Клик умна работилница

Клик умна работилница КЛИК е умна работилница за деца од 4 години до 9-то одделение со интерактивни часови по математика, македонски, природни и опшествени науки.

КЛИК е умна работилница за деца од 4 години до 9-то одделение. Тука децата го развиваат интересот и градат темели на знаењa и вештини од математиката, писменоста и јазичното изразување, природните и општествените науки и стекнуваат демократски и културен капацитет. Децата стануваат самосвесни и сигурни индивидуи способни критички да мислат и решаваат проблеми во образовниот процес и општествената средина.

Програмата во КЛИК Умна работилница е базирана врз долгогодишното искуство на Natural Math, САД; Сингапурската програма и Cambridge (Кембриџ) програмата адаптирана на наставниот план за формалното образование во Р.Македонија. Се реализира низ КЛИК едукативни игри и материјали, високотехнолошки нагледни средства и компјутерски програми.

Компетентноста на високо професионалниот кадар заедно со имплементирањето на методи на ефикасно и ефективно логичко размислување и учење, овозможува не само квалитетна едукација, туку и начин на усвојување на знаења кои го прават лесно разбирливо и совладливо натамошното образование.

Во зависност од возраста, потребата и интересот на вашето дете, нудиме посетување на неколку видови на работилници: редовна, напредна и специјализирана работилница.

Просторот во кој се изведуваат работилниците е на мирна локација. Безбедното дворно место овозможува и реализација на работилницата на отворен простор. Амбиентот е весел, прикладен за деца.

Парето кај Софија. Мудра ,женска година. Среќни да сте сите.
13/01/2026

Парето кај Софија. Мудра ,женска година. Среќни да сте сите.

13/01/2026

Традиционално си посакавме среќа и оваа година.

04/01/2026
Кога светот беше млад, животот мораше допрва да се учи. Сонцето почна да свети, па научи да изгрева и заоѓа. Водата науч...
02/01/2026

Кога светот беше млад, животот мораше допрва да се учи. Сонцето почна да свети, па научи да изгрева и заоѓа. Водата научи да тече, кога забележа дека може да си пробива нов пат. Ветерот беше тивок, беше никој и ништо, ама, сепак, некако узна дека може да дува. Луѓето мораа само да си ги отворат очите за да увидат колку сe` е убаво...
Оваа приказна нема крај, ама има почетоци, и тоа многу. (Ј.Шубигер)
Ви ги посакувам сите ѕвездено сјајни, обоени во ваши бои, единствени и свои.
Среќни почетоци, мили мои.🍀🍀🍀🍀🍀🍀🍀🍀🍀

02/09/2025

Средно образование
Математика
Физика
Хемија
Биологија
075245960

28/07/2025

---

🎨🧶 **КЛИК УМНА РАБОТИЛНИЦА** 🧶🎨
"Баба ми ДА, мајка ми НЕ, јас ДА! Одбирам да ПЛЕТАМ!"
4️⃣ август*
📞 **075 245 960**

🧠✨ Ова лето ја вткајуваме традицијата во нова нишка:
плетењето како алатка за креативност, ментален баланс и естетска самодоверба! Ова не е само плетка – ова ќе биде стекнато искуство, поврзување и ритуал со вредните жени на нашиот народ. Постигнете плетачка смиреност, концентрација и создадете автентичен стил!

👵👩‍🎓 Под раководство на Анита Стефановска, текстилен инженер и мајстор за ракотворби, ќе нурнеме во шарените кошници на бабите каде што се кријат вредности што не се учат од книга: трпеливост, ритам, финесa и длабоко чувство на припадност.

🧶🔁 Преку разновидни техники на плетење, ќе се вратиме наназад низ традицијата на плетење – не за да останеме таму, туку за да го омудриме и да го преформулираме современиот израз на модерен игрив танц на боите, конците и иглиците!
💡 Плетењето го активира мозокот како жива мапа – ги подобрува концентрацијата, моториката, емотивната стабилност!

💃🎀 Битолчанки отсекогаш биле префинети дами, елегантни и со староградски стил . Време е да го оживееме тој дух – низ плетење со игли, насмевки и шарени кончиња што раскажуваат приказни.

🎯 Местата се ограничени – резервирајте го вашето место на 📲 075 245 960 и дојдете да претвориме една обична попладневна нишка во живописна приказна со разнобојни нишки од котелци!

🧵💫 Плети, размислувај, расти!
#ПлетамЗначиФенсиСум
#КликРаботилница

Address

Lokacija 1/Gavrilo Radomir 58 Lokacija 2/2ri Avgust 15
Bitola
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Клик умна работилница posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Клик умна работилница:

Shortcuts

Share

Category