Околината во која престојува детето влијае врз неговиот развој, затоа ние нудиме стимулативна околина која е добро подготвена за работа со најразлични материјали од неколку области.
Едукативниот центар „Скалило Плус“ е центар во кој секое дете може да го постигне својот полн потенцијал. Децата водени од својата сензитивна фаза на развој одбираат со кој материјал ќе работат и каде, што ја охрабрува нивната независност и иницијативност. Така тие учат подобро, поквалитетно и нивното знаење останува трајно. Учат со постојано и индивидуално темпо и брзо го совладуваат материјалот. Децата покрај индивидуалната работа, ќе работат во парови и групи. ВО НАШИОТ ЦЕНТАР НЕ ПОСТОИ КРИТИКА, ДЕЦАТА УЧАТ ПО ПАТ НА ОБИДИ И ГРЕШКИ.