08/03/2023
Огромна чест и задоволство ни беше што имавме прилика за 8 Март да ги посетиме резидентите на Домот за стари лица "Сју Рајдер" - Битола. Нашите ученици, членови на училишните бендови, преку песна ја испратија својата честитка. Заедно со учениците присутни беа и професорот по музичка уметност Владко Симоновски, како ментор на бендовите и училишниот психолог Елена Кузмановска, кои им посакаа најискрени желби за добро здравје на срдечните домаќини. Со песна и младешки полет успеавме да добиеме искрени аплаузи од оваа благодарна публика.
Целиот тим од Гимназијата со голем елан и пристапи на идејата да им го разубави секојдневието на овие прекрасни луѓе. Професорката по математика, Наташа Димитровска, со учениците од III година во склоп на Еко-часот изработија уникатни цветови во оригами техника на кои беа испишани пораки по повод Меѓународниот ден на жената.
Цвеќињата од хартија нив ќе им останат за спомен од нас, а наш спомен ќе бидат широките насмевки, разбудените емоции и присетувањето на деновите од младоста кои не нѐ оставија рамнодушни. Со желба за повторна средба, упатуваме благодарност за срдечниот прием од вработените и директорката на оваа институција.
Во оваа прилика сакаме да ви го честитаме Меѓународниот ден на жената и вам, драги дами кои го следите нашиот училишен профил!🌷