ОУ Малина Попиванова Кочани

ОУ Малина Попиванова Кочани ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ,, МАЛИНА ПОПИВАНОВА,,-КОЧАНИ МАКЕДОНИ

ОУ,, Малина Попиванова ,, Кочани е основано 1985 со одлука на Секретаријат за општествени дејности на општина кочани . Училиштето почна со работа со 36 вработени и 850 ученици . Училиштето располага со 10 000 м/2 дворно место и 1700 м/2 просторни услови . Во училиштето учеле неретко ученици кои биле првенци во средните училишта, безброј освоени награди на државни натпревари како и мегународни натпревари .првиот училишен весник е излезен од штампање на 07.04.2013 год .

19/12/2025
03/04/2024

На 29 март бевме во Кочани каде, во соработка со општина Кочани,

Завршуваме за утрешниот базар за 8 ми март
06/03/2023

Завршуваме за утрешниот базар за 8 ми март

16/09/2022

Општина Кочани, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и Одделението за внатрешни работи Кочани, деновиве, во основните училишта „Св. Кирил ....

07/04/2021

Денес, 7 Април, е Патронен празник на нашето училиште „Малина Попиванова“, ден кој требаше да го одбележиме со низа активности, , ќе се дружевме, ќе се насмеевме, ќе покажевме што знаеме, ќе се гордеевме...Ќе оддадевме почит на оние кои дале придонес низ сите овие години.Но, она што денес е најважно за сите нас е здравјето, пред се на нашите ученици, на вработените, на родителите. Затоа нашите ученици земаа активно учество во одбележување на Патронот работејќи од дома.
Училиштето во чест на Патрониот празник организираше литературен и ликовен конкурс на тема„ Животот и делото на Малина Попиванова.“ И оваа година вредните ученици создадоа прекрасни творби низ стих и цртеж.
Наградени ученици на литературниот конкурс се:

• Матеј Алексов – III-1 одд. – прва награда

СИЛНА ДЕВОЈКА, МАКЕДОНКА

Во мугрите на дваесетиот век,
се роди силна девојка, Македонка.
Утрото ја задои со мајчината солза
и тешката клетва од вековното ропство,
мирот да го бара низ туѓиот свет,
а Македонија секогаш да биде нејзиниот лек.

Годините минуваа, луѓето не застануваа,
идеи се редеа, идеалите се возвишуваа,
а во чистото срце на малата Малина,
желба се роди,
СЛОБОДАТА,
секаде да се вдоми.

Далеку од татковината, далеку од своите,
живееше за татковината, окована во далечината,
силни пораки праќаше за своината.
Татковината не е таму каде што е подобро,
туку таа е таму каде што боли душата во длабочината!

И затоа голем јунаку мој,
гордо стојам пред споменикот твој,
од срце ти пеам преку стихот мој,
почит ти оддавам за подвигот твој!
Изработил: Матеј Алексов 3-1 одд.

• Горица Јанева – VII-1одд.- втора награда

За Малина Попиванова

Со храброст огромна и голема сила,
за борба подготвена секогаш си била.
Гордост за нашата земја мила,
прва македонка во Свердлов си била.

Големо е твоето име за нас,
почитта наша е голема за вас.
Моето училиште го носи твоето име,
во него секој плодот на трудот свој го кине.

Благодарни сме ние за твојот голем труд,
во борбата не спаси од непријателот лут.
Патронот твој ние го славиме,
со цвеќе в рака почит ти оддаваме!

Изработила: Горица Јанева VII1одд.

• Ива Ситновска – VIII- 1 одд. – трета награда

Пред бистата

Илјада деветстотини и втората
пролетната убавина нежно блика
се раѓа денот во боите на изгрејзората
со новата детска лика.

Сјајна ѕвезда по небото броди
Малина се роди
годините ко гулаби прелетуваа
безгрижен живот ветуваа.

Денес пред бистата
ставам буќет цвеќе,
но, твоето дело заслужува
многу повеќе.

Пред твојат биста
благодарност се лее
од уво до уво
насмевката твоја не грее.
Изработила : Ива Ситновска 8-1 одд.



Пофалени ученици се: Ангела Китанова 8-4 одд, Мила Јосифова 3-1 одд. Елеонора Манасиова 9-2 одд. Радмила Стоименова 7-2 одд. Дафне Тоевска 3-2 одд. Матеј Стоилков 4- 2 одд. и Мелани Ѓоѓиева 4-2 одд.
На сите учесници им благодариме за учеството и им посакуваме многу успеси во иднина.

Address

, ТОДОСИЈА ПАУНОВ, БР 95 КОЧАНИ МАКЕДОНИЈА
Kocani
2300

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОУ Малина Попиванова Кочани posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to ОУ Малина Попиванова Кочани:

Shortcuts

Share