НАДИЦА ТРЕНЧЕВА
ГРАН ПРИ
Убивање
Се убиваме со зборови,
збор-ќор сокак,
збор ќорец.
Се убиваме со тишина,
во тишина, без зборови.
Се убиваме со погледи.
Погледот сече, боли, пече.
Се убиваме со допири
на погрешно место,
во погрешно време.
Се убиваме без допири,
нежности, блискости.
Се убиваме кога заспивме,
ако сонуваме без сон.
Се убиваме кога се будиме,
ако се движиме без ѕвон.
Се убиваме од љубов
ако е од срце.
Се убиваме без љубов
кога ја нема,
или ако сме ја спознале,
кога ќе ја снема.
Меѓународен Поетски Фестивал Литературни Искри - Гостивар
Традиционален меѓународен поетски Фестивал
,,Литерат?
Operating as usual
ДЕСАНКА НИКОЛОВА
ПРВА НАГРАДА
Сизиф или Диоген
Во сад од дрво и камен,
окован со филозофски пламен,
енигма остроумно тешка,
одговорот не успеав да го видам,
но имав избор, ме прашаа:
Сизиф или Диоген сакам да бидам?
Што има разлика си реков,
сите сме и Сизиф и Диоген на веков!
Од рамницата до врвот,
големиот камен го туркаме,
а можеме ли да го дотуркаме,
кога до врвот ќе стигнеме,
пак на почеток се враќаме,
во толпата, а сосем сами,
во луѓето човекот го бараме,
меѓу купот коски,
по коренот си трагаме.
Ах, што разбирам јас сирот поет,
човек сум на целиот свет.
И Сизиф и Диоген нека бидам,
дајте ми очи, човек во луѓето да видам!
СИЛВАНА ДИМИТРИЕВСКА
ВТОРА НАГРАДА
Оревот
Ноќта кога умре дедо ми, го сонував стариот орев,
ластар е што се разгранува и пушта длабоки корења,
длабоко под куќата во која се родени
сите наши починати татковци.
Закрила е, огин во огништето, колевка
во која растел дедо ми.
Го гледам како новороденче, го цица животот
на градите на старата мајка.
Таа му реди преданија наместо приспивна,
а нему во крвта пркос му се населува.
Му го гледам првиот збор и првиот чекор.
Потем е момче опашано со ѕвезди.
Гром е што трча смело по ливадите.
Се потпира на оревот, в гради чува гулабица.
Пазувите му мирисаат на косата на баба ми.
На усните му гори првиот бакнеж.
Телото му е огин што угоре се извива.
Столб е на кој се потпираат темелите на куќата.
Ноќта кога умре дедо ми,
ѕвездите се сокрија во својата маглина,
глува и црна темнина над покривите надвисна,
сенките се стопија со нашите чекори
и никој не гледаше каде оди и од каде доаѓа.
***
Денес е погребот.
Седам на старата пенушка и гледам -
го спуштаат ковчегот
ореово дрво во длабочината на јамата.
Почнувајќи од стапалата, низ мене растат
младите ластари и непоколебливо вишнеат.
Безволно забележувам:
Додека телото на дедо ми пред мене заминува,
во облаците зад куќата надоаѓа новата пролет.
МИРОСЛАВА БАДАРЕВСКА
ТРЕТА НАГРАДА
Стиховите
Го отклучив срцето
моја клетка златна,
ги ослободив стиховите
да летнат кон висовите.
Ги пуштив како река зборовите
да пловат бучно низ кањоните,
нека громко ги одгласуваат
на поетите стиховите.
Запалив светло во ѕвездите
смрагадни од небото,
со почит да го разнесат
писанието од срцето.
Низ вселената пуштив
да танцуваат буквите,
да остане за навек
заветот на поетите.
ВАЊА САВОВА
НАЈДОБАР СТРАНСКИ АВТОР
Продкрадваше се светлината
много бавно
по свещите на тайните вечери
във тъмните тунели на душата,
познала думите,
нарекли свои и пътищата,
и делата.
В началото бе слово.
И слово изначално
извиваше езика на блудната тълпа,
очите ѝ блуждаеха
и беше безпощадна –
за хляб и зрелища приветстваше смъртта…
Трохите
не нахраниха плебея,
пренесъл в жертва черната овца.
Животът
се събуждаше в неделя
във вените на земните дела.
Препев
Навлегуваше светлината
многу бавно
покрај свеќите од таинствените вечери
во темните тунели на душата,
познавајќи ги зборовите
именувајќи ги свои и патиштата
и делата.
На почетокот беше зборот.
И зборот првично го
свиваше јазикот на блудната толпа,
очите ѝ скитаа
и беше немилосрдна-
за леб и спектакли добредојдена смртта…
Трошките
не ги наситија многумината,
ја жртвуваше црната овца.
Животот
се будеше во неделата
во вените на земските дела.
ДАФИНА ГИЛЕВСКА
Што е љубовта?
Љубовта е писмо од небото пратено
на сите страсти страдањето скратено
Љубовта е во трнлива градина, кревката роза скриена
од сите вљубени моќната напивка испиена
Љубовта е сјајот во ноќта што свети
судбината што животот ни ја вети
Дали е љубовта навистина
бесценет бисер во недопрена школка
или само од твоето лице солзата во вид на болка
Љубовта е на вретеното острата игла
на сите надежи простор заѕидан со цигла
Љубовта е брод кој низ немирни води јура
вљубените патници ги носи до неизбежна бура
Љубовта е чувство што не може да мине
на мене и на тебе одамна срце ни кине
Покрај тоа што в пламен од каење гориме
Бог за уште една шанса го молиме
За нас од овој пороен дожд спас нема
сè што љубев ветрот ми зема
Ти за мене сега си само мината тема
всушност таен мотив зад секоја моја поема.
АНЕТА ВЕЛКОСКА - ОДА
Шербет збор-пелин срца отвора
Кога животот ќе се стуши
та ќе исчезнат сите камен – судии,
тие што се нарекуваат сродни души,
пишуваат писма со мирудии
Во длабокиот џеб на зборот,
отаде изворот
што се смешка, што се растекува,
во смислата на срцето,
јазикот што збори го опекува
Шербет збор – пелин срцата ги омекнува
Од сред азбуката на вљубените потекнува
Ти светиш, јас летам, од атер за утрото бесно,
едноок аскер нè чува во тесно
Налик на јарем, нè држи, нè гали,
жежок душман вредноста нѝ ја смали
Еј современици, без раменици,
погледнете на болката со пластеници
Од уроци ноќва ние блескаме,
со лажни зрачки на челата врескаме
сите придавки курбан ги пративме,
само со глаголи дома се вративме
Со шербет збор – пелин срца отвораше
и знам зијан не ќе бевме и двајцата
ако ти силно љубеше, а не мораше.
ГОРДАНА КАРАКАШЕВСКА
Неизвесност
1 јануари 2024 година.
Светот е страшно место, запишувам во бележникот.
Светот е ужасен, а животот е краток како сон.
Секако, моите родители ова не ми го кажаа
исто како што јас за ова не му кажав на мојот син.
Како доказ, црно на бело запишувам во бележникот:
Светот е ужасно место, а животот е краток како страшен сон.
Зад секоја среќа се крие страшна несреќа,
По секоја кажана невистина испливува голата вистина.
Во овој свет, за секој збор има друг збор,
секоја љубов има своја омраза.
За секоја слободна птица, има птица што пее затворена во кафез.
За секое убиено дете, има дете што си игра во Луна парк.
Моите родители го криеја ова од мене,
исто како што јас го криев ова од мојот син.
Секако, за сето тоа дознав откако заминав од дома,
исто како што дозна и мојот син.
Нова година, нови планови, нови почетоци.
Нови цели, нови одлуки. Желби
со добра мисла, хармонија и благосостојба да зачекориме...
Во што?!?
МИРА ГЕОРГИЕВСКА
БОСИТЕ НОЗЕ НА БАБА
Не беа тие нозе родени
за високи штикли и нежни сандали
да шетаат по салони и црвени теписи.
Тие нозе земјата ја милуваа
со голи стапала ја целиваа,
го слушаа пукотот на зрното кое р’ти,
го чувствуваа лелекот на росната трева
со лесен чекор погазена,
го впиваа мирисот на мајчина душичка
додека по ливади боси минуваа,
го слушаа шепотот на речниот камен
крај бистрите води на кладенец!
Со испукани петици молчешкум,
со восхит, низ стрниште газеа
кога зрно клас во сноп собираа,
со почит, во топла пепел претаа
кога под вршник погача печеа.
Тие нозе на баба, тие нозе...
Боси, испукани, измрзнати
цел ден земјата ја милуваа,
со неа валцер танцуваа
без калапи, стеги и ременчиња.
Тие нозе, тие боси нозе
газеа по најубавиот зелен тепих
распослан од љубов, во нивна чест.
ЕМИЛИЈА МАТАНИЧКОВА
Псалм за прастарата
Колку се тажни границите на денешните
човекови држави!
Колку ли птици меѓу нив безвизно летаат,
колку ли растенија се ендемични ваму и таму,
колку ли сомнителни листови паѓаат
на туѓа територија, без државен печат?
Како се именува оттука селото
што постои отаде?
Како се дели езерото на дропки
во цел свој базен од
риби, трски и школки
и како мравката прави престап
собирајќи трошки и плодови
од двете страни,
и како и штурецот и славејот
безобзирно се однесуваат,
за ушите од двете страни
и кој тоа ѝ рекол на пчелата
да собира полен од двете соседни ливади?
И какво е тоа безобразно распостилање на
ѕвездите без парафи,
каде хоризонтот не исцртува договори
од болните крици на пламени тела и
раселени сенки,
а мислата клокоти без картата и катастарот.
Сѐ што е избришано денес, веќе било
запишано во ветерот, гробовите и
многуте пластови земја.
АЛЕКСАНДРА ВУЈИШИЌ
Melatonin
Mom ocu nije trebao melatonin
za spavanje
i šta uopšte meni fali
prestara sam za bajke
ali taman u godinama
kada se kupuju ideali
molim Vas kilogram vjere
da skepsu spere
bagatela je sjajna stvar
Mojim precima nije trebao odmor
prva puška je pukla na Viru
i šta uopšte ja više tražim
i kako da me svi ostave na miru
kad im trebaju informacije
dobre vibracije
opijumi za nacije
i mudrosti za nove generacije
od mene se očekuje da učestvujem
Ženama u mojoj porodici
ništa nije mogla migrena
one su kuvale
u vatru duvale
bose obuvale
i često čuvale
sve ono od čega bježim
i šta uopšte ja hoću
kao pomahnitali pas
od dobra na zvijezde režim
Ne spavam
na prvom spratu
na drugom spratu
na vrhu
ili na dnu
Mom ocu nije trebao melatonin
za spavanje
on je umro u snu.
препев
Мелатонин
На татко ми не му требаше мелатонин
за да заспие
и што воопшто мене ми недостасува
престара сум за бајки
но токму во годините
кога се купуваат идеали
молам за килограм верба
да го одмие скептицизмот
багателата е одлична работа
На моите предци не им требаше одмор
првата пушка пукнала во Вир
и што воопшто повеќе барам
и како да ме остават сите на мир
кога им се потребни информации
добри вибрации
опиуми за нации
и мудрости за новите генерации
од мене се очекува да учествувам.
На жените во моето семејство
ништо не им можеше мигрената
тие готвеа,
во огнот дуваа
боси одеа
и често го чуваа
сето она од кое јас бегам
и што воопшто јас сакам
како излудено куче
од добрини на ѕвездите им `ржам
Не спијам
на првиот кат
на вториот кат
на врвот
или на дното.
На татко ми не му требаше мелатонин
за спиење
тој почина во сонот.
ИВАНА ГОШЕВА
Не тагувај
Не тагувај, мила,
секоја твоја солза е задоцнет копнеж,
секој твој врисок е нечиј молк.
Те сече слободата која е заглавена во фантазијата,
те сече хаосот во мирот,
те боли лузната,
но уште повеќе лагата која тогаш ја излечила, знам.
Те надразнуваат празните ветувања,
те надразнуваат задоцнетите подвизи за среќа,
те сече истата насмевка, што некогаш те радувала,
те болат зборовите, на тој што ги пресекол твоите.
Знам, мила.
Ти беше невина,
но, нека не те обесхрабрува тоа,
сите сме невини, додека не се појавиме пред судот на покајанието,
додека не нè заболи татнежот помеѓу раната и отровот,
додека не се соочиме со каењето и неповратот на изгубеното.
Не тагувај,
не враќај се кај задоцнетите возови,
не враќај се кај веќе потонатите бродови.
Ќе те пече, лузната,
ќе те враќа на местото од твојата илузија
ама ќе се излечи, колку и да ја притискаш таа тогаш нема да боли.
Не тагувај,
те чека изгрејсонце,
баш таму каде што со него го пушти змејот да полета во најтажното зајдисонце.
За секоја една девојка,
е оваа песна,
која не може да го врати,
она по кое пати.
Екслузивно со Вања Савова од Бургас, Р. Бугарија
НАЈДОБАР СТРАНСКИ АВТОР
НА ЕДИНАЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА ЛИТЕРАТУРНИ ИСКРИ
Л.И: Како се чувствувате по добивањето на оваа престижна награда на единаесеттото издание на Меѓународниот поетски фестивал ,,Литературни искри" ?
-Наградата „Најдобар странски автор” на единаесеттото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри” ме израдува и изненади имајќи ја предвид конкурентната авторска средина. За мене е чест да ја претставувам мојата земја. Чест е и да ги заслужам највисоките оценки од жирито, но најдлабоко е задоволството што мојата поезија ги допрела оние скриени, невидливи струни на душата, продрела во срцето и „проговорила” на својот јазик.
Л.И: Која е Вања Савова?
-Лекар сум по професија, семеен лекар, тоа е професија која ме држи „будна” ,
која ме збогатува духовно и ме прави емоционално сочувствителна со човечките судбини. Можеби се растоварувам преку творењето а можеби и не… не сум размислувала. Ги сакам зборовите, сакам да играм со нив и тие ме сакаат мене, ме преплавуваат без причина и во секое време се подредуваат во мене и едноставно треба да ги напишам, да им ги поправам фризурите, да држат за рака и… да се излеат.
Зборовите, точните зборови, во точно време…
Се чувствувам благословена што ги слушам и ги пренесувам преку моето творештво.
Издадов една збирка поезија – „ Третото око ” во 2016 година, истовремено во Бугарија и Македонија. Прашање на време е да се организирам и повторно да издадам, имам доволно песни.
За мене поезијата е израз на емоција на мој уникатен начин на изразување. Таа е мојата длабочина во која обожавам да нурнувам, таа е мојот лавиринт кој морам да го изодам за да се најдам себеси. Животните пресврти ме прават посилна и мојата поезија е во синхронизација со сè што сум доживеала.
Л.И: Кои се вашите најголеми влијанија во поезијата? Кои автори или дела ви оставиле најголем впечаток?
-Тука малку ќе ве разочарам. Мојот стил на пишување е малку поособен,почуден и многу често тешко разбирлив, ги сакам луѓето со сличен стил. Немам фаворити но во секој автор можам да најдам нешто што ќе ми предизвика „ Ах ” .
Л.И: Дали имате некоја посебна техника или ритуал кога пишувате поезија?
-Не, нема таква работа.
Доаѓа... пишувам одеднаш... и ставам точка. Исклучително ретко уредувам.
Л.И: Како ја доживувате балканската поетска сцена?
-Поезијата нема народност, нема граници. Таа има вредност а бидејќи има вредност вечна е. Балканската поезија е и ќе биде дел од светското наследство, иако моментално е занемарена како таква.
Л.И: Што би им порачале на младите поети кои допрва започнуваат да творат?
-На младите поети би им порачала:
,,Бидете свои, не обидувајте се да наликувате на некој друг. Бидете уникатни. Изразувајте се со сета убавина и смисла на зборовите. Најдете го својот стил. Поезијата се пишува а не се учи! "
Л.И: Кои се вашите планови за иднината?
-Планови... не сум приврзаник на планирањето, едноставно кога ќе дојде времето (многу релативен поим) ги реализирам моите идеи.
Можеби нова стихозбирка...
Л.И: Дали работите на нешто ново во моментов?
-Како што споменав во мојата творечка биографија, пишувам и проза, неколку раскази и еден роман - „Игри на судбината”. Работам (сè уште во подготвително-истражувачка фаза) на мојата замисла за роман во кој ќе се преплетуваат мистика и реалност, минато и иднина... дури веќе има и наслов - „Чуварката на портата”.
Фотографија на Дајана Попоска
ДИПЛОМИ
НА ЗАСТАПЕНИ ПОЕТИ
ВО ЗАЕДНИЧКАТА ПОЕТСКА ЗБИРКА
ЛИТЕРАТУРНИ ИСКРИ
ОД БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ
Заврши Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“: ГРАН ПРИ за Надица Тренчева Гостивар, 24 мај 2024 (МИА) – Со прогласувањето на најуспешните автори кои годинава учествуваа на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ денес во Гостив...
Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“: ГРАН ПРИ за Надица Тренчева На свеченото доделување на наградите во Центарот за култура АСНОМ поетесата Надица Тренчева од Ка...
ЧЕСТИТ ПРАЗНИК.
Почитувани,
нека ни е вечна и честита важноста на културното и јазичното наследство што ги оставија Светите просветители, браќата Кирил и Методиј.
Со нивните дела, нè научија на моќта на знаењето и важноста на образованието. Со гордост, благодарност и почит ја чествуваме нивната наука и настава.Нивните дела нека бидат вечен извор на инспирација и мудрост за нас и идните поколенија.
Слава им!
Убаво интервју пред утрешниот ден.
Разговор со Десанка Николова, поетеса: Денес има многу автори, но малку поети и писатели - Слободен печат Пред Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“, македонствуваме со поетесата м-р Десанка Николова, вработена во Сектор за книга во Министерството за ку....
Дванаесет финалистки ќе учествуваат на поетскиот фестивал „Литературни искри“ во Гостивар - Слободен печат Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ од Гостивар ги објави имињата на финалистите на единаесеттото фестивалско издание. По оценувањето на тричлен...
Излезе од печат поетската збирка „Литературни искри” Во пресрет на 11. Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри”, излезе од печат заедничката поетска збирка со авторите учесниц...
Click here to claim your Sponsored Listing.
Videos (show all)
Location
Category
Contact the school
Website
Address
БУлица Браќа Ѓиноски бб
Gostivar
1230
Gostivar, 1230
Kurse dhe Trajnime në gjuhën Italiane: - të gjitha nivelet A1- C2 - përgatitje për çertifikata PLIDA
City Center/kati I
Gostivar, 1230
Trajnime të gjuhës Gjermane për viza familjare A1, për viza pune A2, medicinë B1/B2, sudentë C1/C2
Ilindenska 167
Gostivar, 1230
Belediye teknik lisesi "Gostivar" Gostivar
Gostivar
Izcuvanje na Germanski jazik vo site nivoa. Priprema na Ispit za vo dvete institucii