07/06/2017
В А Ж Н А И Н Ф О Р М А Ц И Ј А:
На денешниот состанок на Одборот на ФОНДОТ ЗА ТАЛЕНТИРАНИ И НАДАРЕНИ УЧЕНИЦИ беше потврдено дека наградени ученици за оваа учебна година ќе бидат:
ДАРКО СТОЈЧЕВ VIII б - за освоени:
- прва награда на државен натпревар по хемија и
- прва награда на државен натпревар по биологија и
ИВАНА ЈАКОВОВА IX а за освоена:
- втора награда на државен натпревар по англиски јазик.
Фондот за талентирани и надарени ученици во соработка со БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА собра средства со кои ќе се овозможи наградување на учениците со лап-топ компјутери. Дополнително, за освоените две награди на државни натпревари, ученикот Дарко Стојчев освен лап-топ ќе добие и таблет.
Од името на училиштето и учениците, ИМ БЛАГОДАРИМЕ на сите физички и правни лица кои донираа за фондот на талентирани и надарени ученици.
Училиштето ја цени многу нивната поддршка и социјалната одговорност која ја покажуваат кон стимулирањето на талентираните и надарени ученици во училиштето:
1. Уника Осигурување
2. Машинокоп
3. Митрев Шпед Еуропе
4. Томи Шпед
5. Ми-комерц
6. Плугин транс
7. Сити арт
8. Благоја Трајковски
9. Здружение на возачи ТИКВЕШ
10. Марјан Јованов
11. Ангропромет тиквешанка
12. МИ-БЕТ
Наша желба е наредната учебна година, да имаме многу повеќе награди на државни натпревари и соодветно на тоа и многу повеќе наградени ученици ! Се надеваме дека овие награди ќе бидат стимул повеќе како за учениците така и за наставниците.