07/09/2026
🎓 Искрени честитки до студентот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии-Битола Симеон Наловски, добитник на престижното признание „Инженерски прстен“ за 2026 година.
На свечената церемонија одржана на 4 септември 2026 година на Плаошник во Охрид, признанието им беше доделено на 14 најуспешни дипломирани инженери од државните универзитети.
🏆 Признанието „Инженерски прстен“ се доделува под покровителство на Претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
👏 Честитки, Симеон, за ова значајно признание и за постигнатиот успех!
👏 Честитки и до сите овогодинешни добитници, со желби за многу успех, среќа, професионални достигнувања и храбро чекорење кон нови предизвици!