СОУ “Таки Даскало“ - Битола

СОУ “Таки Даскало“ - Битола Официјална страница на СОУ “Таки Даскало“ Битола

03/06/2026
01/06/2026
31/05/2026
СОУ ТАКИ ДАСКАЛО НА ОТВОРЕНИОТ ДЕН „ТВОЈ ИЗБОР-ТВОЈА ИДНИНА“СОУ "Таки Даскало" зеде учество на отворениот ден "Твој избо...
29/05/2026

СОУ ТАКИ ДАСКАЛО НА ОТВОРЕНИОТ ДЕН „ТВОЈ ИЗБОР-ТВОЈА ИДНИНА“

СОУ "Таки Даскало" зеде учество на отворениот ден "Твој избор - твоја иднина", што се одржа на 28.05.2026 година, на платото пред Офицерскиот дом, во организација на Општината Битола и Културниот и информативен центар ( КИЦ ).

Идните средношколци имаа можност да се запознаат со можностите и струките кои ги нуди нашето училиште: гимназиско образование и билингвална македонско-англиска гимназија и стручно образование геолошко-рударска и металуршка струка, сообраќајна, графичка, текстилно-кожарска, угостителско-туристичка, градежно-геодетска струка и лични услуги, како и со можностите кои ги нуди дуалното образование.

Исто така, деветтоодделенците се запознаа со бројните активности, проекти кои се реализираат во нашето училиште, како и со Еразмус проектите. Настанот беше збогатен и со настапот на нашиот бенд и нашите талентирани изведувачи.

29/05/2026

СОУ Таки Даскало дел од Отворениот ден "Твој избор - твоја иднина "

Со особена гордост споделуваме дека поезијата на нашите колеши Vesna Mundishevska-Veljanovska и Milica Radevska  беше де...
27/05/2026

Со особена гордост споделуваме дека поезијата на нашите колеши Vesna Mundishevska-Veljanovska и Milica Radevska беше дел од театарската претстава „Сонот на младоста“, изведена по повод патрониот празник на СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ Битола.
Текстот и драмската адаптација беа подготвени од Симона Петровска, професор по македонски јазик и литература и воедно поранешна ученичка во СОУ ,,Таки Даскало”, во нивна чест како изненадување и благодарност за нашите професорки, а стиховите на Весна и Милица добија нов живот преку театар, музика, движење и визуелна сценографија.
Поезијата на Весна Мундишевска Велјановска внесе силна симболика и современа филозофска мисла преку стиховите:
„На прагот на шумата на стресната свесност
релативна е и секоја динамичност
во бројната низа на вечноста
таа е минорна статичност.“
и:
„Во струјното коло на животот,
секој од нас е минувач
во позиција на отворен или затворен прекинувач.“
Низ играта на светлина, сенки и движење, овие стихови се претворија во визуелна поезија на сцената.
Емотивното финале беше изградено врз моќната и длабоко човечка поезија на Милица Димитријовска Радевска:
„Мене не ме боли каменот што го фрлаат по мене,
мене ме боли каменот што го носат во срцето.“
и:
„Ослободи го зборот од самиот збор,
така се раѓа уметноста…“
Токму преку овие и други бројни стихови, претставата заврши како силна порака за љубовта, човечноста и уметноста која останува да живее долго по аплаузот.
Горди сме што во колективот на СОУ „Таки Даскало“ Битола творaт вакви силни, благородни и инспиративни жени, чии зборови допираат далеку надвор од страницата - право до сцената и до срцата на публиката.

24/05/2026

СОУ "Таки Даскало" уписи 2026/27 - стручно образование

24/05/2026

СОУ "Таки Даскало" уписи 2026/27 - гимназиско образование

На 23.05.2026 година, на Филозофскиот факултет во Скопје, во организација на Здружението на историчари на Република Маке...
23/05/2026

На 23.05.2026 година, на Филозофскиот факултет во Скопје, во организација на Здружението на историчари на Република Македонија, се одржа Државниот натпревар по историја, на кој единствен претставник кој учествуваше од нашето училиште е ученикот Михаил Димитровски, од билингвалната паралелка втора 11, под менторство на професорот по историја Роберт Трајковски.

Address

Димитар Илиевски/Мурато бр. 37
Bitola
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СОУ “Таки Даскало“ - Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to СОУ “Таки Даскало“ - Битола:

Shortcuts

Share

Category