11/05/2026
ИДЕИТЕ ДОБИВААТ ВИСТИНСКА ВРЕДНОСТ ТОГАШ КОГА ОД ЗАМИСЛА ЌЕ ПРЕРАСНАТ ВО РЕАЛНА ИНОВАЦИЈА!
Со силна енергија, истражувачки дух и тимска посветеност, започна реализацијата на победничката идеја на тимот KOCHANIREBORN од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани од Регионалниот UPSHIFT Bootcamp 2026. Првиот чекор од проектот веќе се одвива во лабораториите на училиштето, каде учениците активно работат на лабораториска подготовка на врзивно средство – мицелиум за буковка, добиен од природни ресурси.
Ова не е само проект, туку пример како младите преку наука, технологија и иновации создаваат решенија со реална примена и одржлива вредност. Во процесот се вклучени поголем број ученици кои преку практична работа, истражување и експериментирање ги развиваат своите знаења, вештини и креативност во современи лабораториски услови.
Лабораториските капацитети на училиштето повторно стануваат место каде љубопитноста се претвора во истражување, а ученичките идеи добиваат можност да прераснат во успешни и препознатливи проекти. Токму таму каде што науката се учи практично, се создаваат млади луѓе подготвени да размислуваат иновативно, да соработуваат и да придонесуваат за заедницата.
Оваа иницијатива е дел од проектот „UPSHIFT Impact: на општествените промени преку младински иницијативи", имплементиран од конзорциум предводен од Genesis Project, во соработка со LEAD – Лидери за образование, активизам и развој, HERMES и Nisma ARSIS, и ко-финансиран од Програмата Еразмус+ на Европската Унија.