03/06/2026
🇫🇷 Според Конкурсот за запишување ученици во I година во учебната 2026/2027 година, во СОУ Гимназија “Јосип Броз - Тито” Битола, имате можност да се запишете во Билингвална - франкофонска паралелка 🇫🇷
Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Франција, која се однесува на средните училишта со франкофонски двојазични паралелки, за упис во I година го нуди следното :
Член 4
(1) Учениците кои не го изучувале францускиот jазик во основното образование, но кои поседуваат доволно јазично ниво на француски јазик, потврдено од Францускиот институт во Скопје или Француските Алијанси во Битола и Тетово или се со стекната диплома ДЕЛФ минимум ниво А2, имаат право да се запишат во прва година во двојазична франкофонска паралелка без полаганье на јазичен тест.
(2) Учениците кои не го изучувале францускиот jазик во основното образование и немаат потврда од ставот (1) од овој член, имаат право да се запишат во двојазична франкофонска паралелка, со претходно полагање на jазичен тест.
(3) Јазичниот тест се полага во училиштето во кое ученикот се запишува во двојазичната франкофонска паралелка, а го изготвува училиштето.
🔹 За повеќе информации, Ве очекуваме во просториите на Гимназијата или пишете ни порака.
Билингвалната - франкофонска паралелка ви нyди бројни можности и предности во вашето образование, а подоцна и во вашата професионална кариера.
Добредојдени сте во нашето франкофонско семејство! 🇫🇷