Образовен центар ,,Конзулче“

Образовен центар ,,Конзулче“ Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Образовен центар ,,Конзулче“, School, Улица ПРИЛЕПСКА Бр. 35/лам. 5 Битола, Bitola.

Работиме со мали групи и со соодветни материјали прилагодени за секое дете.
Програмата на ,,Конзулче“ е во склоп со училишната програма која вклучува пишување на домашни задачи и совладување на наставниот материјал за деца од предучилишна возраст до V одд

УПИСИТЕ ВО „КОНЗУЛЧЕ“ СЕ ОТВОРЕНИ! 📍 Пелагонка1, Битола📞 078 656 553
17/08/2026

УПИСИТЕ ВО „КОНЗУЛЧЕ“ СЕ ОТВОРЕНИ!

📍 Пелагонка1, Битола
📞 078 656 553

🇲🇰 За многу години големиот празник – Илинден! 🇲🇰🎉 Честит именден, Илина! 🌸Да си ни жива, здрава, среќна и секогаш насме...
02/08/2026

🇲🇰 За многу години големиот празник – Илинден! 🇲🇰

🎉 Честит именден, Илина! 🌸
Да си ни жива, здрава, среќна и секогаш насмеана! ❤️

Со оваа објава ги завршуваме нашите објави за оваа учебна година. Ви посакуваме убав летен одмор!
Следната наша објава ќе биде посветена на уписите за новата учебна година. Се гледаме повторно во септември! ❤️❤️❤️

❤️ Понекогаш е тешко да се пронајдат зборови кога срцето е преполно со благодарност.Од срце сакам да им кажам едно огром...
01/08/2026

❤️ Понекогаш е тешко да се пронајдат зборови кога срцето е преполно со благодарност.
Од срце сакам да им кажам едно огромно БЛАГОДАРАМ на сите родители за довербата, поддршката, почитта и прекрасната соработка во текот на целата година. Ви благодарам што ми го доверивте она што ви е највредно – вашите деца и што ми дозволивте јас да бидам нивната прва учителка и да ги направиме заедно нивните први чекори во светот на знаењето.
Со гордост можам да кажам дека овие мали дечиња денес заминуваат подготвени за едно ново поглавје. Заедно научивме букви, броеви, читање, пишување, собирање и одземање, но уште поважно – научивме што значат љубовта, почитта, другарството и меѓусебната поддршка.Верувам дека им поставивме цврсти темели врз кои ќе продолжат успешно да напредуваат во училиште.
Посебно ме радуваше тоа што другарствата не остануваа само во училницата. Беше прекрасно да гледам како и вие, родителите, создадовте едно убаво пријателство, а децата продолжија да се дружат и надвор од нашето Конзулче. Тоа е најубавиот доказ дека ова не беше само група деца, туку едно мало семејство исполнето со љубов, почит и заедништво. Искрено се надевам дека тие другарства ќе траат уште многу години.
Ви благодарам за секој убав збор, за секоја прегратка, за секоја насмевка и за неизмерната доверба што ми ја подаривте. Таквите моменти немаат цена и засекогаш ќе останат во моето срце.
На моите златни дечиња им посакувам среќен и успешен почеток во прво одделение, а вам, драги родители, ви благодарам што бевте дел од ова прекрасно патување.❤️

🎓❤️ Вчера беа доделени сертификатите и пофалниците на нашите идни првачиња.Тешко е да се опишат сите емоции што ги носеш...
01/08/2026

🎓❤️ Вчера беа доделени сертификатите и пофалниците на нашите идни првачиња.
Тешко е да се опишат сите емоции што ги носеше овој ден. Секоја генерација остава посебна трага во нашите срца, но овие мали големи луѓе засекогаш ќе имаат едно посебно место во моето. ❤️
Заедно научивме букви, броеви, читање, пишување, собирање и одземање… Но, покрај знаењето, заедно научивме да се смееме, да си помагаме, да бидеме добри другари и секој ден да растеме заедно.🌸
Неизмерно сум горда на секој еден од нив. 🥹
Нашата разделба беше полна со емоции, прегратки и по некоја солза… Некои од нив не сакаа да си заминат, а искрено, ни јас не бев подготвена да ве пуштам. 💕
Се надевам дека кога ќе пораснете, со насмевка ќе се сеќавате на вашата прва учителка. Ќе ми недостигаат нашите смешни разговори, детските муабети, секојдневните насмевки и, најмногу од сè, вашите искрени прегратки. ❤️
Секој ден кога си одевте дома, речиси секогаш ќе извикавте: „Учителке, прегратка!“ 🥹 И за миг сите ми дотрчувавте во прегратка. Токму во тие моменти знаев дека сум успеала да ве научам не само на букви, броеви и знаење, туку и на љубов, почит, добрина, другарство и доверба. Тоа за мене е најголемиот успех.
Ви благодарам, мои златни дечиња, што ми дозволивте да бидам дел од вашето детство. Од срце ви посакувам среќен почеток во прво одделение. Продолжете да сонувате, да учите, да бидете добри луѓе и секогаш да верувате во себе.
Ќе ми недостигате повеќе отколку што можете да замислите. Ќе ми недостига секоја ваша насмевка, секој разговор и секоја прегратка. Но, најмногу се надевам дека еден ден, кога ќе пораснете, ќе се сеќавате на мене со истата љубов со која јас секогаш ќе се сеќавам на вас.
Засекогаш ќе бидете моите златни дечиња. Ве сака вашата учителка. ❤️❤️❤️❤️❤️

Од семе до масло – учење низ игра! 🌻Денес нашите Мини Конзулчиња го запознаа сончогледот и неговото патување – од мало с...
29/07/2026

Од семе до масло – учење низ игра! 🌻
Денес нашите Мини Конзулчиња го запознаа сончогледот и неговото патување – од мало семе, до прекрасно растение од кое се добива вкусното сончогледово масло. 💛
Разговаравме за целиот процес – од садење, растење и цветање, па сè до добивањето масло.
🌻 Нашите сончогледи беа млади, па семките сè уште не беа целосно зрели. Поради тоа успеавме да пронајдеме само неколку штотуку оформени семчиња, што беше одлична можност да научиме дека и природата има свое време и дека за секој плод е потребно трпение.
💛 Најубавото учење е она што децата можат да го допрат, истражат и доживеат сами. 🌻

🐾🦁 Ден исполнет со авантура, смеа и детска радост! 💛Денес нашите Мали Конзулчиња ја посетија Зоолошката градина, каде шт...
28/07/2026

🐾🦁 Ден исполнет со авантура, смеа и детска радост! 💛
Денес нашите Мали Конзулчиња ја посетија Зоолошката градина, каде што имаа можност одблиску да ги видат и запознаат животните. 🦒🦓🐒

А зад секоја ваква авантура стои нешто уште повредно – довербата на родителите. ❤️
Да ни ги доверите вашите најмили е најголемата чест, но и голема одговорност. 🥹
Ви благодариме што ни верувате и ни дозволувате секојдневно да се грижиме за нив, да ги учиме, насмееме и да создаваме најубави детски спомени. ❤️
Вашата доверба ни значи бескрајно многу! 🌸

🎉 Среќен именден, Габи! 🌸Да си ни жива, здрава, среќна и секогаш насмеана! ❤️❤️❤️
27/07/2026

🎉 Среќен именден, Габи! 🌸
Да си ни жива, здрава, среќна и секогаш насмеана! ❤️❤️❤️

Малите моменти создаваат најголеми спомени. 💛Ти благодарам, Софи, за твојата љубов. 🥹💛❤️❤️❤️ КОНЗУЛЧЕ ❤️❤️❤️
24/07/2026

Малите моменти создаваат најголеми спомени. 💛
Ти благодарам, Софи, за твојата љубов. 🥹💛
❤️❤️❤️ КОНЗУЛЧЕ ❤️❤️❤️

🌾 Од зрно до леб – едно незаборавно доживување! 🍞Денес нашите мали вредни рачиња научија како изгледа патувањето од зрно...
22/07/2026

🌾 Од зрно до леб – едно незаборавно доживување! 🍞
Денес нашите мали вредни рачиња научија како изгледа патувањето од зрното пченица до миризливото и вкусно лепче.
🌾 Го разгледувавме класјето, ги вадевме зрната пченица и разговаравме како од нив се добива брашно. Потоа ги запознавме сите состојки потребни за подготовка на тесто и секое дете со огромна радост замеси свое лепче.
За крај, направивме и вкусни палачинки, кои децата сами си ги украсија и со задоволство си ги изедоа. 🥞❤️
Денес научија колку труд, време и љубов се потребни за едно парче леб.

📍 Пелагонка1, Битола
📞 078 656 553

Среќен роденден, Дарија! 🎂💖Да си ни жива, здрава, среќна и секогаш насмеана! 🌸Ни беше вистинско задоволство што беше дел...
15/07/2026

Среќен роденден, Дарија! 🎂💖
Да си ни жива, здрава, среќна и секогаш насмеана! 🌸
Ни беше вистинско задоволство што беше дел од нашата група Мини Конзулчиња. Горди сме што те испративме со многу знаење, убави спомени и насмевки.
Ти посакуваме безгрижно детство, многу успеси и сите желби да ти се исполнат! ❤️

📍 Пелагонка1, Битола
📞 078 656 553

Address

Улица ПРИЛЕПСКА Бр. 35/лам. 5 Битола
Bitola
7000

Telephone

+38978656553

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Образовен центар ,,Конзулче“ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Образовен центар ,,Конзулче“:

Shortcuts

Share

Category