ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола, Education, Димитар Влахов 32, Bitola.

Основно училиште „Ѓорѓи Сугарев“ (официјално: Основно општинско училиште „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола) — централно основно училиште во градот Битола, Општина Битола.
Училиштето е именувано по македонскиот револуционер, Ѓорѓи Сугарев. Основно училиште „Ѓорѓи Сугарев“ (официјално: Основно општинско училиште „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола; скратено: ООУ „Ѓорѓи Сугарев“) — централно основно училиште во градот Битола, Општина Битола.
Училиштето е именувано по македонскиот револуционер, Ѓорѓи Сугарев.
Се наоѓа во близина на ДТЦ „Шехерезада“ на ул. „Димитар Влахов“, бр. 32, а од центарот на градот е оддалечено само 4 минути.
Училиштето било отворено на 18 декември 1973 година и спаѓа во новите училишта во градот, понови се само ОУ „Елпида Караманди“ и ОУ „Св. Климент Охридски“. Тогаш имало 1200 ученици и 50 наставници.

🌞 Убави летни моменти и нови искуства за нашата ученичка Ајлин Асановска! 🇬🇷Со особена радост споделуваме дека Ајлин Аса...
18/08/2026

🌞 Убави летни моменти и нови искуства за нашата ученичка Ајлин Асановска! 🇬🇷

Со особена радост споделуваме дека Ајлин Асановска од 5-2 одделение учествува на летен камп во Кавала, Грција, овозможен преку Проект ,,Среќа" и Mondano Camp.

Кампот претставува прекрасна можност за дружење, стекнување нови пријателства, учење преку интересни активности и создавање незаборавни спомени. 💙

На Ајлин ѝ посакуваме прекрасен престој исполнет со радост, дружба и нови искуства! 🌊☀️

Горди сме на нашите ученици и на можностите што им овозможуваат да растат, учат и да бидат среќни! 🌟

#ПроектСреќа

17/08/2026
30/07/2026
24/07/2026

📆🙍🙍‍♀️ Во периодот од20.07.2026 до 23.07.2026г., во рамки на 56-те Илинденски денови, ученици од ООУ "Ѓорѓи Сугарев" Битола, заедно со нивните одделенски наставнички Горица Фердинанди и Елизабета Димовска, беа дел од детската ликовна работилница „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“.
🇲🇰🪄✨️ Традицијата продолжува да живее тогаш кога децата ја претвораат во своја приказна преку цртежи, рачни изработки со волница и учество во изработка на филм .👏

☀️ Летото кај нас не значи пауза – туку подготовка за нови почетоци.Во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ пристигнаа новите клупи и сто...
13/07/2026

☀️ Летото кај нас не значи пауза – туку подготовка за нови почетоци.
Во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ пристигнаа новите клупи и столчиња за кабинетот по германски јазик, обезбедени благодарение на грантот од Macedonia Schools Project во износ од 2.500 американски долари.
Искрено им благодариме за довербата и поддршката. Ова е само почеток... Наскоро ќе ви покажеме како ќе изгледа новиот простор за учење! ✨

08/07/2026
03/07/2026

📢 Со особена радост ја споделуваме информацијата дека нашето училиште е избрано меѓу 100-те основни училишта во Република Македонија вклучени во проектот „Училишта на 21 век – Фаза II“, кој ќе се реализира преку Министерството за дигитална трансформација, Британскиот совет и Македонски Телеком.🎉
💻 Целта на проектот е да ги зајакне капацитетите на одделенските наставници за интегрирање на критичкото размислување, решавањето проблеми, програмирањето, сајбер безбедноста и основните концепти на вештачката интелигенција во наставниот процес.
👩‍🏫 Во учебната 2026/2027 година, проектните активности ќе ги реализираат сите одделенски наставници кои ќе изведуваат настава во трето и четврто одделение.
📚 Во рамките на проектот, наставниците ќе учествуваат во сеопфатна програма за професионален развој, која вклучува обуки, современи наставни материјали и континуирана менторска поддршка. Преку овие активности, учениците ќе развиваат дигитални вештини, креативност, аналитичко размислување и иновативност – компетенции неопходни за успешно образование и живот во 21 век. 🌍✨
💙 Како училиште, остануваме посветени на воведување современи образовни практики и создавање инспиративна средина во која секој ученик ќе има можност да ги развива своите потенцијали.
#ООУЃорѓиСугарев #УчилиштаНа21Век #СовременоОбразование #ДигиталниВештини #ИновацииВоОбразованието

📽️🔬 Науката е најинтересна кога се доживува, истражува и споделува!На 29 јуни 2026 г., во CoSpace просторот при Студентс...
01/07/2026

📽️🔬 Науката е најинтересна кога се доживува, истражува и споделува!

На 29 јуни 2026 г., во CoSpace просторот при Студентскиот информативен центар на УКЛО, во синергија со Академскиот медиумски центар УКЛО КОЛОРС, се одржа целодневната работилница , како дел од активностите на европскиот проект „ГРИНСТАРС – Избери наука!“.

Нашиот ученик Јован Василевски и наставничката по информатика м-р Оливера Шиклеска-Грозданова беа дел од ова инспиративно искуство, каде заедно со ученици, наставници, професори и ментори кокреираа современи и креативни начини за доближување на науката до младите преку медиумски алатки и дигитално раскажување приказни.

Работилницата претставува значаен чекор во поттикнувањето на младите за креативно истражување и популаризација на науката. Тоа го потврдија големиот интерес, активното учество и позитивните впечатоци на околу 70 учесници, кои преку заедничка работа покажаа дека науката, технологијата и креативноста одат рака под рака.

Ваквите активности им овозможуваат на учениците да ги развиваат својата креативност, критичкото размислување, дигиталните и комуникациските вештини, а за наставниците претставуваат вредна можност за професионален развој, размена на идеи и воспоставување нови партнерства.

🙏 Благодарност до организаторите за укажаната доверба и можноста да бидеме дел од ова инспиративно патување. Со нетрпение ги очекуваме следните заеднички активности!

#ИзбериНаука #ИстражувачиВоШколи #ДигиталноОбразование #УКЛО #ООУЃорѓиСугарев #УчимеСоздавамеИнспирираме

30/06/2026

⛹️🏐🥅🏀⚽⛹️‍♀️

Address

Димитар Влахов 32
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 07:00 - 19:00
Tuesday 07:00 - 19:00
Wednesday 07:00 - 19:00
Thursday 07:00 - 19:00
Friday 07:00 - 19:00

Telephone

+38947222661

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола:

Shortcuts

Share

Category