СОУ ,,Гостивар"

СОУ ,,Гостивар"

Share

Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from СОУ ,,Гостивар", School, Улица Ристо Оџаклиески бб, Gostivar.

Photos from СОУ ,,Гостивар"'s post 09/06/2026

Перото и зборот се најмоќното оружје, а способноста да се ракува со нив е вистинска уметност. ✒️📃

Нашите вешти творци и оратори се закитија со признанија за оваа умешност, со помош на инспирацијата и насоките на нивната професорка Жаклина Ѓорѓиоска.

Ева Дејаноска - второ место за најдобра литературна творба ✒️🥈

Ангела Ѓорѓиоска - второ место за најдобар оратор 🗣️🥈

Посебно се истакнаа и нашите рецитаторки Матеа Ристеска и Дарија Златаноска. 📚

Честитки за успесите и многу натамошни награди 🍀🍀

09/06/2026

📣 Уписи 2026

💻 Прво електронско пријавување на e-uslugi.mon.gov.mk:
12.06 - 15.06.2026

📑 Доставување на документите:
16.06 - 17.06 2016

📃 Објавување на ранг листа:
18.06.2026

🗞️ Потребни документи:
-извод на родени
-свидетелства од 6 до 9 одделение
-дипломи за освоени места на државни и меѓународни натпревари

Училишна комисија ќе ве очекува на сите датуми за помош при уписите од 12.06 до 17.06. 2026 од 08:00 часот.

Ве очекуваме 🍀🍀

08/06/2026

Доколку сѐ уште се двоумите дали гимназијата е вистинскиот избор за упис во средно образование проследете го видео записот на нашите поранешни ученици Боби и Елена 💯

Македонски студенти по архитектура учесници на реномираниот натпревар Saint-Gobain Architecture Student Contest 2026 07/06/2026

Вистински горди на нашата поранешна ученичка Анастасија Мојсоска, која е дел од тимот на македонски студенти по архитектура кои се избрани да бидат учесници на натпреварот Saint Gobain 2026 👏👏

Македонски студенти по архитектура учесници на реномираниот натпревар Saint-Gobain Architecture Student Contest 2026 Креативност, урбана визија и одржливи решенија за градовите на иднината - ова се елементите што ги дефинираа проектите на 21-то издание на Меѓународниот

Photos from СОУ ,,Гостивар"'s post 05/06/2026

🗣️ На Меѓународниот ден на детето, 1 Јуни, пред Собранието на Македонија се одржа изведба на социјален танц - театар на тема ,,Насилството во училиштата", подготвен и изведен од ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар, во организација на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ - Програма за мировно образование.

🎭 Преку танц и уметност учениците прикажаа една од многуте сцени на отфрленост, осаменост, понижување и насилство што секојдневно ги доживуваат во училиштата. Нивната изведба беше потсетник дека зад статистиките стојат реални деца, реални искуства и последици кои можат да остават длабоки траги врз самодовербата, менталното здравје и чувството на припадност.

👉 Преку својот настап тие побараа доследна примена на механизмите и протоколите за заштита од насилство во училиштата; навремено постапување по секоја пријава на насилство; поголема психолошка и психосоцијална поддршка за децата; поголемо учество на учениците и родителите во креирањето безбедна училишна средина; континуирано спроведување на мировно образование, ненасилна комуникација и развој на култура на почитување и прифаќање на различностите .

⚠️ Свесноста и препознавањето на насилството се првиот чекор, но за вистинска промена се неопходни континуирани, системски и долгорочни мерки за создавање училишта и заедници во кои секое дете ќе се чувствува безбедно, прифатено и почитувано.

💯 Во подготовка и изведба на перформансот учествуваа:

Михаела Неделковска
Андреа Ѓорѓиевска
Михаил Огњаноски
Дарко Петровски
Николина Тнческа
Ангела Ристоска
Анастасија Рафајлоска
Алексеа Симуноска
Дора Стефаноска
Иконија Серафимоска
Тереза Спасеска

Матуранти јубилејци од Гостивар: 60 години сложна генерација, емоции, вредности! | GPRESS. 03/06/2026

Вистинските вредности се безвремени.

Честито 60 години матура 🍀

Матуранти јубилејци од Гостивар: 60 години сложна генерација, емоции, вредности! | GPRESS. На истото место каде што пред шест децении ги испишувале првите страници од својата зрелост, повторно се собраа, овојпат со исполнети животни приказни, но и со спом....

Photos from СОУ ,,Гостивар"'s post 31/05/2026

И по 30 години сеќавањата на средношколските денови будат најубави спомени.

Photos from СОУ ,,Гостивар"'s post 31/05/2026

15 години генерациска средба, исполнета со носталгија за едни безгрижни времиња, сеќавања на бројните згоди и незгоди, убава енергија и позитивен дух.

Want your school to be the top-listed School/college in Gostivar?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Address


Улица Ристо Оџаклиески бб
Gostivar
1230