02/06/2026
Во рамките на проектот „Социјално претприемништво“, Јана и Петар ја промовираа нашата социјална идеја „Youth Connect“ преку снимање подкаст во просториите на P***c -Aсоцијација за истражување, комуникација и развој.
Преку разговорот во подкастот, тие ги претставија целите и визијата на „Youth Connect“ – создавање можности за поврзување, соработка и активно учество на младите во заедницата.
Горди сме на нивната посветеност, креативност и желба да придонесат кон позитивни промени преку социјалното претприемништво.