СОУ „Методи Митевски - Брицо" - Делчево

СОУ „Методи Митевски - Брицо" - Делчево

Share

Современо европско училиште со јасно поставени стратешки цели! Средно општинско училиште "Методи Митевски - Брицо" - Делчево

11/06/2026
05/06/2026

📢 Известување за матурантите

Почитувани матуранти,

Ве известуваме дека на 06.06.2026 година (сабота) започнува тестирањето по англиски јазик и математика од Државната матура и Државната стручна матура. Потребно е да бидете пред училиштето најдоцна до 08:00 часот и со себе да носите документ за идентификација.

Списоците со распоредот на учениците ќе бидат објавени во петок на влезот од училиштето. Ве замолуваме внимателно да ги проверите списоците и да ги почитувате сите правила и упатства поврзани со полагањето.

На денот на испитот учениците:
👉НЕ СМЕАТ да внесат телефони, паметни часовници или други електронски уреди во просториите за полагање;
👉треба да се пристојно облечени;
👉штом влезат во испитниот простор треба да го следат лицето одредено од УМК до своето место за полагање;
👉треба да проверат дали нивните лични податоци се означени на клупата на која седат;
👉да ги следат насоките на тестаторот и набљудувачите.
Сите ученици можат да носат вода во мали шишиња.

Ви посакуваме успешно тестирање и одлични резултати!
Среќно🍀

05/06/2026

📢 Драги деветоодделенци,

Првото електронско пријавување во јунскиот уписен рок ќе се одвива:
🗓 од 12 јуни (00:00 часот)
до
🗓 15 јуни (23:59 часот) 2026 година

За сите кои имаат потреба од помош при електронското пријавување, училиштето ќе обезбеди поддршка во следните термини:

📍 12.06.2026 (петок): 08:00 – 17: 00 часот
📍 15.06.2026 (понеделник): 08:00 – 17 :00 часот

📅 Доставување на потребната документација во училиштето:
▪️ 16 јуни 2026 — од 08:00 до 19:00 часот
▪️ 17 јуни 2026 — од 08:00 до 15:00 часот

📄 Конечната ранг‑листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе биде објавена на
📅 18 јуни 2026, најдоцна до 12:00 часот,
📍 на огласната табла на училиштето и
🌐 на официјалната веб‑страница на училиштето.

Ве очекуваме! 🌟

04/06/2026

Наставничкиот кадар побогат со Наставник-ментор!

Со огромна гордост и задоволство ја споделуваме веста дека, по објавениот Јавен повик од страна на Министерството за образование и наука, професорката Роза Стаменковска е избрана во звањето Наставник-ментор.

Ова звање претставува официјално признание за нејзиниот долгогодишен труд, исклучителна посветеност, врвен професионализам во воспитно-образовниот процес и љубов кон учениците. Таа е пример кој инспирира и остава трага во образованието. Нејзината неуморна работа со учениците, континуираното усовршување и несебичниот придонес во училишната заедница денес го добиваат заслужениот епилог.

Училишниот колектив упатува најискрени честитки со желби за уште поголеми успеси, креативна енергија и инспирација во понатамошната работа. Ова признание не е само личен успех, туку и гордост за целото училиште кое продолжува да нуди врвен квалитет благодарение на своите мотивирани наставници.

28/05/2026

🖼️ Со почит кон традицијата и културното наследство, ученици од втора година од нашето училиште ја посетија музејската поставка во нашиот град. Преку изложените предмети и приказни имаа можност поблиску да се запознаат со историјата, традицијата и културното наследство.
Посетата беше инспиративно и поучно искуство кое кај учениците разбуди љубопитност и почит кон минатото.

25/05/2026

🥖 Твојата креативност и љубов кон храната може да станат професија! ✨
Создавај квалитетни производи, откривај современи технологии и изгради сигурна иднина во светот на прехранбената индустрија. 🧑‍🍳🏭
Оваа година нудиме образовен профил од прехранбената струка:
🔹 Прехранбен техничар – 4 годишно траење
🔹 Практична настава и современа лабораториска обука
🔹 Стекнување знаења за производство и контрола на храна
🔹 Креативна и перспективна професија
🔹 Можност за стипендија
🔹 Можност за вработување и напредок
🧳 УПИСИ 2026
Електронско пријавување: 12.06 – 15.06.2026 на uslugi.gov.mk
Доставување документи: 16.06 и 17.06.2026 во училиштето
✨ Од училница до успешна кариера 💙

24/05/2026

Со длабока почит кон делото на светите браќа Кирил и Методиј го одбележуваме денот посветен на словенската писменост, просвета и култура. 📖✨
Нивната визија и посветеност кон знаењето и образованието и денес се светол патоказ за генерациите што учат, создаваат и го негуваат мајчиниот јазик. 🌿🕊️
Нека празникот донесе мудрост, инспирација и верба во силата на образованието.
Честит 24 Мај!

23/05/2026

“ Кога историјата ќе тргне на пат, и машината се пали”

📚 Во силна конкуренција на денешниот Државен натпревар по историја, нашите ученици достојно го претставија училиштето и постигнаа солидни резултати. 👏
🏛️ Со знаење, труд и посветеност уште еднаш покажаа дека историјата се учи со љубов и истрајност. ✨

23/05/2026

🧵 Твојата креативност може да стане професија! ✨
Создавај мода, претвори идеи во уникатни креации и изгради сигурна иднина во светот на текстилството. 👗🪡
Оваа година нудиме образовен профил од текстилната струка:
🔹 Техничар за изработка на облека – 4 годишно траење
🔹 Практична настава и современа обука
🔹 Развивање на креативност и дизајнерски вештини
🔹 Можност за учество на модни ревии и проекти
🔹 Можност за стипендија
🔹 Можност за вработување и професионален напредок
🧳 УПИСИ 2026
Електронско пријавување: 12.06 – 15.06.2026 на uslugi.gov.mk
Доставување документи: 16.06 и 17.06.2026 во училиштето
✨ Од училница до успешна модна приказна 💙

Want your school to be the top-listed School/college in Delcevo?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Address


BUlica M. M. Brico 35
Delcevo
2320

Opening Hours

Monday 07:30 - 15:00
Tuesday 07:30 - 15:00
Wednesday 07:30 - 15:00
Thursday 07:30 - 15:00
Friday 07:30 - 15:00