01/09/2026
🏫 ООУ „Раде Кратовче“ денес ги отвори своите врати за уште една нова приказна... ❤️📚
Денес, со посебна радост и возбуда, ги пречекавме нашите најмали – првачињата, идните умни глави, но и сите ученици од II до IX одделение, кои повторно се вратија во своите училишни клупи.
За едни – првиот училишен чекор, за други – продолжение на патот по кој растат, учат, созреваат и ги остваруваат своите соништа. 🎒✨
Пред нас е нова година исполнета со знаење, предизвици, пријателства, успеси и спомени што ќе останат засекогаш во нашите срца.
На сите ученици им посакуваме среќен и успешен почеток, а на нашите наставници и сите вработени – нови сили, инспирација и мудрост во секој нов училишен ден.
Заедно чекориме напред. Заедно создаваме генерации. Заедно го градиме „Раде Кратовче“. ❤️
🙏 Искрена благодарност до претседателот на Советот на Општина Кочани, Александар Андов, за присуството на приемот и за подароците со кои ги израдува нашите првачиња.
🙏 Благодарност до претседателката на Училишниот младински клуб „Драгана Минова“, проф. Сања Павлова Димитрова, за поддршката и ангажманот.
🙏 Благодарност до Ауто Велт и Рики Јуниор за поддршката.
🙏 Благодарност до Општина Кочани за подароците за сите наши првачиња.
🍬 Благодарност до Винчини за слатките задоволства и радоста што им ја подарија на најмладите.
🌟 Благодарност до нашата стручна служба, психологот Евдокија Христиќ Насева и педагогот Верица Димитрова, за посветеноста и одличната организација на приемот.
👏 Благодарност и до техничката служба за целокупниот ангажман околу уредувањето и подготовката на училиштето.
Среќно, драги ученици!
Нека секој ваш чекор оваа година биде чекор поблиску до вашите соништа.