👉Нова медицинска соба – поголема грижа за учениците
SOZSU "Gjorce Petrov"
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from SOZSU "Gjorce Petrov", School, Шишка 23, Kavadarci.
Средно Општинско Земјоделско Шумарско Училиште „Ѓорче Петров“ - Кавадарци
Струки: Шумарско-дрвопреработувачка, земјоделско-ветеринарна, медицинска, спортска академија за кошарка
30/05/2026
28/05/2026
Меморандум за соработка
Денес беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Горан Јаковлев, претседател на Здружението на семејни винарии, и Созшу Ѓорче Петров Кавадарци, со што се отвораат нови можности за заедничка соработка, развој и промоција на винарството и локалните вредности.
Со ова партнерство се поставуваат темелите за реализација на заеднички активности, поддршка на семејните винарии, унапредување на винската култура и создавање нови можности за младите и локалната заедница.
Потпишувањето на меморандумот претставува значаен чекор кон поврзување на искуството, традицијата и современите идеи, со заедничка цел – развој и афирмација на македонското вино и винскиот туризам.
Весник Ѓорче Петров Кавадарци
20/05/2026
15/05/2026
Денес во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ се одржа Отворен ден за идните средношколци. 😊
Им благодариме на сите ученици што нè посетија и покажаа интерес за нашето училиште, струките и активностите.
Се гледаме повторно во нашето училишно семејство! 💙
11/05/2026
Една прекрасна завршна екскурзија со учениците од III година при СОЗШУ „Ѓорче Петров“ – Кавадарци, исполнета со незаборавни моменти, смеа, дружење и прекрасни спомени ❤️
Италија и Франција – Азурен брег
Венеција • Лидо ди Јесоло • Милано • Кан • Ница • Езе • Монако • Монте Карло
Мај 2026 🇮🇹🇫🇷
Ова патување не беше само прошетка и разгледување нови места. Беше едно посебно доживување исполнето со дружење, учење, заеднички моменти, смеа и многу убави емоции. Заедно поминавме денови полни со радост, нови искуства и спомени што ќе останат засекогаш во нашите срца.
Горди сме на нашите ученици за нивното однесување, зрелост и енергијата што ја носеа на секој чекор од патувањето. Благодарни сме за секој миг поминат заедно, за секоја насмевка, фотографија и спомен што ќе нè потсетува на ова прекрасно патување.
Екскурзија која ќе ја паметиме засекогаш ❤️✨
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Telephone
Website
Address
Шишка 23
Kavadarci
1430