, јас те заборавив тебе,заборавив да ја пуштам рекламата.Одма ќе ја активирам.Да знаеш, утре ќе дојде ќерка ми со нејзините другарки да се информираат за школото...
Триесет (30)години поминаа од тој ден.Се останато е историја.
Благодарам на сите што бевте дел од тоа патување.Патот не беше лесен,но не и невозможен.Имаше благи,но и остри кривини,земјани патеки,прави калдрмисани сокаци,но и асфалтирани автопати...
Денес цел ден паѓа убав ситен дожд.Ако денот по утрото се познава,оваа ќе биде уште една плодна година...
Попладнево го шетам кучето а некој вика:
-Пане, јутре почнуемо!Група насмеани дечиња ми мавтаат од спротивната страна.
Да сте ми живи и здрави и благословени!!
18/09/2025
01/09/2025
29/08/2025
27/08/2025
27/08/2025