СОЕУ „Јане Сандански“

СОЕУ „Јане Сандански“ Младинската организација е ученичка организација.

Младинската Организација (МО) е ученичка организација составена од ученици во средното економско училиште „Јане Сандански“ во Битола и која се залага гласот на учениците да биде слушнат.

Главните цели на МО се:
- Зголемување на учеството на учениците во активностите на училиштето
- Зголемување на учеството на учениците во донесувањето на одлуките на училиштето за прашањата кои ги засегаат нив
- Промовирање и поттикнување на ученичкиот активизам
- Нудење на вон-наставни активности.

Младинската организација е составена од Собрание и Совет на МО.

Собранието е составено од 32 членови кои се претседатели и заменици претседатели на класови од прва до четврта година.
Членовите на собранието се избрани од Собранието.

Филип Етмишовски - Координатор
Антонија Поповска- Координатор
Виктор Атанасовски - Координатор
Александар Димовски - Координатор

СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ, ГЕНЕРАЦИЈА 2025/2026! 🎓✨​Денес нашиот училишен двор беше преплавен со насмевки и гордост....
13/08/2026

СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ, ГЕНЕРАЦИЈА 2025/2026! 🎓✨
​Денес нашиот училишен двор беше преплавен со насмевки и гордост.
СОЕУ „Јане Сандански“ ги испрати своите нови амбасадори на знаењето, младите луѓе кои со својот труд, посветеност и енергија оставија неизбришан белег овие четири години. 🥂📜
​Посебен поклон и најголеми аплаузи упатуваме до нашите гордости кои се истакнаа како ученици на генерацијата:
🔹 Нацов Бојан
🔹 Шишковска Изабела
🔹 Трајчевски Благоја
​Ви благодариме за сите заеднички успеси, врвни резултати и незаборавните спомени. Одете храбро по нови победи, вратите на вашето училиште секогаш ви се ширум отворени! Среќно матуранти! 🚀💙

ОД БИТОЛА НА МЕЃУНАРОДНА ЕКОНОМСКА СЦЕНА!​Нашиот блескав талент, Бојан Нацов, под менторство на посветената професорка С...
10/08/2026

ОД БИТОЛА НА МЕЃУНАРОДНА ЕКОНОМСКА СЦЕНА!

​Нашиот блескав талент, Бојан Нацов, под менторство на посветената професорка Соња Карапашовска, официјално тргнува во нов победнички поход!
​По огромниот успех на Националната економска олимпијада и освоеното високо трето место во конкуренција од преку 3100 ученици, Бојан сега е подготвен да ја освои и Меѓународната економска олимпијада во Античка Олимпија во Грција, која ќе се одржи од 10 до 14 август! 🏛️
​Заедно со уште четири врвни претставници од целата држава, избрани од Институтот Либерална алтернатива (ЛАИ), Бојан гордо ги бои боите на нашето училиште и Македонија на меѓународен план. 💪📈
​Бојане, ти посакуваме чекор до врвот, врвни резултати и остварување на сите цели – СЕКОГАШ ЧЕКОРИМЕ НАПРЕД И ПОБЕДНИЧКИ! 🚀🏆

08/08/2026

Со задоволство ви ги претставуваме новите училишни клупи и опрема, целосно подготвени да создадат поубава и поинспиративна средина за нашите ученици! Возбудени сме што започнуваме ново поглавје исполнето со современи услови за учење и дружење.

21/07/2026
🌿 Да ги поддржиме Зелени Пионери! 💚Нивната посветеност, труд и енергија се доказ дека младите можат да бидат двигатели н...
15/07/2026

🌿 Да ги поддржиме Зелени Пионери! 💚
Нивната посветеност, труд и енергија се доказ дека младите можат да бидат двигатели на позитивни промени во нашата заедница.

Горди сме што се номинирани за Награда за младинско учество во категоријата неформални групи на млади. Секоја поддршка значи многу!

Ви посакуваме многу успех – продолжете да инспирирате и да покажувате дека младинскиот активизам носи вистински резултати. 🍀👏

Линк 👇

https://s.surveylegend.com/-OxV29y5PzRlJTZTV4H7?fbclid=PAb21jcATEnw5leHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFwcF9pZA81NjcwNjczNDMzNTI0MjcAAafWZ7RqR44Yc3MmwOaZmivl9GW6dMftcn6Zu4wLJb5Os14AJWiSNopB_tu6RQ_aem_UPtm9nThpwY8wiriT718Qg

Со нова енергија за младите! 🎉Продолжуваме со унапредување на условите во Младинскиот и кариерниот центар. Обезбедени се...
10/07/2026

Со нова енергија за младите! 🎉

Продолжуваме со унапредување на условите во Младинскиот и кариерниот центар. Обезбедени се нови столчиња со интегрирани масички, нов мебел и дополнителна опрема, со цел да создадеме современ, функционален и пријатен простор за учење, обуки, работилници и развој на младите.

Инвестираме во подобри услови, затоа што инвестицијата во младите е инвестиција во иднината. 💙

Во периодот од 22 јуни до 24 јуни во хотел "Милениум" Битола, психологот Марија Јанкулоска и професорката по социологија...
25/06/2026

Во периодот од 22 јуни до 24 јуни во хотел "Милениум" Битола, психологот Марија Јанкулоска и професорката по социологија и граѓанско образование - Александра Ристевска беа дел од обуката
„Воспоставување на национален систем за превенција од употреба на дроги во училиштата“,
подржана од Евроспка унија, програма Европски инструмент за демократија и човекови права ( EIDHR). Обука „Јакнење на капацитетите на стручните лица за превенција од употреба на дроги во училиштата“

📌 СООПШТЕНИЕ: Обезбедување бесплатен превоз за учениците примени во прва година (учебна 2026/27 година)​Се известуваат с...
18/06/2026

📌 СООПШТЕНИЕ: Обезбедување бесплатен превоз за учениците примени во прва година (учебна 2026/27 година)
​Се известуваат сите ученици примени во прва година за претстојната учебна 2026/27 година кои живеат на оддалеченост над 2,5 км од училиштето, дека со цел навремено обезбедување на превозот, потребно е до училиштето да ги достават следните документи:
​📋 Потребни документи за доставување:
​Пополнета и потпишана изјава;
​Пополнета и потпишана согласност;
​Фотокопија од лична карта на родител/старател.
​📅 Рокови за доставување:
​Петок (19 јуни) и Понеделник (22 јуни)
​Во период од 08:00 до 15:00 часот
​Ве молиме да се придржувате до наведените термини со цел сите процедури да се завршат навремено пред почетокот на новата училишна година. 🏫🚌

Конечната ранг-листа за примени ученици во прва година (прво пријавување) за учебната 2026/2027 година! 📊📜​Им честитаме ...
18/06/2026

Конечната ранг-листа за примени ученици во прва година (прво пријавување) за учебната 2026/2027 година! 📊📜
​Им честитаме на сите полуматуранти кои од септември стануваат дел од нашето училишно семејство. Ве очекуваат години исполнети со знаење, дружење, иновации и многу успеси! 🚀💼

Address

Булевар 1-ви Мај
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 07:15 - 19:30
Tuesday 07:15 - 19:30
Wednesday 07:15 - 19:30
Thursday 07:15 - 19:30
Friday 07:15 - 19:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СОЕУ „Јане Сандански“ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category